Instagram

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Инстаграм)
Прејди на: содржини, барај
Инстаграм
225px
Изворни автори Кевин Ситром, Мајк Кригер (Burbn, Inc.)
Програмери Facebook Inc.
Првично издание октомври 6, 2010; пред 3 години (2010-10-06)
Развојна состојба активен
Опер. систем iOS верзија 4.3 или понова; Андроид верзија 2.2 или понова;
Големина 14 MB
Јазици 9
Вид Фото & Видео
Лиценца Freeware
Мреж. место instagram.com

Инстаграм е онлајн сервис за споделување на фотографии и друштвено вмрежување кој им овозможува на своите корисници да фотографираат, да додаваат дигитални филтри на фотографиите и да ги споделуваат на повеќе социјални мрежи вклучувајќи ја и нивната.[1] Специфично е тоа што Инстаграм ги ограничува фотографиите да имаат облик на коцка, слично како и Инстаматик на Кодак и Полароид фотографиите, за разлика од aspect ratio 4:3 кој вообичаено се користи од камерите на мобилните апарати.

Создадена е од Кевин Систром и Мајк Кригер и е пуштена во употреба во октомври 2010 година. Со преку 100 милиони активни корисници, сервисот брзо ја зголемува својата популарност во септември 2012 година. [2] Инстаграм е достапен преку App Store и преку Google Play.[3] Првично, Инстаграм беше достапен само заiPhone, iPad, и iPod Touch но, во април 2012 година сервисот стана достапен и за Android телефоните со камера кои работат на 2.2 Froyo.

Facebook, во својата најголема понуда за стекнување досега, понуди да го купи Инстаграм (заедно со 13-те вработени) за околу 1 милијарда долари во готовина и акции, во април 2012 година [4] со план за негово независно управување. [5] На 14ти август 2012 година, Британската Канцеларија за фер тргување ја одобри зделката,[6] а на 22ри август Федералната комисија за трговија во САД ја затвори својата истрага со што дозволи зделката да продолжи. [7][8]На 6ти септември 2012 година зделката официјално заврши. [9]

На 17 декември 2012 година, Инстаграм ги промени своите Услови за користење, со што тие можат, по 16ти јануари 2013 година, да ги продадат фотографиите на корисниците на трети лица без никакво известување. [10][11][12][13][14][15] Критиките од поборниците за приватност, корисниците, National Geographic[16] дури и Ким Кардашијан[17] која ја затвори својата корисничка сметка на Инстаграм, ги натера Инстаграм да објават изјава со која ги повлекуваат контроверзните услови. Овие услови предизвикаа многу од корисниците да се префрлат на други сервиси слични на Инстаграм како што е Flickr. [18][19][20] [21][22][23] Инстаграм сега работи на развивање нов јазик за да ги заменат проблематичните услови за користење.[24]

Историја[уреди]

Развивањето на Инстаграм започна во Сан Франциско кога Кевин Систром и бразилецот Michel "Mike" Krieger ќе решат да ја фокусираат нивната повеќе наменска HTML5 апликација за пријавување Burbn во мобилна фотографија.[25][26]

На 5 март, 2010 година, додека работи на Burbn, Систром ја затвора рундата почетно финансирање од $500 000 од Baseline Ventures и од Andreessen Horowitz.[27] Џош Ридел се придружува на компанијата како менаџер за управување со маркетиншки канали[28] Шејн Свини се приклучува во ноември 2010 година како инженер и Џесика Золман, во август 2011 година, како Community Evangelist.[29][30]

Во јануари 2011 година, Инстаграм додаде хаштагови за да им помогне на корисниците полесно да откриваат фотографии и други корисници. [31] Инстаграм ги охрабрува корисниците да одбираат тагови кои се специфични и соодветни наместо зборови како „photo“ со цел фотографите да се истакнат и да привлечат инстаграмери со слични интереси. [32] Во септември, во App Store (iOS)излезе верзијата 2.0 која вклучуваше нови филтри кои можат да се менуваат и пред да се фотографира, tilt shift, фотографии со висока резолуција, додатни рамки,ротирање со еден клик и подобрена икона.[33]

