Мартин Демикелис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мартин Демикелис.

Мартин Гастон Демикелис (шпан. Martín Gastón Demichelis, роден 20 декември 1980 во Јустиниано Посе, Кордоба) е аргентински фудбалер кој моментално игра за Баерн Минхен како одбранбен играч. Тој е член и на Фудбалската репрезентација на Аргентина.

[уреди] Кариера

Со професионален фудбал Демикелис почнал да се занимава во 1998 година во буеносаирескиот клуб Ривер Плејт, каде во прва постава не заиграл сè до 2001. Имал неколку добри настапи во аргентинскиот клуб, што довело до заминување во минхенски Баерн во 2003 година. Првата сезона во германскиот клуб не била позитивна, претрпел неколку повреди; но со доаѓањето на тренерот Феликс Магата започнал почесто да игра во првата постава. Играл многу често во двете сезони во кои Баерн ја освојува и лигата, и купот (2005 и 2006). На 11 септември 2007 го постигнал првиот погодок за репрезентацијата во пријателскиот натпревар против Австралија која завршила со резултат 1:0.

[уреди] Награди и успеси

Аргентинско првенство: 2002., 2003.
Германска лига: 2005., 2006., 2008.
Куп на Германија: 2005., 2006., 2008.
Германски лига-куп: 2004., 2007.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици