Петар Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Георгиев
Роден 1880
Битола, Македонија
Починал 11 април 1905
Цер, Демирхисарско
За македонскиот композитор и текстописец видете Петар Георгиев-Калица.

Петар (Пецо) Георгиев (Битола, 1880 - Цер, Демирхисарско, 11 април 1905) — македонски револуционер, битолски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Георги Ацев, Наум Јосиф и Петар Георгиев.

Георгиев е роден во 1880 година во Битола. Завршува егзархиска гимназија во градот. Како терорист на ВМОРО ја спровел пресудата врз поп Ставре, на 18 август 1900 година во Битола (види Попставрева афера). Подоцна Георгиев станува четник и војвода.

Умира на 11 април 1905 година во Цер, Демирхисарско каде е опкружен заедно со Христо Узунов и Ванчо Србаков, се самоубива со целата чета.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 32.