На 2 февруари 2011 година беше објавено дека Инстаграм собрал $7 милиони од Series A финансирањето од повеќе инвеститори вклучувајќи ги и Benchmark Capital, Jack Dorsey, Chris Sacca, и Adam D'Angelo.[34] Со зделката Инстаграм беше проценет дека вреди околу $25 милиони.[35]

На 3 април 2012 година излезе Инстаграм за Android. [36] и, за помалку од еден ден апликацијата беше симната повеќе од еден милион пати. [37] Истата недела Инстаграм собра $50 милиони од вложувачите во иновативни проекти за дел од акциите на компанијата. . Овој процес го направи Инстаграм вреден $500 милиони.[35] Во наредните три месеци Инстаграм го оцениле повеќе од еден милион корисници на Google Play[38] и со тоа стана петатта апликација која достигнала еден милион оцени на Google Play.

Засега нема планови апликацијата да стане достапна и за оперативниот систем на BlackBerry.[39] (Current alternatives for BlackBerry 7 devices include InstaPhoto,[40] LensBoost,[41] and Photo Studio,[42] two of which are available with various pricing.)

На 12 април 2012 година, Facebook го презеде Инстаграм за околу $1 милјарда во готовина и акции.[43][44] Договорот беше постигнат кратко пред Facebook да излезе на берза и го чинише четвртина од парите кои ги имаа на крајот од 2011 година. Договорот беше за компанија за која се вели дека нема никаков бизнис модел и дека цената која Facebook ја плати за Инстаграм се споредува со цената која Yahoo!ја плати за Flickr во 2005 година,веб-страница кој оттогаш се искачи меѓу 50 најпопуларни во светот. [5] a website which has since become among the 50 most popular in the world.[45] Марк Зукерберг вели дека Facebook се залага Инстаграм да се развива самостојно. спротивно од нивната вообичаена практика да, како што велат CNNMoney.com„купат интересни нови бизниси, да ги прекинат нивните проекти и да ги прераспределат нивните вработени на други проекти.“ [5] Според повеќе извештаи, зделката го направи извршниот директор на Инстаграм, Кевин Систром вреден $400 милиони врз основа на неговиот сопственички удел во бизнисот.[46]

Точната цена на купување е $300 милиони во готовина и 23 милиони во акции.[47]

Популарност[уреди]

Корисници[уреди]

Basic image and elaboration through Instagram

Во декември 2010 година, Инстаграм имаше 1 милион регистрирани корисници. [48] Во јуни 2011 година Инстаграм објави дека има 5 милиони корисници [49] а во септември истата година бројката се искачи на 10 милиони. [50] Во април 2012 година, беше објавено дека на Инстаграм се регистрирани на 30 милиони кориснички сметки. [51]

Инстаграм објави дека до јули 2011 година на нивниот сервис се прикачени 100 милиони фотографии а до август истата година -150 милиони..[52][53]

Инстаграм неодамна се појави на насловните страници со своите напори да го одржи позитивен простор на „инста-универумот“ и забрани употреба на хаштагови кои промовираат самоповредување.[54]

Постојат основни Услови за Користење tкои корисниците на Инстаграм треба да ги почитуваат. Овде спаѓаат: минимална годишна возраст од 13 години, забрани за објавување голотија, делумна голотија или сексуално сугестивни фотографии, одговорност за својата корисничка сметка и активноста поврзана со неа.[55]

Исто така постојат сопственички права за содржината на Инстаграм. Инстаграм не е сопственик на текстовите, датотеките, сликите, фотографиите, видеата, звуците, музичките дела, авторските дела, апликации или други материјали кои корисниците ги објавуваат на или преку Инстаграм сервисот.[55]

Заклучно со мај 2012 година, [56] на секоја секунда се прикачуваа по 58 фотографии и се регистрираше по еден нов член. Вкупнот број на прикачени фоторафии надмина една милјарда.

На 9 август 2012 година, англиската музичарка Ели Гулдинг излезе со ново музичко видео за нејзината песна "Anything Could Happen". Видеото содржи фотографии прикачени од нејзините фанови со различни филтри кои претставуваат збор или ред од текстот на песната. [57]

Трендови[уреди]

Богати деца на Инстаrрам Богатите деца на Инстаграм е блог на Tumblr на кој има фотографии на кои се прикажани различни форми на претерано трошење. [58] Примери за фотографии поставени на овој блог се фискални сметки од над $100 000 долари, деца на приватни авиони или јахти, скапи обувки, часовници, накит и др.[58]

Викенд хаштаг проект Овој проект е серија се состои од одредени теми и хаштагови кои се одбрани од тимот на Инстаграм. [59] Корисниците го дознаваат проектот секој петок и секој проект ги охрабрува учесниците да објавуваат креативни фотографии во согласност со определената тема секој викенд.[59]

Критики и тужби[уреди]

Услови за користење[уреди]

На 17 декември 2012 година, Инстаграм објави измена во условите за користење која предизвика широка осуда од своите корисници. Контроверзните промени во политиката се направени за да им се овозможи на бизнисите или други субјекти да му плаќаат на Инстаграм да прикажува фотографии и други детали на корисниците кои се побрзани со спонзорираната содржина или промоциите, без никаква компензација или известување на корисникот кој ја прикачил таа фотографија. Нема никаква можност за избегнување на изменетите услови за користење.[60]

Ова предизвика сериозни критики од поборниците за приватност како и од потрошувачите. После еден ден, Инстаграм се извини изјавувајќи дека ќе ги отстрани контроверзните делови од условите за користење. .[61] Кевин Систром,коосновачот на Инстаграм ја разјасни политиката на компанијата изјавувајќи го следното:

„Нашата намера со ажурирање на условите беше да дадеме до знаење дека би сакале да експериментираме со иновативен маркетинг кој би бил соодветен за на Инстаграм. Наместо тоа, многумина сфатија дека ќе ги продаваме вашите слики на трети лица без никаква компензација. Ова не е вистина и наша грешка е што овие делови се збунувачки. Да биде јасно, нашата намера не е да ги продаваме вашите слики. Работиме на измените на овие делови за да се осигуриме дека ова е разјаснето.“ . [24]

Фото филтри[уреди]

  • Normal - без промени
  • X-Pro II - топол, сатуриран ефект. Нагласени жолти тонови
  • Earlybird - избледен, заматен, со жолти и беж тонови
  • Lo-fi - малку заматен, со жолти и зелени нијанси
  • Sutro - Сепиа ефект. Нагласени жолти и виолетови тонови . целата фотографија се затемнува
  • Toaster - зголемена експозиција, малку заматено
  • Brannan - доминација на темни тонови со неколку светли тонови. Нагласени сиви и зелени нијанси
  • Willow - Црно-бело со низок контраст
  • Valencia - голем контраст со нијанси на сиво и кафеаво
  • Inkwell - црно-бел филтер со голем контраст
  • Walden - избледена боја со светло сини тонови
  • Hefe - класична боја со златни и жолти тонови
  • Nashville - Aвиолетово-сина нагласеност со рамка. Еден од најпопуларните филтри на Инстаграм
  • 1977 - розевкасти тонови
  • Kelvin - многу сатурирано, ретро слика со изгребена рамка. Претходно именуван како "Lord Kelvin"
  • Amaro - послаб контраст со бледи тонови

Сите ефекти се од 2.5.1 верзијата на iOS.[62]

Бизниси[уреди]

Фирма за графички дизајн од Италија неодамна разви прототип за дигитален фотоапарат наречен Socialmatic со надворешност дизајнирана да изгледа како иконата на Инстаграм. Фотоапаратот е дизајниран со 16GB простор за складирање, безжичен интернет и Bluetooth, можност за поврзување со Инстаграм апликацијата и можност за изработување фотографии. Проектот (очигледно ниту е поврзан, ниту е одобрен од Инстаграм) бара помош и финансирање од луѓето преку Indiegogo, со цел да стане достапен како продукт.[63][64] Инстаграм се покажува како успешен пазар за услуги.[65]

Додатоци[уреди]

