Црква „Свети Стефан“ Истанбул
| Црква Свети Стефан Aya Stefan Bulgar Kilisesi |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Истанбул, Турција |
| Координати | |
| Религија | Христијанство |
| Осветен | 1898 |
| Мреж. место | www.svstefan.com |
| Архитектонски опис | |
| Архитектонски тип | црква |
| Завршено | 1896 |
| Карактеристики | |
| Материјали | железо |
Црквата Свети Стефан (бугарски Български православен храм паметник св. Стефан, турски Aya Stefan Bulgar Kilisesi) е бугарска православна христиjанска црква, која се наоѓа во Истанбул, Турција. Пред 1912 година таа била главниот храм на Бугарската Егзархија. Позната е и како Железната црква (бугарски Желязната църква), бидеjки е целосно изградена од железо.
Изградба[уреди]
На 25 јуни 1890 година со султански ферман на Бугарската Егзархија била дадена дозвола да изгради нов храм недалеку од местото на поранешната мала Дрвена църква. Бидеjки теренот не бил безбеден, архитектот Ховсеп Азнавур направил предлог храмот да биде изграден целосно од железни елементи, а не со традиционални материјали. Тендерот за изработување на деталите на црквата бил добиен од фирмата Рудолф Филип Ваагнер од Виена независно од тоа што таа немала поранешно искуство во градењето на железни објекти за јавна религиозна служба. Ваагнер сепак веќе имала немал авторитет в областа на железните конструкции.
Првиот камен бил ставен од Егзарх Јосиф I на 27 април 1892 година. Елементите со општа тежина 500 тони биле изработени во Виена меѓу 1893 и [[1896] и биле пренесени до Цариград с бродови по Дунав и Црно море. Нивниот општ броj е околу 4 милиони. Асемблирањето било завршено на 14 јули 1896 година, а храмот бил осветен на 8 септември 1898 година од Егзарх Јосиф I.
Архитектурните стилови на екстериорот се необарок, неоготика и византиски стил. Интериорот има одредени ар нуво елементи, а олтарот бил нарачан од Русија и поточно од фирмата на Николаj Ахапкин од Москва.
Во дворот на црквата се погребани многу познати историски фигури, меѓу кои се црковните дејци Иларион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски и Партенија Зографски.
Галериjа[уреди]
-
Црквата денес, сликана од Златниот Рог
Наводи и надворешни врски[уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Црква „Свети Стефан“ Истанбул“ |
- Општи информации за црквата (бугарски)
- The St Stephen Foundation (англиски) (бугарски) (турски)
- Извештај од бугарското национално радио (бугарски)
- Слики (incl. detail photo) (англиски)
Страница на Фондациjа "Бугарски православен храм Св. Стефан" во Цариград. (бугарски) (англиски) (турски)
- Благовеста Иванова. Църквата "Св. Стефан" край Златния рог и нейните събратя
- Благовеста Иванова, Ради Ганев. "Желязото" и стоманата в храма "Св. Стефан" в Истанбул
- Благовеста Иванова. Неосъщественият каменен храм "Св. Троица" на брега на Златния рог и архитектите Фосати
- Благовеста Иванова. Българските старини в Цариград
- Blagovesta Ivanova, Radi Ganev, Milosh Drdacky. Architectural, Material and Damage Survey of the Bulgarian Metal Church of St. Stefan in Istanbul