Фудбалска репрезентација на Уругвај
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Фудбалската репрезентација на Уругвај е фудбалски тим кој го претставува Уругвај на меѓународните натпревари и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Уругвај.
Уругвај го освоил Светското првенство; првиот пат во 1930 година (кога бил домаќин), победувајќи ја во финалето Аргентина со 4-2. Втор пат го освоиле во 1950, кога во финалето со 2-1 го победиле Бразил. Тимот исто така освоил и две златни медали на Летните олимписки игри во 1924 и 1928, пред создавањето на Светското првенство. Уругвај освоил повеќе меѓународни титули (19) во 20 век за разлика од било која друга земја во светот и сè уште го држи овој рекорд, иако сега го споделува со Аргентина.
Нивниот успех го зголемува и фактот што Уругвај има многу малку жители. Уругвај е единствената земја во светот која го освоила Светското првенство, а има помалку од 4 милиони жители. Всушност, само шест нации со население помало од тоа на Уругвај досега учествувале на Светското првенство: Северна Ирска (3 пати), Велс, Кувајт, Словенија и Тринидад и Тобаго. Исто така, Уругвај е најмалата нација која го освоила Олимпискиот медал во било кој тимски спорт.
Уругвај е и најмалиот член на КОНМЕБОЛ-от, јужноамериканската фудбалска конфедерација. Без оглед на тоа, Уругвај го освоил 14 пати Американското првенство, рекорд кој го споделува со Аргентина.
Меѓутоа, нивото на фудбалската репрезентација на Уругвај се намалило во последно време, бидејќи Уругвај се квалификувал само еднаш во последните четири Светски првенства, иако останал силен тим во Јужна Америка, завршувајќи на третото и четвртото место во последните два Американски купови.
Резултати на репрезентацијата[уреди]
Светски првенства[уреди]
| 1930 во Уругвај | првак |
| 1934 во Италија | не учествувала |
| 1938 во Франција | не учествувала |
| 1950 во Бразил | првак |
| 1954 во Швајцарија | 4 место |
| 1958 во Шведска | не се квалифицирала |
| 1962 во Чиле | 1 коло |
| 1966 во Англија | четвртфинале |
| 1970 во Мексико | 4 место |
| 1974 во Германија | 1 коло |
| 1978 во Аргентина | не се квалифицирала |
| 1982 во Шпанија | не се квалифицирала |
| 1986 во Мексико | 2 коло |
| 1990 во Италија | 2 коло |
| 1994 во САД | не се квалифицирала |
| 1998 во Франција | не се квалифицирала |
| 2002 во Јужна Кореја/Јапонија | 1 коло |
| 2006 во Германија | не се квалифицирала |
| 2010 во Јужноафриканска Р. | се квалифицирала |
Актуелен кадар[уреди]
| Број | Име | Клуб | Роденден | |||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Голмани | ||||||||
| 1 | Фернандо Муслера | |||||||
| 12 | Хуан Кастиљо | |||||||
| 23 | Мартин Силва | |||||||
| Одбрана | ||||||||
| 2 | Диего Лугано | |||||||
| 3 | Диего Годин | |||||||
| 4 | Хорхе Фусиле | |||||||
| 6 | Андрес Скоти | |||||||
| 16 | Макси Переира | |||||||
| 20 | Маурисио Викторино | |||||||
| 22 | Мартин Касерес | |||||||
| Среден ред | ||||||||
| 5 | Валтер Гаргано | |||||||
| 8 | Себастијан Егурен | |||||||
| 11 | Алваро Переира | |||||||
| 14 | Николас Лодеиро | |||||||
| 15 | Диего Перез | |||||||
| 17 | Ихнасио Гонзалез | |||||||
| 18 | Егидио Аревало Риос | |||||||
| 21 | Алваро Фернандез | |||||||
| Напад | ||||||||
| 7 | Единсон Кавани | |||||||
| 9 | Луис Суарез | |||||||
| 10 | Диего Форлан | |||||||
| 13 | Себастијан Абреу | |||||||
| 19 | Себастијан Фернандез | |||||||