Милан Делчев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Милан Делчев
Milan delchev.jpg
македонски револуционер
Роден 1883
Кукуш, денес Грција
Починал 12 јуни 1903
Неманци, денес Грција

Милан Делчев бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација [1][2].

[уреди] Биографија

Споменикот „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Делчев (20-и во втората колона).

Милан Делчев е роден 1883 година во Кукуш, тогаш во Отоманската империја. Се родил како трет син на Никола Делчев и Султан Делчев, а негови браќа се Гоце, Димитар и Христо Делчев.

Милан Делчев станал четник при војводата Крсто Асенов во 1901 година. На 20 јуни 1903 година [3], за време на Илинденското востание, Милан го изгубил контактот со својата чета и кај селото Неманци бил убиен од аскерот.

[уреди] Извори

  1. Дино Кьосев, „Гоце Делчев, Писма и други материали“
  2. Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
  3. Ванчо Ѓорѓиев „Слобода или Смрт: македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година“, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет, 2003.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици