Лионел Меси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лионел Меси
Lionel Messi Player of the Year 2011.jpg
Лични податоци
Полно име Лионел Андреас Меси[1][2]
Роден на 24 јуни 1987 (1987-06-24) (27 г.)
Роден во Росарио, Санта Фе, Аргентина, Аргентина
Висина 169 m (554 ft) [1]
Положба Напаѓач/Крило
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Барселона
Број 10
Младинска кариера
1995–2000 Њуелс Олд Бојс
2000–2003 Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 Барселона Ц 10 (5)
2004–2005 Барселона Б 22 (6)
2004– Барселона 267 (233)
Репрезентација
2004–2005 Аргентина до 20 години 18 (14)
2007–2008 Аргентина до 23 години 5 (2)
2005– Аргентина 83 (37)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22
01, 16 април 2011 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23:05, 2 април 2011 (UTC)

Лионел Андрес Меси (шпански: Lionel Andrés Messi, шпански изговор: [ljoˈnel anˈdɾes ˈmesi]; роден на 24 јуни 1987) — аргентински фудбалер кој настапува за екипата за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација[3][4][5], а често и за најдобар фудбалер во светот,[6] со неколку номинации за Златна топка и Играч на годината до својата 21. година, а веќе на 22 ги доби и двете.[6][7][8][9] Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник“.[10][11]

Меси почнал да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од Барселона. Во 2000 година го напуштил клубот Њуелс Олд Бојс од родниот град Росарио и заминал со своето семејство во Европа, бидејќи Барселона му понудила лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст). Дебитирал во сезоната 2004/2005 и станал најмладиот играч кој дал гол во лигата. Истата година Барселона ја освоила шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, ја освоила и Лигата на шампионите. Најмногу се пробил во сезоната 2006/07, станувајќи редовен играч во првиот тим, постигнувајќи хет-трик на Ел Класико со тоа завршувајќи ја лигата со 14 постигнати голови во 26 натпревари од лигата.

Меси бил најдобар стрелец во Светскиот шампионат на младинци на ФИФА во 2005 година со 6 постигнат голови, од кои 2 во последниот натпревар. Веднаш потоа станал и редовен член на сениорската репрезентација на Аргентина. Во 2006 година станал најмладиот Аргентинец што играл на Светското првенство, а во 2007 го освои второто место на Купот на Америка. На Олимписките игри во Пекинг 2008, Меси го освоил своето прво меѓународно признание, олимписки златен медал, со аргентинскиот олимписки фудбалски тим.

Клупска кариера[уреди]

ФК Барселона[уреди]

Своето неофицијално деби, Меси го направил играјќи за првата постава против Порто во ноември 2005 година (на 16 годишна возраст). Една година подоцна го направил своето официјално деби против Еспањол. Во октомври 2004 година тој станал трет најмлад играч на сите времиња кои настапиле за ФК Барселона како и најмлад играч во Лигата (рекордот го срушил неговиот клупски колега Бојан Кркиќ, во септември 2007 година).

Сезона 2005/2006[уреди]

Во септември, втор пат во три месеци, ФК Барселона го обновила договорот со Меси. Тој истовремено стекнал шпанско државјанство, конечно стекнувајќи право да дебитира во шпанската прва лига. Во 17 натпревари, Меси постигнал 6 голови, но за жал за него сезоната завршила пред време, во март 2006 година, поради кинење на тетивата на десната нога во натпреварот против Челси во Лигата на Шампиони. Барселона ја завршила таа сезона како шампион на Шпанија и Европа.

Сезона 2006/2007[уреди]

Меси во натпреварот против Ренџерс во 2007

Меси се зацврстил како играч во првата постава со својата одлична игра против Челси и Реал Мадрид. Во ноември 2006 година во натпреварот против Реал Сарагоса, Меси повторно добил повреда која го исфрлила од игра 3 месеци. По враќањето од Аргентина, Франк Рајкард, внимателно го рехабилитирал и постепено го зголемувал времето на игра, од натпревар во натпревар. Набргу Меси се вратил во форма постигнувајќи хет-трик. Кон крајот на сезоната покажувал се подобри резултати , 11 од своите 14 голови во лигата ги постигнал во последните 13 натпревари.

Меси кратко пред постигнување на гол против Хетафе
Меси постигнува гол од пенал за резултат 2-0 во корист на Барса против Севиља на Камп Ноу на 22 септември 2007

Меси бил сметан за новиот Марадона. Еден од неговите голови бил сличен на оној на Марадона против Англија на Светскиот Куп на ФИФА во Мексико во 1986 година, познат како гол на столетието. Светските спортски медиуми го нарекле Месидона. Тој го истрчал истото растојание (62 м), поминал ист број на играчи (6), вклучувајќи го и голманот, шутирал од скоро иста позиција, истрчал кон корнерот, исто како и Марадона во Мексико, пред 21 година.

