Александар Китанов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Александар Китанов
AleksanderKitanov.JPG
македонски револуционер
Роден 1881
Лешко, Македонија
Починал 23 декември 1906
Русиново, Македонија

Александар Китанов, познат Санде или Сандо Ајдучки, со псевдоним Струмски [1], бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Sando Kitanov IMARO Leshko.JPG
Сандо Китанов и Даме кај Аматовското Блато

Александар Китанов е роден во Горноџумајско село Лешко, тогаш во Отоманската империја. Брат е на друг активен деец на Организацијата Петар Китанов.

Студирал во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Завршил во Скопското егзархиско педагошко училиште и работел како учител во Лешко, а од 1900 година во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Во Организацијата влегол уште како ученик. Во Горна Џумаја станал член на градскиот комитет.

Учествувал во аферата Мис Стоун во 1901 година. Станал илегален во четата на Христо Чернопеев. Подоцна бил четник со Гоце Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание Александар Китанов бил околиски војвода во Малешевијата и Кукушко. Го придружувал Даме Груев низ неговата обиколка низ Македонија.

Заедно загинале во борба со турскиот аскер на 23 декември [2] 1906 година кај селото Русиново [3] 1906 година край село Русиново.[4][5][6].

[уреди] Извори

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  2. 10 декември стар стил.
  3. 10 декември стар стил.
  4. Гоцев, Славе. „Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912“, стр.205-209
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 77.
  6. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 433 - 434.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици