Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
Корица на оригиналната верзија
АвторПетар Поп Арсов
ПреведувачПетар Стојанов  • Ванчо Ѓорѓиев
ЗемјаБугарија
Јазикстар правопис
Жанрнационалноослободителна
Издадена
прво издание: 1894 година во Софија

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници (стар правопис: Стамболовщината въ Македония и нейнитѣ прѣдставители) е брошура напишана по барање на Централниот комитет на МРО. Одлуката за нејзино создавање е донесена за време на Јануарската средба и притоа македонскиот нациналноослободителен деец Петар Поп Арсов бил задолжен да ја создаде. Брошурата е печатена во Софија од страна на Иван Хаџи Николов. Бидејќи постоела опасност по животите на нејзините автори, П. Поп Арсов се потпишал со псевдонимот Вардарски, а како место на печатење е означена Виена. Брошурата била напишана на бугарски јазик, притоа таа не била наменета само за Македонците, туку и за македонската емиграција и бугарите во Бугарија. Оваа брошура имала задача да ја разобличи политиката на Бугарскиот премиер Стефан Стамболов и црковно - просветната пропаганда на Бугарската егзархија во Македонија.[1]

Одлики на книгата[уреди | уреди извор]

Брошурата своето име го добила по премиер Стефан Стамболов.[2] Напишана е по барање на Централниот комитет на Македонската револуционерна организација. Бидејќи брошурата е создадена по нарачка на ЦК на Организацијата, а воедно нејзин автор е еден од основачите на самата спомената организација, од брошурата го дознаваме ставот на ЦК, а воедно и на самата Револуционерна организација, кон Бугарската пропаганда, а воедно и борбата која Организацијата ја започнала против таквата дејност.[2] Во Република Македонија меѓу првите анализи кон книгата дава Петар Стојанов во 1963.

За Стефан Стамболов[уреди | уреди извор]

Стамболов си беше помислил дека навистина тој е повикан од провидението за да ја игра улогата на бугарски Бизмарк... И само нема да му ракоплескаме, туку го осудуваме и со нас заедно треба да го осуди целиот бугарски народ, особено македонските Бугари, бидејќи и во овој свет бугарски идеал Стамболов примеси својот егоизам безумство... Тој тиранин, кој не остави ништо свето за Бугарина чисто, за задоволување на својата желба за власт посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, кој се поигра со честа, животот и имотот на своите сонародници во Кнежевството, посака да го направи истото и со нас Македонците, во сопствената наша татковина Македонија.[2]

За учебното дело во Македонија[уреди | уреди извор]

Дел од темата „Петар Поп Арсов

Македонците, кои не можеле да поднесат: како се подигруваат со судбината на нивната татковина... јавно зборувале дека учебното дело во Македонија ... го туркаа(т) кон пропаст.[2] Тие истакнувале дека треба да се работи:

така што општините лека - полека сами да ги поддржуваат училиштата и да се дава предност на месната интелигенција, од чијашто средина да се избираат и учителите и директорите и архимандритите и владиците... дека училиштата со еден збор, како што се поставени сега, ги немаат предвид интересите на таа земја за која навидум постојат.[2]
ние немаме училиштен одел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишнотро дело во Македонија, (а имаме б.н) просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача... задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата - да создаваат во Македонија Бугари![2]

За бугарските учители[уреди | уреди извор]

граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај (Михаил б.н) Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот - нели?... и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме.[2]

Учителскиот кадар во Солунската егзархиска гимназија се делел на три групи: привилигирани северњаци, благоразумни, неблагонадежни и сепаратисти.[2] (Првите б.н) како пионери на бугарската идеја... раководени во Солун од (Михаил б.н) Сарафов... се господари во Солунската гимназија и слободни се секојдневно да фрлаат по некоја навреда... Ние ве храниме, храни куче да те лае.[2]

За Егзархијата[уреди | уреди извор]

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет
Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува... сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин - се гледа во нашата народност[2] (се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин... да го стави народниот бугаро-македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез... да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш[2]

За бугарската пропаганда[уреди | уреди извор]

Ни даваат пари за да не убијат... По ѓаволот тие пари, ако нашите општини, убивајќи ги, уште и не ги веруваат, па им натрапуваат семожни претседатели, владици, директори, учители и сл. за да ги контролирале (?!) сумите-единствениот мотив на бугарската пропаганда... Да, бугарска пропаганда![2]

Повик до Македонците[уреди | уреди извор]

Македонската револуционерна организација преку брошурата ги повикува:

напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините... (бидејќи тие се б.н) единствен наш парламент, каде се закрепнувал и зачувал стариот демократски словенски дух на нашиот народ... единствена народна институција, која ја зачувале нашата националност и човечка физиономија во петстогодишниот период.[2]

Критики[уреди | уреди извор]

Веднаш по излегувањето на книгата, во Бугарија имало силни реакции кон истата. Меѓу првите кои јавно ја критикувале бил Димитар Матов, потоа книгата била анализирана во списанието „Бугарски преглед“ во 1895. Авторите биле обвинети за предавници на својата народност, изроди на општеството и дека се поткупени.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
  3. Ив. Иванов, Состојбата на Бугарите во Македонија, Софија, 1895

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]