Ванчо Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иван Михајлов Гаврилов
Vancho Mihaylov.jpg
Роден 26 август 1896
с. Ново Село, денес Македонија
Починал 5 септември 1990
Рим, Италија
Споменик во Борисова градина во Софија

Иван Михајлов Гаврилов (26 август 1896 - 5 септември 1990), познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко бил раководител на ВМРО. Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915). По Првата светска војна студирал право на Универзитетот во Софија, бил еден од основачите и прв претседател на Студентското друштво Вардар. По пристапувањето во ВМРО бил секретар на Тодор Александров, пунктов началник за Софија, а по убиството на Александров бил член на ЦК на ВМРО (1925), реизбран и по убиството на Александар Протогеров (1928).

Дејствувал за обединување и независност на Македонија, но како бугарска земја (со бугарско мнозинско население). Независноста на Македонија ја гледал од политички и државни цели, а не од национални потреби на македонскиот народ. На Пиринскиот дел на Македонија гледал како на основно јадро – Пиемонт за обединување на другите делови на Македонија.

Бил приврзаник на индивидуален терор, преземал терористички акции за ликвидација на опонентите. Во времето на неговото раководење на Организацијата во Пиринскиот дел на Македонија воспоставил, со согласност од бугарската држава, паралелна полуофицијална власт, претворајќи го во своја воена и финансиска база. Дел од собираните средства наменил за материјална помош на сиромашните, со кујни за бесплатни оброци за безимотните, за изградба на училишта, болници, поправка на локални патишта, стипендии за сиромашните ученици и студенти и др. Се ангажирал и за доделување земја и материјална помош на безимотните македонски бегалци.

Применил нова стратегија во борбата на ВМРО: изведување терористички акции и атентати со тн. тројки и петорки. Одржувал блиски односи со Владата на Бугарија, а имал поддршка и материјална помош и од Италија.

По 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ и соработувал со германските воени служби. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка.

По капитулацијата на Германија емигрирал во Австрија, потоа во Италија (Рим), од каде што одржувал врски со МПО. Починал во Рим. Автор е на спомени во четири тома и други публикации.

Тој е сметан за бугарофил од официјалната историска наука во Македонија и за деец на бугарското национално-ослободително движење во Бугарија. Иако Михајлов не признавал посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залагал за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.[1]

Рани години[уреди]


Дел од серијалот за

ВМРО
Независна Македонија - ВМРО.jpg
Автономистичка

Обиди за возобновување на ВМОРО

Магарешки атентати
ВМРО во Првата балканска војна
Македонско-одрински доброволни чети
Тиквешко востание
Охридско востание
Валандовска афера
Убиство на Јане Сандански
Единаесетта македонска дивизија

Тодор Александров

Атентат врз Ѓорче Петров
Атентат врз Стамболиски
Септемвриски убиства
Кадрифаковски масакр
Убиството на Александров

Иван Михајлов

Горноџумајски случувања
Атентат врз Димо Хаџи Димов
Масакрот кај Дабница
Атентат врз Велимир Прелиќ
Атентат врз Протогеров
Раскол во ВМРО
Марсејски атентат

VI Конгрес - с. Србиново
VII Конгрес - с. Крупник
VIII Конгрес - с. Тросково
Голем македонски собор

La Macédoine (1919 - 1922)
La Macédoine (1927 - 1933)
Вардар (весник 1911 - 1912)
Вардар (1929 - 1930)
Nouvelles Macédoniennes
Ослободување
Слобода или смрт (1924 - 1934)

држава во држава
Разузнавачка служба
Македонска парламентарна група
ММТРО

Протогеровисти
Михајловисти

Проект за разбирање
Платформна декларација
Протокол за обединување
Мајски манифест
Устав на ММТРО
Изгреј зора на слободата

Независна Македонија


Ванчо Михајлов е роден во Ново Село, Штип. Од 1910 година Ванчо бил ученик во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Малку пред Меѓусојузничката војна (позната уште и како Втора Балканска војна) го напуштил Солун и се вратил во Штип. Во 1918 година бил повикан како регрут во бугарската војска и служел во Софија.

