Илија Крчовалијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Крчовалијата
Роден 1856
Крчово, Егејска Македонија
Починал 1918
Егејска Македонија

Илија Аргиров, познат како дедо Иљо или Крчовалијата — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Серската зборна чета во февруари 1903 година во пештерата Капи во близина на селото Крушево, Серско. Во првиот ред е Демирхисарската чета, Илија Крчовалията е прв од лево кон десно едната негова рака е надвор од кадар.

Роден е во 1856 година во селото Крчово, тогаш во Отоманското Царство. Потекнува од сиромашно семејство и од мал работи како овчар и слуга, бидејќи татко му и двајцата негови браќа се убиени од Турците, а неговата мајка умира од тага. Почнал да произведува јаглен, но откако е измамен од грчки трговец станува ајдутин. Четник е при Георги Зимбилев. Учествува во Кресненското востание во четата на Стојан Карастоилов. По поразот продолжува да се занимава со ајдутство. Во 1895 година е привлечен од Македонскиот комитет и учествува во Мелничкото востание.

Во 1897 година се приклучува на ВМОРО под влиание на Гоце Делчев, се откажал од арамиството и раководи чета од 6 луѓе во Серско и Демирхисарско. Од 1899 година е војвода во Неврокопско. Од 1902 година е демирхисарски околиски војвода. Во летото 1903 година е делегат на конгресот на Серско револуционерен округ од Демирхисарско. За време на Илинденското востание дејствува во родниот крај, на чело на зборната чета со Јане Сандански. По поразот на востанието доаѓа во судир со Сандански и е отстранет од Округот Од 1906 до 1908 година е пунктовен началник на ВМОРО во Рила.

По Хуриетот се враќа како легален во Крчово, но во 1909 година е уапсен заедно со Георги Башлијата и уште тројца четници и осуден на доживотен затвор поради подготовка на атентат врз Јане Сандански. Во 1911 година е амнестира. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година застанува на чело на дванаесеттата партизанска чета на Македонско-одринското ополчение, а подоцна служи во штабот на Четврта Битолска дружина. Награден е со орден "За храброст" IV степен.

Од 1913 година е пунктовен началник во селото Петрово, Демирхисарско.

Умира во Крчово во 1918 година [1][2].

Илија Крчовалията е татко на војводата на ВМРО, Димитар Илиев.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 383.
  2. Енциклопедия България, Том 3, София, Издателство на БАН, 1982.