Мартин Касерес

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мартин Касерес
Martin Cáceres
Martin caceres.jpg
Лични податоци
Роден на 7 април 1987 (1987-04-07) (25 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Висина 1,82 m (5 ft 11+12 in)
Положба центар бек, десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус
Број 4
Младинска кариера
Дефензор Спортинг
Кариера*
Години Клуб Apps (Gls)
2006–2007 Дефензор Спортинг 26 (4)
2007-2008 Виљареал 0 (0)
2007–2008 Рекреативо Хуелва(позајмен) 34 (2)
2008-2011 Барселона 16 (0)
2009-2010 Јувентус(позајмен) 15 (1)
2010-2011 Севиља(позајмен) 25 (1)
2011- Севиља 14 (1)
2012- Јувентус(позајмен) 1 (0)
Национален тим
2007- Уругвај 38 (1)
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 6 јануари 2011.

† Appearances (Goals).

‡ National team caps and goals correct as of 17 ноември 2010

Хозе Мартин Касерес Силва (роден на 7 април, 1987 во Монтевидео) е уругвајски професионален фудбалер кој игра за ФК Јувентус во Серија А на заем од Севиља. Неговата примарна позиција е центарален дефанзивец, но исто така можам да игра и како десен бек или лев бек.

Содржина

[уреди] Клупска кариера

[уреди] Рани години

Касерес ја започна својата кариера во тимот кој се наоѓа во неговиот роден град Монтевидео, Дефензор Спортинг, станувајќи стандарден играч во првиот тим на многу млада возраст, и се натпреварува во една цела сезона во Примера Дивизион Уругваја со тимот. Во почетокот на февруари 2007 година, тој веќе потпиша за шпанскиот тим Виљареал, на кој му се приклучи во јуни иако договорот беше потпишан во месец фебруари 2007-ма година.

По пристигнувањето во Виљареал, Касерес беше веднаш испратен на позајмица на новиот Ла Лига тим, Рекреативо Хуелва и е еден од најчесто користените играчи за време на сезоната 2007-08 во шпанската лига (2988 минути, најчесто како партнер на португалецот Бето во централна одбранбена линија). Тој помогна многу за останувањето на андалузијците во најквалитетната шпанска лига, завршувајќи на 16-тата позиција; на 9 јануари 2008 година, тој постигна гол против екипата која беше сопственик на неговите права во Копа дел Реј (1-0 победа, но 1-2 пораз во вкупен резултат) и никогаш не се појави официјално во дресот на жолтата подморница.

[уреди] Барселона

Во јуни 2008-ма Касерес дојде во тимот на Барселона. Поради многу големата конкуренција тој одигра многу малку мечеви за тимот во сезоната, но заработи медал за победник во Лигата на шампионите, откако беше неискористена резерва во финалето против Манчестер Јунајтед што Барселона го доби со 2-0.

Во август 2009 Касерес доаѓа во италијанскиот калчолигаш Јувентус на позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната за 11 милиони евра. Сезоната почна одлично за Касерес и тој се запиша во листата на стрелците, веќе на своето деби против Лацио во гостинската победа на неговиот тим од 2-0. Тој почна да биде стандарден првотимец, но за негова несреќа по него дојдоа многубројни повреди, па така тој неуспеа да се избори за регуларен договор со тимот од Торино.

[уреди] Севиља

На 30 август 2010 година, Касерес се врати во Шпанија и му се приклучи на тимот на Севиља на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откупување. Тој почнува да игра редовно за тимот предводен од Грегорио Манзано, особено по враќањето на десниот бек Абдулај Конко до Џенова, во јануари 2011 година.

На 1 мај 2011 година, Касерес беше тешко повреден од страна на Михаел Јакобсен во натпреварот против ФК Алмерија, по што тој страда од болка во бубрезите по опасниот старт. На Данецот му беше доделен директен црвен картон, а за Касерес првично беше објавено дека ќе го пропушти остатокот од сезоната, но тој чудесно се опорави за последните два меча, а Севиља заврши на петтото место и се избори за место во УЕФА Лига Европа.

На 31 мај 2011 година, Севиља се согласи на 3.000.000 € договор плус 1.500.000 € во променливи со Барселона за трајно останување на Касерес на Рамос Санчез Пизхуан стадионот. Кон крајот на јануари 2012 година, сепак, тој се врати во Јувентус, на позајмица како и минатиот пат со можност за откуп.

[уреди] Јувентус

На 8-ми фебруари 2012, Касерес дебитира за Јуве по своето враќање, во мечот против Милан на гости во полуфиналето на Копа Италија. Тој ги одигра комплетните 90 минути и ги постигна двата гола во победата на Јувентус од 2-1.

Својот прв меч во Серија А по враќањето во Италија го одигра на 15-ти фебруари 2012 против Парма кога влезе во 88-мата минута на местото на Стефан Лихтштајнер.

[уреди] Титули

[уреди] Барселона

Ла Лига  : 2008-09

Копа дел Реј  : 2008-09

Лига на Шампиони  : 2008-09

[уреди] Италија Јувентус

[уреди] Фудбалска селекција на Уругвај

Копа Америка  : 2011


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици