Карлос Тевез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карлос Тевез
Carlos Tévez'13.JPG
Лични податоци
Роден на 5 февруари 1984 (1984-02-05) (30 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2004 Бока Хуниорс 75 (26)
2004-2006 Коринтијанс 65 (23)
2006-2007 Вест Хем Јунајтед 26 (7)
2007-2009 Манчестер Јунајтед 63 (19)
2009-2013 Манчестер Сити 107 (58)
2013- Јувентус 29 (18)
Репрезентација
2004- Аргентина 62 (13)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Карлос Алберто Тевез (шпан. Carlos Alberto Tévez, роден на 5 февруари 1984 во Буенос Аирес, Аргентина) е аргентински фудбалер, кој во моментов настапува за Јувентус во италијанската Серија А и за фудбалската репрезентација на Аргентина. Неговата примарна позицијата е класичен напаѓач, но исто така во периодот додека играл за Манчестер Сити, бил користен на позицијата зад напаѓач во 4-2-3-1 формацијата на Роберто Манчини.

Марадона го нарекол Тевез аргентински пророк на 21-от век[1].

Биографија и кариера[уреди]

Тевез е роден во Сиудадела, град во покраината Буенос Аирес како Карлос Алберто Мартинез. Својте фудбалски почетоци ги направил во клубот Ол Бојс, а потоа преминал во Боку Хуниорс. За време на ова два клуба околу него, го променил своето презиме во девојачкото презиме на својата мајка. Како дете случајно си истурил вриена вода по телото од која се здобил со изгореници од трет степен и останал во болница два месеци.[2] Како последица од тоа му останале раните од десното уво до градите. Додека играл за Бока Хуниорс, управата на клубот му понудила да му плати операција, но тој го одбил тоа со образложение дека лузните се дел од неговото минато.[3] Со Бока Хуниорс ги освоил Апертура 2003, Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп истата године, како и Копа Судамерикана 2004 година.

Во јануари 2005, Тевез ја напуштил Бока и потпишал за Коринтијанс за сума од 15 милиони евра, како дел од договорот кој го постигнал бразилскиот клуб со агенцијата Медија спортс инвестментс, која ги поседувала правата на Тевез.[4] Неговиот трансфер бил најскапо платен во јужноамериканскиот фудбал. Бил прогласен за најдобар играч на првенството, а истотка тоа било прв пат после 1976 година ова признание да го добие еден странски фудбалер.

На 31 август 2006 година, Тевез се преселил во Вест Хем Јунајтед кој објавил дека постигнал договор со агенцијата Медија спортс инвестментс за откуп на Тевез и Хавиер Маскерано, за надомест од 12 милиони £ за секој од нив посебно.[5] Во својата единствена сезона со чеканите, постигнал 7 гола на 26 настапи, вклучувајќи го и оној во последното коло од првенството, за победа од 1-0 над Манчестер Јунајтед, со кој помогнал на Вест Хем да избегне испаѓање.

Во летниот преоден рок 2007 година, Тевез му се приклучил на Манчестер Јунајтед, но Вест Хем и понатаму ги задржал правата врз играчот.[6] Играјќи за Манчестер Јунајтед, Тевез успеал да освои две титули во Премиер лигата, еден Лига куп, еден Комјунити Шилд, како и по еден наслов во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Откако му истекла позајмицата од осумнаесет месеци, Манчестер Јунајтед сакал да го откупи неговиот договор. Тие постигнале договор со неговата агенција, но Тевез бил незадоволен со минутажата одбил да го потпише понудениот петогодишен договор. Медиумите го најавиле неговиот трансфер во Ливерпул, но наместо нив Тевез го изабрал Манчестер Сити и со тоа станал првиот играч кој преминал од едниот во другиот манчестерски клуб по Тери Кук во 1999.

На 26 јуни 2013, Тевез го напуштил Манчестер Сити по 4 сезони поминати во клубот и се преселил во Италија, потпишувајќи за тамошниот шампион Јувентус. Во својата прва сезона бил најдобар стрелец на клубот со 19 постигнати гола во Серија А, помагајќи му на Јувентус да го освои Скудетото. Исто така постигнал еден гол во победата со 4-0 над Лацио во Суперкупот.

Титули[уреди]

Аргентина Бока Хуниорс[уреди]

Бразил Коринтијанс[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди]

Англија Манчестер Сити[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

Аргентина Аргентинска репрезентација[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. The New Hammers.
  2. El País (шпански)
  3. Clarín (шпански)
  4. „Parceria MSI/Corinthians será remetida ao MP Federal“ (на Portuguese). Conjur. 14 април 2005. http://www.conjur.com.br/2005-abr-14/parceria_msicorinthians_remetida_mp_federal?pagina=2. конс. 15 декември 2012. 
  5. Вест Хем единствениот клуб кој се согласува со условите на MSI“, Football365, 4 септември 2006.
  6. Man Utd set to wrap up Tévez deal“, BBC Sport, 8 август 2007 (конс. 8 август 2007).