Диего Марадона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Диего Армандо Марадона.

Диего Армандо Марадона (шпан. Diego Armando Maradona, роден 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес) е поранешен аргентински фудбалер, светски првак од Мексико 1986 и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња. Марадона моментално ја обавува должноста селектор на аргентинската фудбалска репрезентација.

Почеток на кариерата[уреди]

На 20 октомври 1976 година (10 дена пред неговиот 16-ти роденден), Диего го одиграл својот прв натпревар за сениорите на Аргентинос Јуниорс. Тогаш станал најмладиот прволигашки фудбалер во историјата на аргентинскиот фудбал. Следната година ќе го одигра првиот натпревар за сениорската репрезентација на Аргентина. Сепак, во 1978 селекторот Луис Цесар Меноти не го земал во националната селекција на Аргентина за Светското првенство со образложение дека Диего е премлад за да го издржи притисокот. Во 1979 бил капитен на репрезентацијата на Аргентина која во Јапонија ја освоила титулата јуниорски првак на светот. Во тоа време во Јувентус и ФК Барселона почнале да се распрашуваат за ,,малиот зелен‘‘, како што го нарекувале. Но не биле единствени - во игра биле и Арсенал и Шефилд Јунајтед. Тие веднаш се повлекле откако ја слушнале почетната цена од 800 000 фунти. Во тоа време оваа сума била прилично голема. Диего останал во Аргентина и во 1981 со клубот Боца Јуниорс ја освоил титулата ,,Првак на Аргентина‘‘. Година дена подоцна тој ќе настапи на Светското првенство во Шпанија и ќе потпише за Барселона.

Во Барселона за прв пат пробал кокаин. Тоа подоцна го образложил на следниот начин:

Ништо посебно. Сакав да се чувствувам поживо.

Во клубот сите се сомневале, но молчеле, бидејќи Марадона бил преголема инвестиција. Потоа тој настапувал во анти-дрога ТВ реклами, за што бил добро платен. Во 1984 година потпишал за италијански ФК Наполи со кој ќе освои две титули: Првак на Италија (1987 и 1990), а во 1989 ќе го освои и Купот на УЕФА - првата европска титула на Наполи.

Врв на кариерата[уреди]

На Тринаесеттото светско првенство во Мексико (1986), Марадона бил двостепен стрелец на натпреварите на Аргентина со Англија. И двата негови голови на тој натпревар и денес добро се паметат. Првиот гол Диего подоцна го нарекол Божја рака. Вториот е ремек-дело кое на многу ранг списоци е прогласен за најдобар гол на сите светски првенства. Сам ја продриблал половината од англискиот тим и голманот Шилтон и постигнал гол. Англискиот коментатор рекол дека првиот гол со сигурност е нерегуларен бидејќи е постигнат со рака, но затоа вториот вреди за десет. На тоа првенство ја довел Аргентина до титулата Првак на светот во драматичен двобој со репрезентацијата на Западна Германија (3:2). Три години подоцна два месеци провел во Аргентина и не се појавил на почетокот на италијанското првенство. Побарал исписница од Наполи поради трансфер, но неговото барање е одбиено. На Светското првенство во Италија (1990) со репрезентацијата дошол до финалето, но се поразени од СР Германија со 1:0.

Семејство[уреди]

Негови родители се Диего Марадона Постариот и Далма Салвадоре Франко. Неговиот прадедо од мајчина страна, Матео Кариолиќ, бил роден на Корчула, Далмација (денес во Хрватска, а тогаш веројатно во Австриската Империја) и емигрирал во Аргентина, каде била родена неговата баба Салвадора. Салвадора ја крстила својата ќерка Далма по хрватскиот регион (Далмација), по кого Марадона ја крстил неговата најстара ќерка.

Марадона се оженил со неговата долгогодишна свршеница Клаудија Вилафане на 7 ноември 1989 во Буенос Аирес, и тоа по раѓањето на нивните ќерки, Далма Нереа и Џианина Динора, од која има и внуци. Во својата автобиографија, Марадона признава дека не бил секогаш верен на Клаудија, иако ја опишува како љубовта на неговиот живот.