Цончевисти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет
Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Цончевистите биле приврзаници на Иван Цончев од ВМК, личности што ги обединувале заедничките симпатии кон неговата личност и дејност [1].

Идеологија[уреди | уреди извор]

Цончевистите се тесно поврзани со Врховизмот, тие сметале дека Македонија и Одринско ќе бидат ослободени не со општо востание, туку со помош од страна на Бугарија и нејзината војска.

Иван Цончев

Револуционерен лист во јуни 1905 година истакнува:

... А што претставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, претставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред сè против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како одделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го претставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари...[2]
види: Врховизам

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)
  2. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981