Народна федеративна партија
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Народната федеративна партија[1] или некаде се сретнува како Народната федеративна партија (бугарска секција)[2] била легална политичка организација која произлегла од левото крило [3] на ТМОРО и преставува континиурано продолжение на Организацијата од времето на Илинденското востание [4], создадена по Младотурската револуција во Отоманската империја. Опстојува една година, од август 1909 до август 1910 год. кога е забранета. Нејзин главен идеен противник е Сојузот на бугарските конституциони клубови. [5], асоцијација основана од страна на десното крило на ТМОРО и на дел од структурите на поранешниот Врховен комитет [6] од Софија.
Според решенијата на основачкиот конгрес на партијата, таа се нарекувала бугарска секција и во неа можел да учествува секој Бугарин отомански граѓанин, но и покрај тоа партијата како основна цел ги имала македонските идеали како автономија на Македонија и во неа членувале етнички Македонци. Поради фактот што од Отоманската империја Македонците не биле признати како посебен народ, тие не можеле да формираат партија во нивно име, туку ја искористиле можноста на бугарската инволвираност во македонското прашање.
Народната федеративна партија под ова име се појавила во јануари 1909 год. Во периодот од јули до декември 1908 таа делувала под името Македоно-одринска револуционерна организација МОРО и ја сочинувале окружните организации на Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ, предводена од серчаните и Јане Сандански. [7] По Илинденското востание, а особено по Рилскиот конгрес левото крило се ориентирало кон барање соработка со сите прогресивни сили во Турција, а врз база на борбата против султанскиот апсолутизам и за запазување на национално-територијалната целост на Македонија.[8]
Содржина |
[уреди] Предуслови за формирање на партијата
По расцепот (поларизацијата) на ВМОРО што се случил на Рилскиот конгрес 1905 год. на лево (македонско национално) и десното (врховистичко) крило дејствувањето на Организацијата продолжило во две насоки, десното крило под името ВМРО, именувано на Ќустендилскиот конгрес одржан во почетокот на март 1908 год., а левото крило под името МОРО, именувано на Мајскиот конгрес во Банско одржан во втората половина на мај 1908 година. Во согласност со одлуките на конгресот, левото крило се ориентирало кон барање соработка со сите прогресивни сили во Турција, а врз база на борба против султанскиот апсолутизам и за запазување на национално-територијалната целост на Македонија. Јане Сандански и Христо Чернопеев стапиле во контакт со Младотурскиот комитет и Грчкиот комитет во Неврокоп и заедно ја донеле таканаречената Неврокопска програма за соработка и заедничко делување во условите по Младотурската револуција. По Мајскиот конгрес и Младотурската револуција од јули 1908 год. МОРО преминала во легално делување.
На 31 јули 1908 година бил издаден „Манифест до сите народности во Османската империја“[9] напишан од Павел Делирадев, кој работел и на изготвување устав и програма за Народната федеративна партија, а е потпишан од Јане Сандански. Во повикот, упатен до своите сотатковинци, сите што ја населувале Македонија, се вели:
„Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање; ќе биде или нема да биде нашиот народ ? Кој ќе биде победник – зависи само од вас и од вашата волја и подготвеност да умрете за слободата. И нема граѓани кои веќе вкусиле од слатките плодови на слободата, што ќе се поколебаат да ги исполнат своите пресуди и да го закопаат злосторничкиот апсолутизам. „Обраќајќи се повторно кон своите сонародници, во манифестот се вели: „Вие кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата,можете радосно да воздивнете.Сега веќе не сте сами- еве, зошто вашата борба станува понадежна и полесна. Со заеднички напори на сите нации ние ќе ја извојуваме нашата целосна победа. Не подлегнувајте на злонамерната агитација што можеби ќе биде спроведена од официјалната власт во Бугарија,против нашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелегенција што се стреми кон слобода.“[10]
До крајот на септември 1908 год. трите окружни организации од левицата дејствувале на организирање нов општ конгрес на организацијата што требало да го зацврсти создаденото единство. На 8 август 1908 год. групата серчани почнала да го издава весникот „Конституциона зарја“ со редактори: Димо Хаџи Димов и Димитар Мирасчиев, што:
| „ | претставувал средство за идејно-политичко дејствување сред македонското население во правец на политичко собирање на сите националноослободителни сили [11] | “ |
Атентатот над Сандански, на 24 септември 1908 год. извршен во Солун од група врховисти испратени од Софија [12] влијаел да се одложат подготовките за формално формирање на НФП и подготовките за конгрес при што се јавила и колебливост во Организацијата и некои дејци се откажале од МОРО и нејзината изготвена проект програма, како Христо Чернопеев и Струмичкиот револуционерен округ и од 27 септември 1908 год. излегле со одделно свое гласило „Единство“ под редакција на Делирадев и со активна соработка со Димитар Влахов и Ангел Томов. Подоцна се издвоил и Солунскиот револуционерен округ. Сепак, засилената активност на Конституционите клубови во Отоманската империја повлијаела кон зближување на револуционерните окрузи во потесна соработка.
