1 ноември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1512  Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за првпат ѝ е претставен на јавноста.
1755  Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе.
1943  Единици на бартаљонот „Мирче Ацев“ по двочасовни борби со германските единици и со балисти по вторпат го ослободуваат Кичево.
1946  Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1952  Американците ја активираа првата пробна водородна бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан.
1954  Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1973  Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
1981  Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија.
1993  Стапува во сила Мастришкиот договор, со што се создава Европската Унија.
1998  Создаден е Европскиот суд за човекови права.
2002  Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.