Во 1919 се запишал на Правниот факултет во Софија. Истата година бил привлечен во редовите на ВМРО од Тодор Александров во Задграничното претставништво на организацијата во Софија. Во 1920 бил еден од основачите на Македонското студентско друштво Вардар и прв негов претседател.

Раководител на ВМРО[уреди]

Георги Поп Христов, Александар Протогеров и Иван Михајлов, по убиството на Тодор Александров

По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година, Тодор Александров бил убиен (31 август 1924) и раководството на ВМРО го презема Иван Михајлов кој се пресмета со своите противници. Во Благоевград Михајлов на ги кани главните македонски дејци на левицата на ВМРО и раководителите на Илинденската организација, и со помош на бугарската војска и полиција [2] ликвидирал десетици дејци на Македонската левица, меѓу кои и Арсениј Јовков. Посе тоа ги ликвидира војводите Ѓорѓи Поп Христов и Панчо Михајлов. Го наредува и убиството на Ковачев и Тодор Паница.

На 31 октомври 1927 година српската власт во Штип ги убива татко му Михаил Гаврилов и поголемиот брат Христо Михајлов. На 7 јули 1928 година по негова заповед бил убиен генерал Александар Протогеров.

На негова иницијатива во Женева од 14 јуни 1926 година започнал да излегува од печат весникот "Ла Маседоан". Исто така ги поткрепувал дејностите на Македонскиот Научен Институт во Софија, Македонската Патриотска Организација за САД и Канада и весник Македонска Трибуна.

На 21 јули 1928 година во село Крупник, Горноџумајско, е одржан Седмиот конгрес на ВМРО, на кој Ванчо е повторно избран за член на новиот ЦК. Во 1934 година учествувал во организацијата на убиството на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција. Избегал во Турција во 1934 година, по воениот преврат во Бугарија, кога ВМРО била забранета. Таму бил уапсен до 1938 година, кога бил пуштен и заминал со својата сопруга Менча Крничева во Полска.

По окупацијата на Полска, го добил правото да живее во Варшава. Кога била создадена независната Хрватска држава во 1941, се преместува во Загреб, кај својот верен пријател Анте Павелиќ, каде живеел до крајот на Втората светска војна. После војната живеел во Австрија, Шпанија и Италија. Таму има напишани доволен број на книги на македонска тематика.

Ванчо Михајлов умрел од природна смрт на 5 септември 1990 година во Рим, Италија.

Делото на Михајлов[уреди]

Иван Михајлов од официјалната македонска и комунистичката бугарска наука е сметан за најцрната личност во историјата на македонското револуционерно движење. Тој е човекот кој преку ликвидирање на највидните македонски револуционерни дејци, успева раководењето на ВМРО да и го предаде целосно во рацете на бугарската фашистичка клика. Михајлов е заслужен за убиството на десетици македонски и бугарски комунисти за време на таканаречените горноџумајски атентати.

Мисли[уреди]

Идејата за слободна и независна Македонија е толку голема; правдата. за којашто македонското население се бори, така очигледна; самата борба така сеоддајна и идеалистички водена; објективните странски познавачи на вистината за Македонија толку авторитетни и многубројни што за секој чесен човек е лесно да ја разбере таа вистина, а заедно со тоа и големината на непријателските аспирации кон Македонија. [3]

Наводи[уреди]

  1. Македонија Швајцарија на Балканот, Скопје 2001, Михайловъ, Иванъ. За самостойна Македония, Македонска трибуна, г. ХХІ, бр. 1065, 17 юли 1947, Михайлов, Иван. Избрани произведения, София 1993, с. 408, Катарџиев, Иван. Во Македонија се се повторува на еден или друг начин, Вест, год. 1, бр. 215, 24.01.2001
  2. Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год
  3. Македонија Швајцарија на Балканот

Надворешни врски[уреди]