Луис Фиго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луис Фиго
Фиго во Техеран во 2015
Лични податоци
Полно име Луис Филипе Мадејра Каеиро Фиго
Роден на 4 ноември 1972(1972-11-04)(51 г.)
Роден во Алмада, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2009 (36 г.)
Младинска кариера
Ос Пастилхас
1984–1989 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1995 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 137 (16)
1995–2000 Барселона Барселона 172 (30)
2000–2005 Реал Мадрид Реал Мадрид 164 (38)
2005–2009 Интер Интер 105 (9)
Репрезентација
1988–1989 Португалија Португалија 16 15 (8)
1989 Португалија Португалија 17 6 (2)
1988–1990 Португалија Португалија 18 21 (8)
1990–1991 Португалија Португалија 20 12 (0)
1991–1994 Португалија Португалија 21 7 (0)
1991–2006 Португалија Португалија 127 (32)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Луис Фиго (португалски: Luís Filipe Madeira Caeiro Figo) (4 ноември 1972, Лисабон, Португалија) - португалски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Во својата кариера долга 20 години тој играл за Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, пред да е пензионира на 31 мај 2009 година. Фиго има 127 настапи за португалската репрезентација, и долго бил сопственик на рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо во 2016.

Познат по својата креативност и дриблинг, Фиго бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација.[2][3] Неговите 106 асистенции претставуваат втор најдобар резултат во Примера Дивисион, после Лионел Меси.[4] Тој ја освоил златната топка во 2000 година и бил избран за Играч на годината според ФИФА во 2001 година, а во 2004 година Пеле го вброил во ФИФА 100, списокот на најдобрите живи фудбалери во светот.[5] Фиго е еден од ретките фудбалери кој играл во Ел Класико и за двете страни; Барселона и Реал Мадрид. Неговиот контроверзен трансфер во 2000 година од Барселона во лутиот соперник Реал Мадрид за 62 милиони евра бил едно време најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.[6]

Во својата успешна кариера Фиго освоил многу трофеи од кои меѓу најважните се: Лигата на шампионите со Реал Мадрид во сезоната 2001-2002, Купот на победниците на куповите со Барселона, четирите титули во шпанското првенство (две со Барселона и две со Реал Мадрид) и четирите титули во италијанската Серија А со Интер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Фиго е оженет со моделот Хелен Сведин, со која имаат три деца: Даниела, Стела и Мартина.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Фиго ја започнал својата кариера во малиот клуб Пастиљас од Кова да Пиедаде, каде што живеел.[7] Наскоро тој го привлекол вниманието на Спортинг Лисабон, кој го побарале да игра за нивната екипа од училишна возраст во 1984 година.[7] Тој официјално му се приклучил на Спортинг следната година кога имал 12 години.[8]

Своето деби за првиот тим на Спортинг го имал на 1 април 1990 година, во натпревар против Маритимо.[7] Во 1989 година, уште пред да дебитира за Спортинг, Фиго го освоил својот прв трофеј откако со репрезентацијата го освоил Европското првенство за играчи под 16 години. Две години подоцна тој го освоил и Светското првенство за играчи под 20 години, победувајќи го Бразил во финалето, а во португалската репрезентацијата покрај Фиго тогаш играле уште и Руи Кошта и Жоао Пинто. Својот прв и единствен трофеј со Спортинг го освоил во Купот на Португалија во 1995 година, за време на неговата последна сезона во клубот пред заминувањето во странство.

Во летото 1995 година, Фиго бил интересен за голем број европски екипи па со самото имал можност самиот да ја одбере најдобрата опција, меѓутоа поради дилема дали да се приклучи на Јувентус или на Парма, тој потпишал договор со двата клуба, и бил казнет на две години без да може да игра во Италија. Ситуацијата натаму се решила така што Фиго потпишал за Барселона во трансфер вреден 2,25 милиони фунти. По првата сезона во Барселона која ја завршил без освоен трофеј, својот прв трофеј со каталонците го освоил во Суперкупот на Шпанија 1996, во кој Барселона била подобра од шпанскиот шампион од претходната сезона Атлетико Мадрид со вкупен резултат 6-5. Истата сезона Барселона на крилата на Фиго и на Роналдо го освоила Купот на победниците на куповите,[9] а следната сезона дошла и титулата во Примера Дивисион каде тој бил дел од силниот напад на Блауграна заедно со Ривалдо и Патрик Клајверт.

