Солунски конгрес од август 1905 година

Од Википедија — слободната енциклопедија

Солунски конгрес од август 1905 е окружен когрес на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, овој конгрес бил еден во цела низа на окружни конгреси по Илинденското востание на кој биле разгледани голем број на прашања од внатрешен и надворешен аспект кој ја засегале Организација [1].

Работа[уреди | уреди извор]

Конгресот со својата работа започнал на 10 август 1905 година и траел три дена. Одлуките кои биле донесени на овој Конгрес се однесувале во целина на Организација и имале далекусежно влијание [1] иако конгресот имал регионален карактер односно на него присуствувале дејци од Солунскиот округ.

Конгресот разгледал голем број на прашања за дејноста на Организајата и прашања што ја засегале Македонија.

Особено било посветено внимание на меѓународниот аспект кон македонското прашање, одностот на Европа и балканската држави кон идејата за автономија на Македонија.

Била нагласена самостојноста на самата Организајата и придобивките од тоа [1].

Решенија[уреди | уреди извор]

Идна организациска дејност[уреди | уреди извор]

Конгресот од својата работа ја посветил на идната дејност и се побарало Организајата да има точно определена програма и да се води сметка за идното можно востание.

Тоа не требало однапред да се определува и на него да се гледа како крајно средство.

Организацијата треба да го подготвува народот за револуција и дополнително засилување на организациската агитација меѓу христијанското и муслиманското население кое се наоѓало во слична положба.

Конгресот изнел критика за големината на четите и нивната дејност низ селата [1].

Било нагласено придружувањето кон веќе постројните статути и било побарано да се изработи еден општ внатрешен правилник за уредување на Организајата, сите управни институции требало да си ја задржат автономноста, а крузите да бидат независни.

Дејноста на сите окрузи требало да биде кординирана од едно централно тело.

Однос кон Егзархијата[уреди | уреди извор]

Конгресот побарал да се ограничи влијанието на Бугарската егзархија и егзархиските установи да бидат заменети со народни. Дополнително на тоа се поставило барање за задолжително образование на децата и тоа да биде посебна грижа на самата Организација.

Однос кон пропагандите[уреди | уреди извор]

Конгресот ги осудил туѓите пропаганди и нивните завојувачки намери кон Македонија и се отфрлиле сите надворешни мешања во работите на Организацијата и македонското националноослободително движење [1].

Борис Сарафов[уреди | уреди извор]

Конгресот нагласил дека Борис Сарафов поради својата дејност како и другите кои според Конгресот се огрешиле кон делото да се казнат.

Значење[уреди | уреди извор]

Конгресот разгледаал голем број на прашања кој го засегале македонското ослободително движење, бил направен обид за поставување на основа врз која би дошло до зацвртување на Македонска револуционерна организација но анагонизмот меѓу внатрешните дејци само се зголемил со тенденцијата за казнување на сите кои згрешиле на каков било начин кон делото, а во овој случај станувало збор за неистомисленици.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година