  • Instamap е апликација достапна за iPad која им овозможува на корисниците да наоѓаат фотографии според нивната локација или хаштаг. Резултатите можат да се прикажат како галерија или да се прикажат на мапа. [66]
  • 100 Cameras in 1 е апликација достапна за iPhone корисници која овозможува дополнителни ефекти за фотографии прикачени на Инстаграм. [66]
  • Carousel за Mac, овозможува прикажување на Инстаграм фотографии во живо на Mac компјутерите.[66]
  • Statigr.am е бесплатна апликација која дава лична статистика поврзана со Инстаграм, вклучувајќи и број на следбеници, допаѓања и коментари заедно со статистика за користење.[66]
  • Instagram & Printing - Instaprint нуди уред кој може да се изнајми за општествени собирање и им овозможува на корисниците да печатат фотографии од Инстаграм[66] Printsgramим овозможува на корисниците колекцијата од фотографии од Инстаграм да им се испечати како постоер или налепници.[66]
  • Printic го нуди еден од најлесните начини за печатење и споделување Инстаграм фотографии од iPhone. Фотографиите доаѓаат во старомоден 3x4” формат со портокалов плик и порака за примателот.[66]

Awards[уреди]

Во јануари 2011 година, Инстаграм беше учесник во трката за „Најдобра мобилна апликација“ во изборот Crunchies од 2010 година на TechCrunch[67]

  • Во мај 2011 година Fast CompanyCompany го наведе извршниот директор Кевин Систром како 66ти во листатата на „100те најкреативни луѓе во бизнис во 2011 година“. [68]
  • Во јуни 2011 година, Inc. ги вклучи коосновачите Систром и Кригер во нивната листа „30 под 30“ за 2011 година.[69]
  • Во септември 2011 година, Инстаграм ја доби наградата “Најдобра локално направена апликација“ на SF Weekly Интернет наградите.[70]
  • Весникот 7x7Magazine во своето септемвриско издание ги стави Систром и Кригер на насловната страница на нивното издание „Најзгодните 20 за 2011 година“[71]
  • Во декември 2011 година Apple Inc. ја прогласи Инстаграм за „Апликација на годината“ за 2011 година.[72]

Наводи[уреди]