Во јули 2000 година, Фиго се преселил во лутиот соперник на Барселона, Реал Мадрид, за 62 милиони евра што тогаш претставувал најскап трансфер.[10] Со доаѓањето на Фиго во Мадрид, во клубот започнала ерата на Галактикосите, затоа што покрај Фиго за Реал во тоа време играле и други големи светски фудбалски ѕвезди како Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Раул Гонсалес и така натаму.[11] Во првата сезона во Реал, тој го освоил шпанското првенство по третпат во својата кариера, а во втората сезона во клубот ја освоил титулата во Лигата на шампионите која му недостасувала во личната колекција на трофеи.[12] Во финалето одиграно на Хемпден Парк во Глазгов, кралевите го победиле Бајер Леверкузен со 2-1, а Фиго играл до 61-вата минута кога бил заменет од Стив МекМанаман.[13] Последователно тој му помогнал на клубот да ги освои Суперкупот на УЕФА со победа од 3-1 над Фејенорд[14] и Интерконтиненталниот куп со победа над јужноамериканскиот шампион Олимпија со 2-0.[15] Својот последен трофеј како играч на Реал Мадрид го освоил во Суперкупот на Шпанија 2003 со победата над Мајорка со вкупен резултат 4-2.

Фиго на фудбалски натпревар со Португалија.

Во август 2005 година, Фиго потпишал за италијанскиот Интер како слободен играч, откако неговиот договор со Реал Мадрид истекол во јуни истата година.[16] Со Интер освоил четири скудета вклучувајќи го и она од третото место на табелата во неговата прва сезона, кога титулата на Интер накнадно му била доделена откако на регуларниот шампион Јувентус му била одземена титулата, а второпласираниот Милан бил казнет со одземање на бодови и во двата случаи заради вмешаност во скандал со наместени натпревари. Во август 2006 година, тој го постигнал победничкиот гол за нероаѕурите во првото продолжение со кој тие ја победиле Рома со 4-3 и го освоиле Суперкупот на Италија.[17] Својот последен натпревар во кариерата Интер-Аталанта го одиграл на 31 мај 2009, носејќи ја за првпат капитенската лента на клубот.[18]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

За португалската репрезентација Фиго дебитирал во 1991 година, на возраст од само 18 години, во пријателски натпревар против Луксембург што завршил 1-1.[19] Вкупно за репрезентацијата одиграл 127 натпревари и во моментов е втор по бројот на настапи - заостанувајќи само зад Кристијано Роналдо[20]- и четврти по бројот на постигнати голови со 32.[20]

Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и три Европски првенства (1996, 2000 и 2004), а најдобриот резултат го забележал на Европското првенство 2004 на домашен терен, каде Португалија стигнала до финалето во кое загубиле од Грција.[21]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-10-1991 Луксмбург Луксембург Луксембург 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
16-10-1991 Ротердам Холандија Холандија 0 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 1992 -
20-11-1991 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Грција Грција Квал. за Евро 1992 -
12-2-1992 Фаро Португалија Португалија 2 – 0 Холандија Холандија Пријателска -
31-5-1992 Њу Хејвен Италија Италија 0 – 0 Португалија Португалија ЈуЕс куп -
3-6-1992 Чикаго САД САД 0 – 1 Португалија Португалија ЈуЕс куп -
7-6-1992 Фоксборо Португалија Португалија 0 – 2 Ирска Ирска ЈуЕс куп -
2-9-1992 Линц Австрија Австрија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
14-10-1992 Глазгов Шкотска Шкотска 0 – 0 Португалија Португалија Квал. за СП 1994 -
11-11-1992 Сент Уан Португалија Португалија 2 – 1 Бугарија Бугарија Пријателска 1
24-1-1993 Та Кали Малта Малта 0 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1994 -
10-2-1993 Фаро Португалија Португалија 1 – 1 Норвешка Норвешка Пријателска -
24-2-1993 Порто Португалија Португалија 1 – 3 Италија Италија Квал. за СП 1994 -
31-3-1993 Берн Швајцарија Швајцарија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1994 -
19-6-1993 Порто Португалија Португалија 4 – 0 Малта Малта Квал. за СП 1994 -
19-1-1994 Виго Шпанија Шпанија 2 – 2 Португалија Португалија Пријателска -
7-9-1994 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 1 – 2 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 -
9-10-1994 Рига Латвија Латвија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 1
13-11-1994 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Австрија Австрија Квал. за Евро 1996 1
18-12-1994 Лисабон Португалија Португалија 8 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за Евро 1996 -
22-2-1995 Ајндховен Холандија Холандија 0 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
26-4-1995 Даблин Ирска Ирска 1 – 0 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 -
3-6-1995 Порто Португалија Португалија 3 – 2 Латвија Латвија Квал. за Евро 1996 1
3-9-1995 Порто Португалија Португалија 1 – 1 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за Евро 1996 -
15-11-1995 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Ирска Ирска Квал. за Евро 1996 -
12-12-1995 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Англија Англија Квал. за Евро 1996 -
21-2-1996 Порто Португалија Португалија 1 – 2 Германија Германија Пријателска -
9-6-1996 Шефилд Данска Данска 1 – 1 Португалија Португалија Евро 1996 - Прва фаза -
14-6-1996 Нотингем Португалија Португалија 1 – 0 Турција Турција Евро 1996 - Прва фаза -
19-6-1996 Нотингем Хрватска Хрватска 0 – 3 Португалија Португалија Евро 1996 - Прва фаза 1
23-6-1996 Бирмингем Чешка Чешка 1 – 0 Португалија Португалија Евро 1996 - Четвртфинале -
5-10-1996 Киев Украина Украина 2 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 -
9-10-1996 Тирана Албанија Албанија 0 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 1
9-11-1996 Порто Португалија Португалија 1 – 0 Украина Украина Квал. за СП 1998 -
14-12-1996 Лисабон Португалија Португалија 0 – 0 Германија Германија Квал. за СП 1998 -
22-1-1997 Брага Португалија Португалија 0 – 2 Франција Франција Пријателска -
19-2-1997 Атина Грција Грција 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
29-3-1997 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 0 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 -
7-6-1997 Порто Португалија Португалија 2 – 0 Албанија Албанија Квал. за СП 1998 1
20-8-1997 Сетубал Португалија Португалија 3 – 1 Ерменија Ерменија Квал. за СП 1998 1
6-9-1997 Берлин Германија Германија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за СП 1998 -
22-4-1998 Лондон Англија Англија 3 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
19-8-1998 Понта Делгада Португалија Португалија 2 – 1 Мозамбик Мозамбик Пријателска -
6-9-1998 Будимпешта Унгарија Унгарија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 -
10-10-1998 Порто Португалија Португалија 0 – 1 Романија Романија Квал. за Евро 2000 -
14-10-1998 Братислава Словачка Словачка 0 – 3 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Сетубал Португалија Португалија 2 – 0 Израел Израел Пријателска -
10-2-1999 Париз Холандија Холандија 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
26-3-1999 Гимараеш Португалија Португалија 7 – 0 Азербејџан Азербејџан Квал. за Евро 2000 -
31-3-1999 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 5 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 1
5-6-1999 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Словачка Словачка Квал. за Евро 2000 -
9-6-1999 Коимбра Португалија Португалија 8 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за Евро 2000 -
18-8-1999 Лисабон Португалија Португалија 4 – 0 Андора Андора Пријателска 1
4-9-1999 Баку Азербејџан Азербејџан 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 1
8-9-1999 Букурешт Романија Романија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 1
9-10-1999 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Унгарија Унгарија Квал. за Евро 2000 -
23-2-2000 Шарлроа Белгија Белгија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
29-3-2000 Леирија Португалија Португалија 2 – 1 Данска Данска Пријателска -
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија Италија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
2-6-2000 Чавес Португалија Португалија 3 – 0 Велс Велс Пријателска 1