[уреди] Формирање на партијата
На 15 јануари 1909 година се постигнало организациско обединување на трите револуционерни групи кое се манифестирало како решеност за изградба на нова политичка организација под името Народна федеративна партија на местото на дотогашната МОРО. Една од пречките за прибирање на граѓанството била отстранета, но се изгубило многу драгоцено време. Наместо претходните два било одлучено како партиски весник да се издава еден, под името „Народна волја“ кого го редактирал А. Томов. Во следните месеци до одржувањето на основачкиот конгрес, партијата била во фаза на организационо-политичка изградба, дејствувајќи исклучиво со легални политички средства. Во меѓувреме до оснивачкиот конгрес се случила контрареволуцијата на опозицијата во Царството, во чие задушување и обезбедување на успех на Младотурската револуција значајна улога одиграла помошта на доброволните вооружени структури предводени од Јане Сандански, Тодор Паница и други.
[уреди] Оснивачки конгрес
Оснивачкиот конгрес на Народната федеративна партија е одржан од 3 до 10 август 1909 год, во кафулето „Сплендид палас“ во предградието на Солун. На конгресот присуствувале 33 делегати од цела Македонија: Христо Јанков и Димитар Влахов од Солун, Христо Мадникаров и Т. Клифов од Горни Порој, Стоју Хаџиев и Илија Бижев од Демирхисарско, Јане Сандански и Георги Казепов од Мелник, Стојко Пашкулов и Алексо Божиков од Неврокоп, Димитар Коштанов и Г. Захариев од Горна Џумаја, Г. Огњанов од Малешевијата, Коне Самарџиев и Христо Чернопеев од Струмица, Панде Попманушев од Петрич, Методи поп Гошев и Димитар Мирасчиев од Велес, Добри Даскалов и Дончо Лазаров од Тиквеш, Иван Икиљулев и Никола Петров од Кукуш, Иван Манолев од Битола, Јордан Шурков и Ф. Бајрактаров од Скопје, Георги Стрижовски и Иван Елезов од Разлог, Таската Спасов Серски и Христо Стамболиев од Сер, Тодор Паница од Драма, А. Киров од Одринско, Б. Христов од Долни Порој и Анастас Митрев од Охрид.
Конгресот го отворил секретарот на Солунскиот револуционерен округ Христо Јанков кој истовремено поднесол и извештај за активностите во подготвителниот период на конгресот. На првите заседанија на конгресот се избрани шест комисии за изработка на основните програмски документи и резолуции на Партијата. Најважната комисија онаа за изработка на програмата ја сочинувале; Димитар Влахов, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Димитар Коштанов и Иван Манолев. Со учество во дискусиите се истакнале особено: Јане Сандански, Димитар Влаахов, Ангел Томов, Добри Даскалов, Јордан Шурков и Димитар Коштанов.
На конгресот биле усвоени основните програмски документи (програма, статут, декларација и неколку резолуции). Во Централното биро биле избрани: Димитар Влахов - претседател, Христо Јанков – секретар и Анастас Матлиев - касиер, како и шест членови на партискиот совет: Александар Бујнов, Христо Чернопеев, Добри Даскалов, Димитар Коштанов, Јане Сандански и Јордан Шурков. Со тоа организационо-политичката изградба на партијата била завршена. Димитар Влахов, кој бил претходно избран на изборите во 1908 год. станал претставник на партијата во Отоманскиот парламент, а по основачкиот конгрес го презел редактирањето на „Народна волја“.
На конгресот Партијата застанала зад оној дел од населението што го сочинувал и најглавниот елемент на таа партија - лишените од државни грижи, безимотните и малоимотните чифлигари, ситните стопанственици, занаетчии и трговци. Партијата се заложила да се реформира Османлиската империја во Источна федерација при што да се создадат и автономни вилаети во Македонија, Албанија и Ерменија.
Во програмата се бараат мерки за заштита на трудот, бесплатно основно образование, училиштата да се под управа на локалните општини и надвор од религиозни организации, да се воведе прогресивен данок, аграрни реформи и земја за безимотното земјоделско население, реформи во индустријата, трговијата, во работните односи - права на работниците итн.
