Корчула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Корчула е остров во Јадранско Море покрај далматинскиот брег и припаѓа на Дубровничко-неретванска жупанија.

Географија[уреди]

Корчула зафаќа површина од 279 km² и има 16 000 жители. Главен град e Корчула. Други градови на островот Корчула се: Блато, Вела Лука, места во внатрешноста: Жрново, Пупнат, Смоквица, Чара и други. Највисоките врвови се Клупца (568m) и Ком (510m). Климата е блага медитеранска. Просечна температура во јануари е 9.8 °C, а просечна температура во јули е 26.9 °C.

Корчулански Барокен Фестивал[уреди]

Корчулански Барокен Фестивал е нов годишен меѓународен музички фестивал, чие прво изведување било од 7 до 16 септември 2012 година. На фестивалот настапиле светски и домашни ансамбли и солисти како што се The Academy of Ancient Music и Red Priest (Велика Британија), Le Parlament de Musique (Франција), Currende и Erik Van Nevel (Белгија), La Venexiana (Италија), Хрватски Барокен Ансамбл (Хрватска).

Видете исто така[уреди]

Извори[уреди]