12-6-2000 Ајндховен Португалија Португалија 3 – 2 Англија Англија Евро 2000 - Прва фаза 1
17-6-2000 Арнем Романија Романија 0 – 1 Португалија Португалија Евро 2000 - Прва фаза -
24-6-2000 Амстердам Турција Турција 0 – 2 Португалија Португалија Евро 2000 - Четвртфинале -
28-6-2000 Брисел Франција Франција 2 – 1 Португалија Португалија Евро 2000 - Полуфинале -
16-8-2000 Визеу Португалија Португалија 5 – 1 Литванија Литванија Пријателска 1
3-9-2000 Талин Естонија Естонија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 1
7-10-2000 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Ирска Ирска Квал. за СП 2002 -
11-10-2000 Ротердам Холандија Холандија 0 – 2 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 -
15-11-2000 Брага Португалија Португалија 2 – 1 Израел Израел Пријателска 1
28-2-2001 Фуншал Португалија Португалија 3 – 0 Андора Андора Квал. за СП 2002 2
28-3-2001 Порто Португалија Португалија 2 – 2 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 1
25-4-2001 Сен Дени Франција Франција 4 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
2-6-2001 Даблин Ирска Ирска 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 1
15-8-2001 Фаро Португалија Португалија 3 – 0 Молдавија Молдавија Пријателска 3
1-9-2001 Леида Андора Андора 1 – 7 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 -
5-9-2001 Ларнака Кипар Кипар 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 -
6-10-2001 Лисабон Португалија Португалија 5 – 0 Естонија Естонија Квал. за СП 2002 1
14-11-2001 Лисабон Португалија Португалија 5 – 1 Ангола Ангола Пријателска 1
13-2-2002 Барселона Шпанија Шпанија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
17-4-2002 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Бразил Бразил Пријателска -
25-5-2002 Макао Кина Кина 0 – 2 Португалија Португалија Пријателска -
5-6-2002 Сувон САД САД 3 – 2 Португалија Португалија СП 2002 - Прва фаза -
10-6-2002 Џеонџу Португалија Португалија 4 – 0 Полска Полска СП 2002 - Прва фаза -
14-6-2002 Инчеон Португалија Португалија 0 – 1 Јужна Кореја Јужна Кореја СП 2002 - Прва фаза -
7-9-2002 Бирмингем Англија Англија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
12-10-2002 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Тунис Тунис Пријателска -
16-10-2002 Гетеборг Шведска Шведска 2 – 3 Португалија Португалија Пријателска -
20-11-2002 Брага Португалија Португалија 2 – 0 Шкотска Шкотска Пријателска -
12-2-2003 Џенова Италија Италија 1 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
2-4-2003 Лозана Португалија Португалија 1 – 0 Македонија Македонија Пријателска 1
30-4-2003 Ајндховен Холандија Холандија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
6-6-2003 Брага Португалија Португалија 0 – 0 Парагвај Парагвај Пријателска -
20-8-2003 Чавес Парагвај Парагвај 1 – 0 Казахстан Казахстан Пријателска -
6-9-2003 Гимараеш Португалија Португалија 0 – 3 Шпанија Шпанија Пријателска -
10-9-2003 Осло Норвешка Норвешка 0 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
11-10-2003 Лисабон Португалија Португалија 5 – 3 Албанија Албанија Пријателска 1
15-11-2003 Авеиро Португалија Португалија 1 – 1 Грција Грција Пријателска -
19-11-2003 Леирија Португалија Португалија 8 – 0 Кувајт Кувајт Пријателска 1
18-2-2004 Фаро Португалија Португалија 1 – 1 Англија Англија Пријателска -
31-3-2004 Брага Португалија Португалија 1 – 2 Италија Италија Пријателска -
28-4-2004 Коимбра Португалија Португалија 2 – 2 Шведска Шведска Пријателска -
29-5-2004 Агеда Португалија Португалија 3 – 0 Луксембург Луксембург Пријателска 1
5-6-2004 Сетубал Португалија Португалија 4 – 1 Литванија Литванија Пријателска -
12-6-2004 Порто Португалија Португалија 1 – 2 Грција Грција Евро 2004 - Прва фаза -
16-6-2004 Лисабон Русија Русија 0 – 2 Португалија Португалија Евро 2004 - Прва фаза -
20-6-2004 Лисабон Шпанија Шпанија 0 – 1 Португалија Португалија Евро 2004 - Прва фаза -
24-6-2004 Лисабон Португалија Португалија 2 – 2 прод.
(6 - 5 пен.)
Англија Англија Евро 2004 - Четвртфинале -
30-6-2004 Лисабон Португалија Португалија 2 – 1 Холандија Холандија Евро 2004 - Полуфинале -
4-7-2004 Лисабон Португалија Португалија 0 – 1 Грција Грција Евро 2004 - Финале -
4-6-2005 Лисабон Португалија Португалија 2 – 0 Словачка Словачка Квал. за СП 2006 -
8-6-2005 Талин Естонија Естонија 0 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 2006 -
17-8-2005 Понта Делгада Португалија Португалија 2 – 0 Египет Египет Пријателска -
3-9-2005 Фаро Португалија Португалија 6 – 0 Луксембург Луксембург Квал. за СП 2006 -
7-9-2005 Москва Русија Русија 0 – 0 Португалија Португалија Квал. за СП 2006 -
8-10-2005 Авеиро Португалија Португалија 2 – 1 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за СП 2006 -
12-10-2005 Порто Португалија Португалија 3 – 0 Латвија Латвија Квал. за СП 2006 -
1-3-2006 Диселдорф Португалија Португалија 3 – 0 Саудиска Арабија Саудиска Арабија Пријателска -
27-5-2006 Евора Португалија Португалија 4 – 1 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Пријателска -
3-6-2006 Мец Португалија Португалија 3 – 0 Луксембург Луксембург Пријателска 1
11-6-2006 Келн Ангола Ангола 0 – 1 Португалија Португалија СП 2006 - Прва фаза -
17-6-2006 Франкфурт Португалија Португалија 2 – 0 Иран Иран СП 2006 - Прва фаза -
21-6-2006 Гелзенкирхен Португалија Португалија 2 – 1 Мексико Мексико СП 2006 - Прва фаза -
25-6-2006 Нирнберг Португалија Португалија 1 – 0 Холандија Холандија СП 2006 - Осминафинале -
1-7-2006 Гелзенкирхен Англија Англија 0 – 0 прод.
(1 - 3 пен.)
Португалија Португалија СП 2006 - Четвртфинале -
5-7-2006 Минхен Португалија Португалија 0 – 1 Франција Франција СП 2006 - Полуфинале -
8-7-2006 Штутгарт Германија Германија 3 – 1 Португалија Португалија СП 2006 - Натпревар за 3. место -
Вкупно Настапи (2. место) 127 Голови (4. место) 32