  1. Frommer, Dan (1 ноември 2010). „Here's How To Use Instagram“. „Business Insider. http://www.businessinsider.com/instagram-2010-11. конс. 20 мај 2011. 
  2. „The Instagram Community Hits 100 Million Users“. „TechNews Daily“. 14 септември 2012. http://www.technewsdaily.com/4841-4-ways-eyeem-beats-instagram.html. конс. 14 септември 2012. 
  3. Murph, Darren (3 април 2012). „Instagram comes to Android, available to download now“. „Engadget“. AOL. http://www.engadget.com/2012/04/03/instagram-android-download-now-available/. конс. 13 август 2012. 
  4. Stern, Joanna (9 април 2012). „Facebook Buys Instagram for $1 Billion“. „ABC News“. ABC. http://abcnews.go.com/blogs/technology/2012/04/facebook-buys-instagram-for-1-billion/. конс. 27 април 2012. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Segall, Laurie (9 април 2012). „Facebook acquires Instagram for $1 billion“. „CNNMoney.com“. CNN. http://money.cnn.com/2012/04/09/technology/facebook_acquires_instagram/. конс. 9 април 2012. 
  6. Facebook's Instagram bid gets go-ahead from the OFT“, BBC News, 16 август 2012 (конс. 16 август 2012).
  7. How Instagram Could Have Cut A Better Deal“, The New York Times, 20 август 2012 (конс. 20 август 2012).
  8. FTC Closes Its Investigation Into Facebook's Proposed Acquisition of Instagram Photo Sharing Program“, Federal Trade Commission, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  9. Welcoming Instagram to Facebook“, Facebook, 6 септември 2012 (конс. 20 септември 2012).
  10. Instagram wants right to sell users' photos to advertisers“, 18 декември 2012.
  11. WORTHAM, JENNA. „What Instagram’s New Terms of Service Mean for You“, 17 декември 2012.
  12. „Privacy and Terms of Service Changes on Instagram“. Instagram. http://blog.instagram.com/post/38143346554/privacy-and-terms-of-service-changes-on-instagram. 
  13. McCullagh, Declan. „Instagram says it now has the right to sell your photos“, 17 декември 2012.
  14. BYERS, ALEX. „Instagram to share some user data with Facebook“, 18 декември 2012.
  15. Brown, Eileen. „So Instagram can now sell your photos: Get over it“, 18 декември 2012.
  16. http://www.theverge.com/2012/12/18/3782526/national-geographic-suspends-instagram-account
  17. „Kim Kardashian threatens to shut down?“. The New Age. http://www.thenewage.co.za/74998-1022-53-Kim_Kardashian_threatens_to_shut_down. конс. 25 декември 2012. 
  18. „How we fled Instagram for Flickr, other photo options“. San Jose Mercury News. http://www.mercurynews.com/breaking-news/ci_22215501/how-we-fled-instagam-flickr. конс. 25 декември 2012. 
  19. „Instagram's Fumble Is Flickr's Gain“. Media Post Blog. http://www.mediapost.com/publications/article/189658/instagrams-fumble-is-flickrs-gain.html#axzz2G4AJMO1s. конс. 25 декември 2012. 
  20. „Instagram’s Loss Is a Gain for Its Rivals“. The New York Times. http://bits.blogs.nytimes.com/2012/12/20/instagrams-loss-is-other-apps-gain/. конс. 25 декември 2012. 
  21. „TechBits: Frustrated with Instagram? Try out Flickr’s new app“. The Washington Post. http://www.washingtonpost.com/business/techbits-frustrated-with-instagram-try-out-flickrs-new-app/2012/12/20/a686cada-49f5-11e2-b6f0-e851e741d196_story.html. конс. 25 декември 2012. 
  22. „The New Flickr App: It's Like Instagram But Better“. The Huffington Post. http://www.huffingtonpost.com/craig-kanalley/new-flickr-app-instagram_b_2331781.html. конс. 25 декември 2012. 
  23. „Flickr for iOS Update Brings Visual, Social Improvements“. PC Mag. http://www.pcmag.com/article2/0,2817,2413416,00.asp. конс. 25 декември 2012. 
  24. 24,0 24,1 Systrom, Kevin (18 декември 2012). „Thank you, and we’re listening“. „Instagram“. Instagram. http://blog.instagram.com/post/38252135408/thank-you-and-were-listening. конс. 19 декември 2012. 
  25. Systrom, Kevin (7 октомври 2010). „What is the history of Instagram“. „Quora. http://www.quora.com/Instagram/What-is-the-history-of-Instagram. конс. 2 септември 2011. 
  26. Sengupta, Somini; Perlroth, Nicole; Wortham, Jenna (13 април 2012). „Behind Instagram’s Success, Networking the Old Way“. „The New York Times“. The New York Times Company. http://www.nytimes.com/2012/04/14/technology/instagram-founders-were-helped-by-bay-area-connections.html. конс. 15 април 2012. 
