Февруарски поход

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Богомилски поход)
Движење на партизанските единици за време на Февруарскиот поход
Споменик во чест на Богомилскиот марш, дел од Февруарскиот поход

Февруарски поход — поход на Народноослободителната војска на Македонија, која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.

Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во Мегленско, Егејска Македонија, јужно од Кожуф, се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година во селото Фуштани, Главниот штаб на НОВ и ПОМ формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во Тиквешко, Гевгелиско и во Мариовско.[1]

Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против партизанските сили во Мегленско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од Солун и Воден, а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во Штип, и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.

По завршувањето на овие офанзиви во кои партизанските сили биле победници, Главниот штаб оценил дека се создадени услови воените операции на македонските сили од Мегленско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направил следниот план:

Така започнале борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто.

По Пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

Наводи[уреди | уреди извор]