По завршувањето на кариерата[уреди | уреди извор]

Во февруари 2015 година, на стадионот „Вембли“, Фиго ја започнал својата кампања за изборите на претседател на ФИФА, како еден од четворицата кандидати за оваа функција. Притоа, во неговата изборна кампања тој се залагал за зголемување на бројот на репрезентациите кои играат на светските првенства на 40 или 48.[22]

Статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 16 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990 Португалија Спортинг Лисабон ПД 3 0 КП 0 0 - - - - - - 3 0
1990-1991 ПД 0 0 КП 0 0 - - - - - - 0 0
1991-1992 ПД 34 1 КП 7 0 КУ 2 0 - - - 43 1
1992-1993 ПД 32 0 КП 8 1 КУ 2 0 - - - 42 1
1993-1994 ПД 31 8 КП 1 0 КУ 3 0 - - - 35 8
1994-1995 ПД 29 7 КП 7 3 КУ 2 0 - - - 38 10
Вкупно Спортинг 129 16 23 4 9 0 - - 161 20
1995-1996 Шпанија Барселона ПД 35 5 КШ 8 1 CU 10 3 - - - 53 9
1996-1997 ПД 36 4 КШ 8 2 КПК 8 1 СШ 1 0 53 7
1997-1998 ПД 35 5 КШ 1 0 ЛШ 7 1 СШ+СУ 1+2 0 46 6
1998-1999 ПД 34 7 КШ 9 1 ЛШ 6 1 СШ 1 0 50 9
1999-2000 ПД 32 9 КШ 0 0 ЛШ 13 5 СШ 2 0 47 14
Вкупно Барселона 172 30 26 4 44 11 7 0 249 45
2000-2001 Шпанија Реал Мадрид ПД 34 7 КШ 0 0 ЛШ 14 5 СУ+ИнтК 1+1 0 50 12
2001-2002 ПД 29 7 КШ 6 1 ЛШ 10 3 СШ 2 0 47 11
2002-2003 ПД 33 10 КШ 1 0 ЛШ 15 2 СУ+ИнтК 1+1 0 51 12
2003-2004 ПД 36 9 КШ 6 2 ЛШ 11 2 SS 2 1 55 14
2004-2005 ПД 32 3 КШ 0 0 ЛШ 10 4 - - - 42 7
Вкупно Реал Мадрид 164 36 13 3 60 16 8 1 245 56
2005-2006 Италија Интер А 34 5 КИ 3 0 ЛШ 8 1 - - - 45 6
2006-2007 А 32 2 КИ 7 0 ЛШ 7 0 СИ 1 1 47 3
2007-2008 А 17 1 КИ 1 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 22 1
2008-2009 А 22 1 КИ 0 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 26 1
Вкупно Интер 105 9 11 0 21 1 3 1 140 11
Вкупно во кариерата 570 91 73 11 134 28 18 2 795 132