Сезона 2007/2008[уреди]

Во текот на оваа сезона, Меси дал пет голови за една недела, донесувајќи ја Барселона меѓу првите четири тимови во Лигата. Двата голови што ги постигнал против Севиља, на 22 септември, му ги посветил на Роналдињо кој тој период бил повреден. На 19 септември, тој постигнал еден гол кога Барселона го победила Олимпик Лион со резултат 3–0 во натпревар од Лигата на шампионите. Меси постигнал уште два гола за победа на Барселона со резултат 4–1 против Реал Зарагоза. На 27 февруари, Меси го одиграл свoјот 100-ти меч за Барселона во натпреварот против Валенсија. Потоа, Меси бил надвор од игра шест недели поради повреда на левата нога, здобиена за време на мечот против Селтик во Лигата на шампиони.

Истата година, Меси бил номиниран за специјалната награда на ФИФА ПРО за најдобар напаѓач. истовремено, во една анкета, шпанскиот весник „Марка“ го прогласил Меси за најдобар играч на светот, со освоени 77% од гласовите, при што тој бил споредуван со Франц Бекенбауер и Јохан Кроjф.

Сезона 2008/2009[уреди]

Меси на натпревар против Депортиво ла Коруња

По заминувањето на Роналдињо од клубот, Меси го наследил неговиот дрес со број 10.[12] Во октомври 2008 година, за време на мечот против Шахтјор од Донецк, Меси постигнал два гола во последните седум минути, влегуваќи како замена за Тјери Анри, и од резултат 0:1 во корист на Шахтјор во победа од 2:1 за Барселона.[13] Потоа, Меси одиграл уште еден импресивен натпревар против Севиља. Во декември 2008 година, Меси го постигнал вториот гол во мечот против Реал Мадрид кој завршил со резултат 2:0. Истовремено, со освоени 678 поени, тој бил прогласен за втор најдобар фудбалер на светот за 2008 година, според изборот на ФИФА. Својот прв хет-трик во 2009 година, Меси го постигнал против Атлетико Мадрид, додека вториот од двата гола во мечот против Расинг Сантандер бил 5000-от гол за Барселона постигнат во шпанската лига. Подоцна, во 28-то коло на Лигата, Меси го постигнал својот 30-ти гол во сезоната, обезбедувајќи победа од 6:0 во мечот против Малага. Во април 2009 година, Меси постигнал два гола против Баерн од Минхен во Лигата на шампиони.

Сезона 2009/2010[уреди]

Сезона 2010/2011[уреди]

Сезона 2011/2012[уреди]

Во сезоната 2011/2012, Меси повторно се истакнал со добро прикажаните партии, иако со својот клуб не успеал да го освои ниту шпанското првенство, ниту пак Лигата на Шампионите, каде што во полуфиналето Барселона била елиминирана од Челси. Сепак, во оваа сезона, на одиграни 11 натпревари, Меси постигнал 14 голови во Лигата на шампионите, со што го израмнил рекордот за најдобар стрелец во една сезона, поставен од страна на Жозе Алтафини во сезоната 1962/1963. Две сезони подоцна, Кристијано Роналдо го соборил овој рекорд.[14] [15] Исто така, Меси успеал да постигне неверојатен рекорд, постигнувајќи дури 50 голови во шпанската лига, оставајќи го зад себе лутиот ривал од Реал Мадрид - Кристијано Роналдо, кој постигнал 46 голови. За ова остварување, во октомври 2012 година, Меси по втор пат ја добил „Златната копачка“, која се доделува за најдобриот стрелец во Европа. Инаку, претходно Меси ја освоил истата награда пред две сезони.[16]

Сезона 2012/2013[уреди]

Сезона 2013/2014[уреди]

На 6 ноември 2013 година, во натреварот против Милан, Меси го прекинал едномесечниот голгетерски пост. Имено, во четвртото коло од групата Х од Лигата на шампионите, кој се одиграл во Барселона, Меси постигнал два гола (првиот од пенал), со што стигнал до вкупно 65 голови во Лигата на шампионите.[17] Подоцна, на 18 февруари 2014 година, во натпреварот против Манчестер Сити, одигран во Манчестер во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите, Меси стигнал до вкупно 66 голови во ова натпреварување, зацврстувајќи се на второто место на вечната листа на најдобрите стрелци, загрозувајќи го Раул, кој постигнал вкупно 71 гол.[18] На реванш-натпреварот против Манчестер Сити, одигран во Барселона, на 12 март 2014 година, Меси го постигнал и 67-от гол во Лигата на шампионите и со тоа постанал играч со најмногу постигнати голови за еден клуб во историјата на ова натпреварување, престигнувајќи го Раул, кој постигнал 66 голови за Реал Мадрид.[19]

