Борис Мончев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Мончев
Роден 15 август 1881
Прилеп, Македонија
Починал 4 октомври 1942
Софија, Бугарија

Борис Василев Мончев, со псевдоним Борил, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, по војните се занимавал со политика во Бугарија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мончев е роден на 15 август 1881 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Тој бил син е на прилепчанецот Васил Мончев и брат на Георги Мончев. Во 1902 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1911 година - право во Женева. Во периодот помеѓу 1903 - 1905 година работел како учител во Солунската гимназија и истовремено бил член на Централниот комитет кој се самораспуштил на 13 април 1904 година [1].

Во 1905 година на Солунскиот окружен конгрес бил избран за делегат на Рилскиот конгрес на Организацијата. Мончев земал активно учество во создавањето на Сојузот на бугарски уставни клубови по Хуриетот. Учествувал во уредувањето на списанието "Искра" [2].

За време на Првата светска војна служел во 39 родопски пешадиски полк. Борис Мончев е пратеник во XIX (1920 - 1923) и XXIV (1938 - 1939) бугарско народно собрание.

Починал на 4 октомври 1942 година во Софија [3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 275.
  2. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 388.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 110.