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

1994-1995.

Шпанија Барселона[уреди | уреди извор]

1997–1998, 1998–1999
1996-1997, 1997-1998
1996
1996-1997
1997

Шпанија Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

2000–2001, 2002–2003
2001, 2003
2001-2002
2002
2002

Италија Интер[уреди | уреди извор]

2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009
2006
2006, 2008

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

1989
1991

Поединечни[уреди | уреди извор]

1994
Франција 1994
1997-1998, 1999-2000
2000
2001
2000
1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000
2003
2006

Почести[уреди | уреди извор]

Орден Инфанта на Дон Енрике
2004

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Figo Stats“. FootballDatabase.com. Посетено на 23 December 2006.
  2. „EURO 2000 Profile: Luis Figo“. BBC Sport. 14 May 2000. Посетено на 29 July 2012.
  3. „Figo best in world“. BBC News. 17 December 2001.
  4. „Crisis? What crisis? Harmony restored as Barcelona close gap on Madrid“. Goals.com. 9 February 2015.
  5. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 19 June 2014.
  6. "The history of the world transfer record". BBC News. Retrieved 1 May 2014
  7. 7,0 7,1 7,2 „Luís Figo: O Príncipe do Futebol Português“. zerozero. Посетено на 15 April 2020.
  8. „expertfootball.com“. AFP. 23 June 2012. Архивирано од изворникот на 2006-02-17. Посетено на 23 June 2020.
  9. mundodeportivo.com, уред. (15 мај 1997). „El título soñado“ (PDF) (шпански). Посетено на 12 март 2017.
  10. Nash, Elizabeth (25 јули 2000). „Figo defects to Real Madrid for record £36.2m“. The Independent. London. Посетено на 11 мај 2010.
  11. Lowe, Sid (2013). "Fear and Loathing in La Liga: Barcelona vs Real Madrid". pp.338-367. chpt."And Pigs Did Fly". Random House, 2013
  12. „15 years on: Who were Real Madrid's 2002 Champions League winners?“. UEFA.com. 15 мај 2017. Посетено на 17 април 2020.
  13. Bayer Leverskusen - Real Madrid 1-2 espn.com
  14. Javier García (11 октомври 2014). „The European Super Cup victory over Feyenoord“. Реал Мадирд. Посетено на 17 април 2020.
  15. „On this day, Real Madrid lifted the club's third Intercontinental Cup“. Реал Мадирд. 12 декември 2018. Посетено на 17 април 2020.
  16. Gianni Piva (4 август 2005). „Preso Figo, l'Inter sogna ancora“. la Repubblica. стр. 44.
  17. Gianni Piva (27 август 2006). „Ciclone Inter, incredibile rimonta“. la Repubblica. стр. 56.
  18. Luca Taidelli (1 June 2009). „I figli e Figo Inter scudetto: ultime emozioni“. La Gazzetta dello Sport.
  19. „Luxembourg v Portugal, 12 October 1991“ (англиски).
  20. 20,0 20,1 „Portugal - Record International Players“. 18 април 2020. 18 април 2020.
  21. Грција, европски шампион dw.com 5 јули 2004, пристапено 18 април 2020
  22. „Фиго тргна да го смени Блатер со зголемен број учесници на СП“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]