За аграрното прашање конгресот донесол резолуција со низа барања. Во резолуцијата за училишните прашања се барало и Македонците да учествуваат во уредувањето на просветните прашања, да се отстрани централизмот и бирократизмот во просветата. Данокот што се плаќал за просвета да се распределува праведно на сите, да престане секакво влијание и дејствување на бугарската влада и бугарскиот двор врз просветата на Македонците-отомански граѓани итн.
„На крајот основачкиот Конгрес на НФП изјави дека Партијата ќе се бори за отстранување на секакво влијание и воздејство на бугарските влади и на бугарскиот двор врз просветното дело на Македонците – отомански граѓани и против претварањето на училишниот оддел од еден национален институт во партизански институт којшто ги прогони сите оние учители што не сакаат во својата општествена дејност, да се пројавуваат како орудија на бугарскиот монархизам и ги фаворизира оние што работат за победата на одделни интереси, а не за слободата и народниот суверенитет. [13]
За да би можела да биде регистрирана според законот за граѓански партии,со кој македонската народност не била признатa во Отоманското царство и е дадена назнака „бугарска секција“. Многуте историски извори укажуваат дека употребениот термин не укажува на национална–етничка припадност на партијата, ами дека и во турската империја како и во времето на Византија и потоа и македонците како и сите христијани биле нарекувани бугари-бугарски народ според името на темата во која биле жители.[14] [15]
[уреди] Состојби и цели на партијата
Во наредните неколку месеци до почетокот на 1910 година, НФП покажувала тенденции на постепено опаѓање, кое уследило не само како резултат од рекционерната политика на младотурците, туку и од значителните опортунистички тенденции на нејзиното централно биро.
По појавата на секташки делувања во партијата, во јануари 1910 год. Христо Чернопеев со неколку свои најблиски приврзаници од Струмичкиот округ, отишол во илегалство, придружувајќи и се на обновената ВМРО. Централното биро на чело со Димитар Влахов го исклучило од партијата Јане Сандански, со цел сосема да се ослободи од револуционерните елементи во Партијата, иако тој бил општопризнат раководител. По ова Серескиот револуционерен округ, во април 1910 год. организирал и одржал вонреден конгрес на кој е отстрането Централното биро на чело со Влахов. Делегатите вкупно 29 ја осудиле политиката на Бугарската егзархија, на Грчката патријаршија и на младотурците према црковно-училишните прашања во Македонија.
Вo врска со работата на Централното биро, конгресот констатирал дека тоа му „останало туѓо на политичкиот развиток на земјата, не презеде ништо за победа на утврдената партиска линија и со тоа го доведе во прашање и самиот опстанок на Партијата“[16]. Новоизбраното Централно биро е во состав: д-р Христо Тенчев - претседател и Димитар Мирасчиев, Чудомир Кантарџиев, Александар Бујнов и Таската Спасов - Серски - членови.
[уреди] Распаѓање
Иако положбата на НФП со конгресот била делумно санирана, Партијата не можела да се одржи за подолго време како организирана политичка сила. Поради неединството на силите што ја сочинувале НФП, односно поради разединетоста на левицата во македонското национално движење, таа не можела да изгради релативно цврсто внатрешно единство. Сето тоа допринело за безболна ликвидација на партијата од страна на младотурскиот режим со законот за забрана на граѓанските партии во август 1910 година.
[уреди] Историски погледи
Врз основата на написот на насловната страница на „Решенија на конгресот“ Народна федеративна партија (бугарска секција) и текстот од членот еден на Правилникот во кој се вели ; „член може да биде секој бугарин отомански граѓанин кој наполнил 20 год...“ итн. Бугарската историографија НФП ја смета за бугарска национална партија „која се залагала за правата и напредокот на бугарскиот народ во Македонија и Отоманската империја.“.
Партијата била планирана да претставува федерација од повеќе нејзини секции, формирани и од повеќе незадоволни народности во Отоманското царство[17] но,пошто е формирана прва и единствена секција од страна на МОРО,а други секции потоа не се формирани, на основачките документ на партијата „решенија“ и во член 1 од „Правилникот“, а заради задоволување на рестриктивните законски прописи кои во Отоманското царство не признавале македонска народност, стои како Народна федеративна партија (бугарска секција)[18].
Освен во тие два наводи и во написи во некои весници од тоа време додавката – бугарска секција не се сретнува на други места. За тоа во „Историјата на македонскиот народ“ том три на страна 438 издание 2003 год. Скопје, се напомнува дека „Народната федеративна партија останала само со една своја секција што се регрутирала од средината на македонскиот народ“.,поради што останокот на додавката по името на партијата станало ирелевантно, неважно за идентификување и било изоставено, ја изгубило смислата да постои затоа што немало во релациите од кого да се диференцира.