  27. Siegler, MG (Marxh 5, 2010). „Burbn's Funding Goes Down Smooth. Baseline, Andreessen Back Stealthy Location Startup.“. „TechCrunch“. AOL. http://techcrunch.com/2010/03/05/burbn-funding/. конс. 4 октомври 2011. 
  28. Shontell, Alyson (9 април 2012). „Meet The 13 Lucky Employees And 9 Investors Behind $1 Billion Instagram“. „Business Insider. http://www.businessinsider.com/instagram-employees-and-investors-2012-4?op=1. конс. 13 август 2012. 
  29. Siegler, MG (17 ноември 2010). „Instakarma: Instagram Expands Team And Moves Into Twitter's Original Office“. „TechCrunch“. AOL. http://techcrunch.com/2010/11/17/instagram-twitter-office/. конс. 2 септември 2011. 
  30. Beltrone, Gabriel (29 јули 2011). „Instagram Surprises With Fifth Employee Small-staffed photo startup hires an early adopter to evangelize“. „Adweek“. Prometheus Global Media. http://www.adweek.com/news/technology/instagram-surprises-fifth-employee-133784. конс. 2 септември 2011. 
  31. „Introducing Hashtags on Instagram“. „Instagram Blog“. Facebook. 27 јануари 2011. http://blog.instagram.com/post/8755963247/introducing-hashtags-on-instagram. конс. 4 октомври 2011. 
  32. „Instagram Tips: Using Hashtags“. „Instagram Blog“. Facebook. 16 февруари 2012. http://blog.instagram.com/post/17674993957/instagram-tips-using-hashtags. конс. 11 јули 2012. 
  33. „Introducing Instagram v2.0“. „Instagram Blog“. Facebook. 20 септември 2011. http://blog.instagram.com/post/10444123475/v20. конс. 4 октомври 2011. 
  34. Siegler, MG (2 февруари 2011). „Instagram Filters Through Suitors To Capture $7 Million In Funding Led By Benchmark“. „TechCrunch“. AOL. http://techcrunch.com/2011/02/02/instagram-funding/. конс. 4 октомври 2011. 
  35. 35,0 35,1 Primack, Dan (9 април 2012). „Did Facebook panic?“. „CNNMoney.com“. CNN. http://finance.fortune.cnn.com/2012/04/09/did-facebook-panic/. конс. 9 април 2012. 
  36. Honan, Mat; Rose, Brent (3 април 2012). „Instagram for android arrives“. „Gizmodo“. Gawker Media. http://gizmodo.com/5898706/instagram-for-android-arrives. конс. 10 април 2012. 
  37. Blagdon, Jeff (4 април 2012). „Instagram for Android breaks 1 million downloads in less than a day“. „The Verge“. Vox Media. http://www.theverge.com/2012/4/4/2924600/instagram-android-1-million-downloads. конс. 13 август 2012. 
  38. „Instagram“. „AndroidRank.org“. http://www.androidrank.org/details?id=com.instagram.android. конс. 12 август 2012. 
  39. http://crackberry.com/dont-believe-everything-you-read-instagram-coming-blackberry-10
  40. Buy InstaPhoto - Instagram Like-App - Download InstaPhoto - Instagram Like-App - Buy Apps from BlackBerry App World
  41. Buy LensBoost - Download LensBoost - Buy Apps from BlackBerry App World
  42. Free Photo Studio - Download Photo Studio - Free Apps from BlackBerry App World
  43. Primack, Dan (9 април 2012). „Breaking: Facebook buying Instagram for $1 billion“. „CNNMoney.com“. CNN. http://finance.fortune.cnn.com/2012/04/09/breaking-facebook-buying-instagram-for-1-billion/. конс. 9 април 2012. 
  44. „Facebook to Acquire Instagram“. „Facebook Newsroom“. Facebook. 9 април 2012. http://newsroom.fb.com/Announcements/Facebook-to-Acquire-Instagram-141.aspx. конс. 9 април 2012. 
  45. „Flickr.com Site Info“. Alexa Internet. http://www.alexa.com/siteinfo/Flickr.com. конс. 9 април 2012. 
  46. Isaac, Marc (9 април 2012). „Facebook Buys Instagram“. „Wired“. Condé Nast Digital. http://www.wired.com/epicenter/2012/04/facebook-buys-instagram/. конс. 13 август 2012. 
  47. Protalinski, Emil (23 април 2012). „Facebook buying Instagram for $300 million, 23 million shares“. „ZDNet“. CBS Interactive. http://www.zdnet.com/blog/facebook/facebook-buying-instagram-for-300-million-23-million-shares/12097. конс. 27 мај 2012. 
  48. „The Instagram Community – One Million and Counting“. „Instagram Blog“. Facebook. 21 декември 2010. http://blog.instagram.com/post/8755444024/the-instagram-community-one-million-and-counting. конс. 4 октомври 2011. 
  49. Siegler, MG (13 јуни 2011). „At 5 Million Users, It's Hard Not To View Instagram Through A Rose-Colored Filter“. „TechCrunch“. AOL. http://techcrunch.com/2011/06/13/instagram-five-million-users/. конс. 4 октомври 2011. 
