Сарафисти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата „Борис Сарафов

Сарафистите биле приврзаници на Борис Сарафов од ВМК и од ТМОРО, личности што ги обединувале заедничките симпатии кон неговата личност и дејност [1].

Поделба на Врховниот комитет[уреди | уреди извор]

Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Борис Сарафов во 1899 година застанал на чело на Македонскиот комитет со помош на Ѓорче Петров. Целта на Задграничните претставници била индирекно да се преземе Комитетот и затоа тие го поддржале Сарафов.

Борис Сарафов

Тој и неговите приврзаници, офицерите, постигнале спогодба со ЗП дека Македонскиот комитет нема да презема ништо без согласност на Гоце Делчев и Ѓорче Петров и во првиот свој мандат Сарафов давал морална и материјална поддршка за ТМОРО.

Меѓутоа тоа имало своја позаднина. Борис Сарафов сакал да го преземе целото македонско национално движење во свој раце. Односно да застанае на чело на Македонскиот комитет и Централниот комитет на ТМОРО.

Затоа Сарафов уште додека се формирал Врховниот комитет од 1899 година постигнал тајна спогодба со полковникот Иван Цончев и подполковниците Стефан Николов и Атанас Јанков.

Оваа спогодба предвидувала Цончев да поднесе оставка на офицерската должност и да застане на чело на Врховниот комитет, а Борис Сарафов со 15-16 офицери да навлезе во Македонија како нелегален и да го заземе Централниот комитет, а со планот било предвидено во Македонија да се крене востание, Сарафов да дејствува однатре, а Цончев со поголеми сили да навлезе од Бугарија во Македонија, слично како за време на Мелничкото востание, но сега требало да имаат и внатрешни сили. Но поради сплет на случувања до реализација на овој план не дошло.

Кон крајот на 1900 година положбата Сарафов на чело на Врховниот комитет се искомплицирала поради аферата Михаљану. Затоа во декември 1900 година, согласно претходниот договор Сарафов го повикал Иван Цончев да поднесе оставка на офицерската должност и да застане на чело на Врховниот комитет, по што Цончев се нашол во Софија.

Меѓутоа Сарафовите блиски и познаници од владата:

Ги потскокоткаа неговите лицни интереси по што тој го променил решението сметајќи дека е доволно силен да владее со се [2]

Затоа дошло до поделба на Врховниот комитет на Сарафисти и Цончевисти.

Идеологија[уреди | уреди извор]

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Меѓутоа причините за расцепот биле подлабоки. Борис Сарафов во интервјуто со Амфитеатров во 1901 година истакнал дека:

Автономната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинант? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македонската граница и да водиме чети? Не фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанат... го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија [3]

Српскиот дипломатски претставник во Софија, кон крајот на март 1902 година истакнал дека новата врховистичка провокација во Македонија е резултат на судирот кој настанал меѓу поранешното и актуелното раководство на Македонскиот комитет, како и различните погледи за решавање на Македонското прашање. Според него:

Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и прсетваник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност [4]

Меѓутоа истиот тој српски претставник истакнал дека:

Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде под сизеренство на Султанот. И токму затоа што не сакаат да допшуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата - Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите б.н). Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот прврзаник на Каравелов [2][4]

Овој извор јасно истакнува дека определбите на Сарфов биле програмски поблиску до ТМОРО и не се вклопувале во актуелната бугарска политика и тоа било причината за падот на Сарафовиот комитет [2].

Историски погледи[уреди | уреди извор]

Постарата македонска историографија, Борис Сарафов и неговите приврзаници ги вбројувала во дејците кои се залагале за создавање на Санстефанска Бугарија, меѓутоа денес таквото стојалиште се напушта и јасно се истакнува дека Сарафистите се залагале за создавање на Самостојна македонска држава.

Врз основа на историските документи и факти може да се заклучи дека и покрај ставот на Сарафов за самостојна Македонија, неговото делување како и делувањето на неговите прврзаници е негативно врз целото македонско револуционерно движење.

За тоа постојат повеќе причини. Главна водителка во дејноста на Сарфов била неговата амбиција, односно тој сакал да го преземе целокупното македонско револуционерно движење во свои раце. При остварувањето на оваа цел Сарафов презел цела серија на дејствија кој негативо се одразлиле врз ТМОРО и движењето.

Имено во 1899 година со посреднишво на ВМОК, односно Борис Сарафов, доаѓа до слевање на Бугарското тајно револуционерно братство во ТМОРО што се покажало како погубно за целото македонско национално ослободително движење.

Сарафов од своја страна пак во критичните моменти ја прекинал својата помош за ТМОРО и дирекно придонел да дојде до ослабнување на Ораганизацијата и полесно продирање на Врховизмот во Македонија.

Сарафов подоцна со поддршка на Гоце Делчев бил рехабилитиран и ставен на располагање на ТМОРО и во текот на Илинденското востание заедно со Даме Груев ќе се најде во Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ. Меѓутоа и тогаш Сарафов делувал негативно, имено тој го зел знамето на ГШ и го однел во Софија.

Сите постапки на Сарафов неминовно довеле во 1907 година да биде ликвидиран по наредба на Јане Сандански.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  3. Право,I/34,8.07.1895.
  4. 4,0 4,1 АМ, ПО, мф. 454, пп. бр. 1109, 27.03.1902.