ФК Коло Коло
| Целосно име | Club Social y Deportivo Colo-Colo | ||
|---|---|---|---|
| Прекар(и) | Los Albos, El Cacique | ||
| Основан | 19 април 1925 | ||
| Терен | Естадио Давид Арељано Сантијаго, Чиле (Капацитет: 45,935) |
||
| Менаџер | |||
| Лига | Примиера Дивизион | ||
| 2010–11 | Чилеанска Примера Дивизион, 7-ми | ||
| Веб страна | Официјално мрежно место | ||
|
|||
Коло-Коло (шпански:|Club Social y Deportivo Colo-Colo) е фудбалски клуб од Сантијаго , Чиле. Името го носи по индијанскиот поглавар.
Тимот е еден иницијатоите на чилеанската професионална лига. Основач е на јужноамериканскиот куп кој денес е познат под името Копа Либертадорес.
Освојувач е на многобројни трофеи во Чиле и единствен клуб од оваа земја кој некогаш триумфирал во Копа Либертадорес (1991). Истата година игра во Интерконтиненталниот куп на Олимпијскиот стадион во Токио, кадe е поразен од Црвена Ѕвезда.
Содржина |
Ривали [уреди]
Традиционален најголем ривал на Коло Коло е тимот на Универзидад де Чиле, со кого го играат познатото дерби во Чиле наречено како Superclásico (Супер Класико), и тоа воедно е најпопуларното фудбалско дерби во Чиле. Првиот натпревар помеѓу двата клуба се одигра во 1935 година. Ривалство почнува помеѓу 1940-тите и 1950-тите. 11 Ноември 1954 година ќе биде кулминација на серијата несогласувања помеѓу двата клуба. Таа средба заврши со победа за Универзидад де Чиле со 2-1, и со овој резултат ќе започне серијата на добри резултати на "блуз" против Коло-Коло.
Коло-Коло успеа да го поништи овој тренд во текот на следната 21-на година, 50 меча од Првата дивизија игри се одиграни во периодот помеѓу 1970 и 1991 година, со 26 победи за Коло Коло, 15 равенства, и само 9 победи за Универзидад де Чиле.
Двата врвни клубови се сретнале 167 пати со 73 победи за Коло Коло, 49 нерешени натпревари и 45 победи за Универидзад.
Играчи [уреди]
Моментален Состав [уреди]
|
|