Репрезентативна кариера[уреди]

Во јуни 2004 година, Меси дебитирал во дресот за Аргентина, играјќи во младинскиот состав под 20 години во мечот против Парагвај. Во 2005 година, тој бил дел од тимот на нови талентирани играчи кои го освоиле Младинскиот светски шампионат 2005, одржан во Холандија. Таму, Меси ја освоил наградата за најдобар играч на турнирот, а бил и најдобар стрелец. На 4 август 2005 година, Жозе Пекерман го повикал Меси во сениорскиот национален тим на Аргентина. Своето деби тој го направил на 18 години и 54 денови, на 17 август во мечот против Унгарија. Меси влегол во игра во 63-та минута, но поради ударот со лакт на противничкиот одбранбен играч, Вилмос Вансчак (кој го повлекол Меси за дресот), судијата Маркус Мерк го испратил надвор од теренот по само 40 секунди.

Првиот официјален меѓународен настап на Меси бил на 3 септември во квалификациите за Светското првенство, каде што Аргентина доживеала пораз од Парагвај, со 1:0, на гостински терен. Пред натпреварот, тој изјавил: „Ова е правото деби. Првото траеше многу кратко.“ На 28 март 2009 година, во натпреварот против Венецуела, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2010, Лионел Меси за прв пат го носел толку многу посакуваниот аргентински сениорски национален дрес со број 10. Истовремено, тоа бил првиот официјален натпревар за Диего Марадона како селектор на Аргентина. Аргентина победила во натпреварот со 4:0, а Лионел Меси ја отворил серијата на голови.

Светско првенство во фудбал 2006[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Светско првенство во фудбал 2006.

Повредата што го оддалечила од терените за два месеца, на крајот од сезоната 2005/2006 година, го доведла во прашање неговото присуство на Светското првенство. И покрај тоа, Меси бил повикан во тимот на Аргентина за турнирот на 15 мај 2006 година. Тој, исто така, играл 15 минути во прошталниот натпревар против националниот тим на Аргентина под 20 години и од 64-та минута настапил на пријателскиот натпревар против Ангола. Тој од клупата ја проследил победата на првиот натпревар на Аргентина одигран против Брег на Слоновата Коска. Во следниот меч против Србија, Меси станал најмладиот играч во репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство кога влегол како замена на Макси Родригес во 47-та минута. Тој му асистирал на Хернан Креспо да постигне гол во првата минута откако влегол во играта, а го постигна и последниот гол во победата од 6:0, со што бил прогласен за најдобар стрелец и шести по ред најмлад стрелец во историјата на Светското првенство. Во следниот натпревар против Мексико, Меси влегол како замена во 84-та минута, при резултат 1:1. Тој постигнал гол, но бил досуден офсајд. Тренерот, Хозе Пекерман, надвор од очекувањата го оставил Меси на клупата за време на четвртфиналниот натпревар против Германија. Аргентина зазгубила 4:2 на пенали, а Меси, видно возбуден во текот на играта, одбил да зборува со репортерите после натпреварот.

Американски куп 2007[уреди]

На почетокот на Купот, Лео бил најмладиот играч. Првиот натпревар во Купот во кој играл Меси се одржал на 29 јуни 2007, кога Аргентина ја победила екипата на САД со 4:1. Во овој натпревар Меси ги покажал своите способности на плејмејкер. Тој му наместил гол на Хернан Креспо и имал бројни напади врз противничкиот гол. Тевез влегол како замена за Меси во 79-та минута и постигнал гол во следната минута. Неговиот втор меч бил против Колумбија, во кој шутирал пенал кој Креспо го претворил во гол и постигнал изедначување од 1:1. Тој исто така, учествувал и во вториот гол за Аргентина бидејќи откако бил фаулиран, Хуан Роман Рикелме постигнал гол од слободен удар. Крајниот резултат бил 4:1 за Аргентина обезбедувајќи пласман во четвртфиналето.

