Георги Баласчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Георги Баласчев

Георги (Ѓорѓи) Баласчев (10 април 1869 во Охрид - 4 октомври 1936 во Софија) е историчар и публицист од Бугарија со потекло од Македонија[1].

Познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на Младата македонска книжовна дружина, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за лозарското движење: „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци...” (Софија, 1890).

Како човек, коj живееше во Бугарија, Баласчев не еднаш го креваше гласот во полза на својата поробена и подоцна раздробена татковина.

Учил во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Во периодите 1899-1902, 1904-1908 и 1924-1934 бил учител во Софиjа, во 1902-1903 бил уредник во Археолошкиот музеj во Софиjа, во 1919-1923 во Етнографскиот музей во Софиjа, а во 1934-1936 бил инспектор во бугарското Министерство за образование.

Дела[уреди]

Насловите на делата се дадени во оргиналот како што се објавени.

  • Неколко кратки летописни бележки по състоянието на западните македонци за първата 45 годишнина на настоящий век (1890)
  • Нови известия за черковното ведомство на Видинската и Софийската епархия през първите години на тяхното завладяване от турците (1901)
  • Бележки върху веществената култура на Старобългарското ханство и основанието му в Европа (1902)
  • Бележки върху изкуството в българските земи през средните и по-нови векове (1920)
  • Най-старата словенска държава на Балканския полуостров през VII и VIII в. и нейният етнически състав (1924)
  • Българите през последните десетгодишнини на десетия век и първите от единадесетия в 2 ч. (1927 и 1930) и др.

Извори[уреди]

  1. Петър Чолов, "Български историци. Биографично-библиографски справочник", Академично издателство "Проф. Марин Дринов", София, 1999, стр. 25.

Литература[уреди]

  • Глушков, П. Георги Баласчев, Минало, 1942, № 9-10, с. 81-96;
  • Научните трудове на Георги Баласчев, Минало, 1942, № 9-10, с.11-15;
  • Чолов, Петър. Български историци, Биографично-бибилиографски справочник, София 1999, с.25

Надворешни врски[уреди]