  50. „The Instagram Community – Ten Million and Counting“. „Instagram Blog“. Facebook. 26 септември 2011. http://blog.instagram.com/post/10692926832/10million. конс. 4 октомври 2011. 
  51. „Instagram for Android – Available Now“. „Instagram Blog“. Facebook. 3 април 2012. http://blog.instagram.com/post/20411305253/instagram-for-android-available-now. конс. 9 април 2012. 
  52. „Testing, Testing…“. „Instagram Blog“. Facebook. 16 јули 2011. http://blog.instagram.com/post/8758396471/testing-testing. конс. 4 октомври 2011. 
  53. „150,000,000 Photos“. „Instagram Blog“. Facebook. 3 август 2011. http://blog.instagram.com/post/8758450298/150-000-000-photos. конс. 4 октомври 2011. 
  54. Nelson, Robert (22 април 2012). „Instagram puts their foot down, bans self-harm promoting hashtags“. „TechnologyTell.com“. GadgeTell. http://www.technologytell.com/gadgets/94544/instagram-puts-their-foot-down-bans-self-harm-promoting-hashtags/. конс. 24 април 2012. 
  55. 55,0 55,1 „Terms of Use“. „Instagram.com“. Facebook. http://instagram.com/legal/terms/. конс. 13 август 2012. 
  56. Infographic: Instagram Statistics 2012 | Digital Buzz Blog
  57. Ellie Goulding Instagram Fan Video for 'Anything Could Happen'
  58. 58,0 58,1 Frank, Robert. „'Rich Kids of Instagram': Overserved and Oversharing“. Yahoo!. архивирано од оригиналот на 10 февруари 2013. http://archive.is/DzKbY. конс. 17 август 2012. 
  59. 59,0 59,1 „Instagram Blog“. http://blog.instagram.com/. конс. 15 август 2012. 
  60. Pepitone, Julianne (18 декември 2012). „Instagram can now sell your photos for ads“. „CNNMoney“. CNN. http://money.cnn.com/2012/12/18/technology/social/instagram-sell-photos/index.html?iid=s_mpm#comments. конс. 18 декември 2012. 
  61. McCullagh, Declan. „Instagram apologizes to users: We won't sell your photos“, 18 декември 2012 (конс. 19 декември 2012).
  62. A Guide to the Instagram Filters You'll Soon Be Seeing on Facebook - Megan Garber - The Atlantic
  63. Armenio, Rita (10 мај 2012). „Welcome Instagram Socialmatic Camera!“. „ADR-Studio.it“. http://www.adr-studio.it/site/?p=399. конс. 21 мај 2012. 
  64. „The Instagram Socialmatic Camera Concept Would Bring The Photo Sharing App To Real Life“. „TechCrunch“. AOL. 10 мај 2012. http://techcrunch.com/2012/05/10/the-instagram-socialmatic-camera-concept-would-bring-the-photo-sharing-app-to-real-life/. конс. 21 мај 2012. 
  65. „On Instagram, a Thriving Bazaar Taps a Big Market“. 14 декември 2012. http://www.nytimes.com/2012/12/15/technology/on-instagram-a-thriving-bazaar-taps-a-big-market.html?pagewanted=all. конс. 15 декември 2012. 
  66. 66,0 66,1 66,2 66,3 66,4 66,5 66,6 Kelly, Heather (3 јуни 2011). „10 cool things to do with Instagram“. MacWorld. http://www.macworld.com/article/1160269/instagramprojects.html. конс. 20 август 2012. 
  67. „Congratulations Crunchies Winners!“. „TechCrunch“. AOL. 25 јануари 2011. http://crunchies2010.techcrunch.com/2011/01/congratulations-crunchies-winners/. конс. 4 октомври 2011. 
  68. „The 100 Most Creative People in Business in 2011“. „Fast Company“. Mansueto Ventures. мај 2011. http://www.fastcompany.com/most-creative-people/2011/kevin-systrom-instagram. конс. 4 октомври 2011. 
  69. Lagorio, Christine (27 јуни 2011). „Kevin Systrom and Mike Krieger, Founders of Instagram“. „Inc.“. Mansueto Ventures. http://www.inc.com/30under30/2011/profile-kevin-systrom-mike-krieger-founders-instagram.html. конс. 4 октомври 2011. 
  70. Swearingen, Jake (2 септември 2011). „SF Weekly Web Awards 2011: We Have Some Winners!“. „SF Weekly“. Village Voice Media. http://blogs.sfweekly.com/exhibitionist/2011/09/sf_weekly_web_awards_2011_we_h.php. конс. 4 октомври 2011. 
  71. „The Hot 20 2011“. „7x7“. 23 септември 2011. http://www.7x7.com/magazine/hot-20-2011. конс. 4 октомври 2011. 
  72. Tsukayama, Hayley (9 декември 2011). „Apple names Instagram top app of the year“. „The Washington Post“. The Washington Post Company. http://www.washingtonpost.com/business/technology/apple-names-instagram-top-app-of-the-year/2011/12/09/gIQAg1VuhO_story.html. конс. 9 декември 2011. 

Надворешни врски[уреди]