Роберт Мугабе

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Роберт Габриел Мугабе)
Роберт Габриел Мугабе
Роберт Мугабе

Роберт Мугабе во 2009 г.

Мандат
31 декември 1987 – 21 ноември 2017

Роден 21 февруари 1924
Кутама, Хараре, Зимбабве
Партија ЗАНУПФ
Религија католик
Потпис

Роберт Габриел Мугабе (англиски: Robert Gabriel Mugabe, 21 февруари 1924 - 6 септември 2019) — зимбабвејски револуционер и државник, кој по стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година, станал прв премиер, а подоцна и втор претседател на државата. Негова сопруга била Сали Франческа Хајфрон Мугабе (починала во 1992), подоцна преженет со Грејс Мугабе.