Во третиот натпревар против Парагвај, тренерот го одмарал Меси со оглед на квалификацијата на четвртфиналето, но во 64-та минута при резултат од 0:0, Меси го заменил Естебан Камбијасо и во 79-та минута асистирал за гол на Хавиер Маскерано. Во четврт-финалето, Аргентина одиграла со Перу. Меси го постигнал вториот гол, а му дофрлил на Рикеле за победа од 4:0. Во полуфиналниот меч, Меси лобирал преку Освалдо Санчес и со тоа ја однел Аргентина во финалето каде што изгубила од Бразил. Меси бил прогласен за најмлад играч на Шампионатот.

Олимписки игри 2008[уреди]

Како играч на Барселона, му било дозволено да настапува за својата земја на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, под услов да одигра неколку пријателски меѓународни натпревари. Во натпреварот против Брегот на Слоновата коска, Меси го постигнал првиот гол во победата од 2:1 за Аргентина. Во натпреварот против Холандија, тој го постигнал првиот гол, а асистирал при вториот, за победа од 2:1. Тој одлично одиграл во мечот против ривалот Бразил, во кој Аргентина постигнала победа од 3:1, пласирајќи се во финалето. Во мечот за златен медал против Нигерија (1:0), Меси му асистирал на Анхел Ди Марија, кој го постигнал единствениот гол.

Награди и признанија[уреди]

Во октомври 2012 година, Меси по втор пат ја добил „Златната копачка“, која му се доделува за најдобриот стрелец во Европа.[20]

Во февруари 2014 година, ФИФА го објавила списокот на десетте најдобри фудбалери на светот на сите времиња. Притоа, Меси го зазел седмото место како единствениот активен играч кој се нашол на списокот.[21]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Lionel Andrés Messi“. fcbarcelona.com. http://www.fcbarcelona.com/web/english/futbol/temporada_09-10/plantilla/jugadors/messi.html. конс. 3 мај 2008. 
  2. „Lionel Andrés Messi at Soccerway“. Soccerway. http://www.soccerway.com/players/lionel-andres-messi/119/. конс. 14 јуни 2009. 
  3. Бродбент, Рик. „Messi could be focal point for new generation“, Times Online, 24 февруари 2006 (конс. 31 март 2009).
  4. Гордон, Фил. „Lionel Messi proves a class apart“, Times Online, 28 јули 2008 (конс. 31 март 2009).
  5. Вилијамс, Ричард. „Messi's dazzling footwork leaves an indelible mark“, The Guardian, 24 април 2008 (конс. 31 март 2009).
  6. 6,0 6,1 „Messi världens bästa fotbollsspelare“. Eurosport. 12 јануари 2009. http://www.eurosport.se/fotboll/la-liga/2009-2010/messi-vann-ballon-d%27or_sto2139561/story.shtml. конс. 23 март 2010. 
  7. European Footballer of the Year ("Ballon d'Or")“, RSSSF (конс. 7 јули 2009).
  8. FIFA World Player Gala 2008“, FIFA (конс. 7 јули 2009).
  9. FIFA World Player Gala 2007“, FIFA (конс. 7 јули 2009).
  10. Гарднер, Нил. „Is Messi the new Maradona?“, Times Online, 19 април 2007 (конс. 31 март 2009).
  11. Ројтерс. „Maradona proclaims Messi as his successor“, China Daily, 25 февруари 2006 (конс. 8 октомври 2006).
  12. Sica, Gregory. „Messi Inherits Ronaldinho's No. 10 Shirt“, Goal.com, 4 август 2008 (конс. 2 јуни 2009).
  13. Late Messi brace nicks it“, ESPN Soccernet, 1 октомври 2008 (конс. 29 мај 2009).
  14. "Роналдо се израмни со Меси и со Алтафини", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 29.
  15. "Роналдо го надмина Меси", Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 25.
  16. „Меси ја доби и втората Златна копачка“, Дневник, година XVI, број 5001, вторник, 30 октомври 2012, стр. 25.
  17. "Арсенал не остана должен во Дортмунд", Дневник, година XVII, број 5310, петок, 8 ноември 2013, стр. 27.
  18. „Роналдо жеден за голови, Касилјас совладан по 951 минута“, Дневник, година XVIII, број 5403, петок, 28 февруари 2014, стр. 22.
  19. „Барселона е на вистинскиот колосек“, Дневник, година XVIII, број 5415, петок,14 март 2014, стр. 25.
  20. "Меси ја доби и втората 'Златна копачка'", Дневник, година XVI, број 5 001, вторник, 30 октомври 2012, стр. 25.
  21. "Меси единствен активен меѓу десетте најдобри според ФИФА", Дневник, година XVIII, број 5403, петок, 28 февруари 2014, стр. 22.

Надворешни врски[уреди]