Јордан Венедиков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венедиков

Јордан Венедиков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јордан Венедиков е роден на 15 јануари (27 јануари нов стил) 1871 година во селото Бања. Брат е на Димитар Венедиков и татко археологот Иван Венедиков. По Берлинскиот конгрес неговото семејство се преселува во Софија, главниот град на новоформираното кнежевство Бугарија, каде што татко му има работилница за сапун и свеќи уште од 1865 година. До 5-ти класа, Венедиков учи во Прва Софиска машка гимназија.

Во 1889 година Венедиков се запишал во Военото училиште во Софија и го завршува во 1892 година, на 2 август е промовиран во чинот подпоручик и бил ракоположен во 1-от коњиски полк во Софија.

Во 1895 година Јордан Венедиков станува член на Македонскиот комитет [1]. По ерменските настани во 1895 година, на иницијатива на Трајко Китанчев се подготвува Мелничкото востание. Венедиков ја напушта воената служба и учествува во акцијата ираководел со чета од Струмичката дружина.

Во 1908 година завршува воената академија во Торино, Италија. Учествува во Балканските војни како командант на ескадрон, а во Првата светска војна е командант на кавалериски полк . Во почетокот на 1917 година полковник Венедиков е назначен за началник на штабот на 4-та Преславска дивизија. На крајот на војната е командант на 1-та бригада од Беломорската одбрана. Од воена служба излегува во 1919 година и се одава на новинарска и воено-научна работа. Во 1936 година за големите заслуги му е доделен чинот генерал-мајор.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Списък на членовете на Върховния македоно-одрински комитет (март 1895 – февруари 1903 г.) pdf