Во број 6 на весникот од 21 февруари 1909 година под наслов "Национално обединување", членовите на партијата истакнуваат:
| „ | Против обединување на нациите ништо не може да се спротивстави. Тоа е едно природно стремление ... И нашата партија стои решително на идејата за национално обединување на сите балкански нации. Како стоим на овие позиции, ние сме и за обединување на бугарската нација. [19] | “ |
[уреди] Наводи
- ↑ „Историја на македонскиот народ“, ИНИ, Скопје, 2003, том III, стр. 433.
- ↑ Решенија на основачкиот конгрес на Народната федеративна партија, Солун, 1909 г.
- ↑ Треба да се истакне дека еден дел од историчарите сметаат дека поделеноста на ТМОРО не била врз идеолошка основа, туку станува збор за групи кои се бореле за контрола на организацијата.
- ↑ „Историја на македонскиот народ“, том. II стр. 307, Скопје, 1969 год.
- ↑ Бугарското национално дело за време на хуриетот
- ↑ Црнушанов, Коста, „Македонизмот и спротивата на Македонија срешту него“, Унив. изд. „Св. Климент Охридски“, Софија, 1992.
- ↑ „Историја на македонскиот народ“, ИНИ, Скопје, 2003, том III, страна 433.
- ↑ „Историја на македонскиот народ“, ИНИ, Скопје, 1969, книга втора, стр. 307.
- ↑ Манифест до сите народности во империјата
- ↑ < small> Георги Радулев - Радуле „Историја на Македонија, апологија на македонството“, Скопје, 2009, стр. 186.
- ↑ Историја на Македонскиот народ, II том стр. 308, Скопје, 1969 год.
- ↑ Историја на македонскиот народ, Скопје, 1969, том II, стр. 308.
- ↑ Мемоари од Димитар Влахов, страна 118 издание 2004 год. Скопје.
- ↑ [1]
- ↑ „Ромеите - Грците секој кој зборувал словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајќи од ХI век, заменувајќи го терминот Словен со Бугарин (Petar Dragasevic „Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Tерминот Бугарин како синоним за Словен се јавува поради тоа што од 1018 г. словенските народи, според Византија: Македонците, Босанците, Србите, Црногорците итн., биле сместени заедно, во тема Воулгарија, а бидејќи Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот Бугарин го заменил зборот Словен. Османлиите ја имаат наследено византиската традиција на поимот Бугарин, па сите Словени во Османлиското царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975). Најдобар пример ќе дадам со Босанците. Во ХVI век Ерменецот Симеон Лехаци патувајќи низ Турција, азиска и европска, ја посетил и Босна. За народот во Босна рекол дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекол „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936). Според картата на темите во Византија (1025 г.), Македонија и Србија се во тема Бугарија. Затоа Византијците ги нарекуваат Македонците (и Србите) - Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија – Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци,а оние од Паристрион – Паристрионци“. Крсте Петков Мисирков неколку пати во својот живот, од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од бугарската држава).го објаснува поимот Бугарин: „Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени...ги нарекуваа со презреното име Бугари”. Грците го употребуваа името Бугарин за да го внесат во него своето признание кон сè словенското. Со името Бугари не крстија Грците и нас Македонците. Но тоа прекрстување не е едно и единствено… („За Македонцките работи”, Предговор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“, 1903). Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училишта и кога сè словенско било нарекувано бугарско, за нашите предци од ХIХ век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.
- ↑ „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1969, том II, стр. 311.
- ↑ ,small>Манифест на Јане Сандански од 31 јули 1908 год.
- ↑ Решенија на конгресот
- ↑ Весник "Народна волја", бр. 6 од 1 февруари 1909, статија "Национално обединување"
[уреди] Користена литература
- „Историја на македонскиот народ“, 2003 год. Скопје
- „Мемоари“ од Димитар Влахов,2003 год, Скопје.
- „Бугарското национално дело за време на Хуриетот“
- Бојан Кастелов „Димо Хаџидимов, Живот и дело“, Софија 1985.
- Димитар Влахов, „Борбите на македонскиот народ за ослободување“
- Антони Гиза, „Балканските држави и македонското прашање“
- Манол Пандевски, „Политички партии и организации во Македонија (1908-1912)“, Скопје, 1965.
[уреди] Надворешни врски
- Македонско Братство „Народна федеративна партија“
- Mercia MacDermott “For Freedom and Perfection: The Life of Jané Sandanskи”, “Journeyman”, London, 1988, chapter 22
|
||||||||||||||