Диего Годин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уругвај Диего Годин
Лични податоци
Полно име Диего Роберто Годин Леал
Роден на 16 февруари 1986(1986-02-16)(38 г.)
Роден во Розарио, Уругвај
Висина 1.85 м
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 2
Младинска кариера
Дефенсор Спортинг Дефенсор Спортинг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2006 Серо 63 (6)
2006–2007 Насионал Насионал 26 (0)
2007–2010 Виљареал Виљареал 91 (4)
2010–2019 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 277 (17)
2019– Интер Интер 1 (0)
Репрезентација
2005– Уругвај Уругвај 108 (8)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 18 мај 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 јуnи 2014

Диего Роберто Годин Леал (шпански изговор: [ˈdjeɣo ɣoˈðin]; роден на 16 февруари 1986 во Розарио) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Интер и на уругвајската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години / Вилјареал[уреди | уреди извор]

Годин ја започнал својата фудбалска кариера во Серо на 17 годишна возраст. По неговите добри настапи, тој потпишал за уругвајскиот прволигаш Насионал Монтевидео, каде за брзо време станал капитен на тимот поради неговата зрелост и професионализам.

Во август 2007, Годин потпишал петгодишен договор шпанскиот прволигаш Виљареал,[1] постигнувајќи погодок во својот втор натпревар, во поразот од 2-3 против Осасуна на 7 октомври.[2] Во својата прва сезона во шпанската Ла Лига, тој одиграл 24 натпревари и бил дел од најдобриот пласман на Виљареал кој завршил на второто место. Тој ја зацврстил својата почетна позиција во наредните сезони, најчесто играјќи со аргентинецот Гонсало Родригес во срцето на одбраната.

Атлетико Мадрид[уреди | уреди извор]

На 4 август 2010, откако ја одиграл својата најдобра сезона во Виљареал - 36 натпревари, три гола - Годин потпишал со Атлетико Мадрид петгодишен договор.[3] Својот прв настап за Колчонеросите го имал на 27-ми истиот месец, одигрувајќи го целиот натпревар во победата од 2-0 против италијанскиот гигант Интер во УЕФА Супер Купот 2010.

На 1 ноември 2013, Годин потпишал нов договор со Атлетико, кој го обврзува да остане во клубот до 2018 година. Тој изјавил: "Возбуден што го продолжив мојот престој во клубот. Ова е мојот дом".[4] Во сезоната 2013-14, тој постигнал четири гола за Атлетико[5][6][7] вклучувајќи го оној во последното коло на 17 мај 2014 против Барселона со кој го израмнил резултатот на 1–1 и му ја донел титулата на клубот по 18 години.[8] Една недела подоцна, повторно со глава, тој го постигнал водечкиот гол за Атлетико во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, но сепак на крајот Реал ја освоил титулата победувајќи со 4–1.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На само 19 годишна возраст, Годин го имал својот прв настап за Уругвај, во пријателскиот натпревар помеѓу Мексико, во Гвадалахара. Тој исто така бил дел од тимот на Уругвај на Копа Америка 2007.

Годин бил избран во составот на Уругвај за Светското првенство 2010 во Јужна Африка, започнувајќи го натпреварот против Франција (0–0), а потоа бил дел и од наредните четири натпревари каде Уругвај стигнал до полуфиналето.

Во 2011, Годин бил дел од успешниот настап на Уругвај на Копа Америка 2011, забележувајќи еден настап како измена во поразот од 3–0 од Парагвај во финалниот натпревар.[10] Тој исто така бил дел од уругвајскиот тим на Купот на Конфедерации во 2013 кој стигнал до полуфиналето, и му бил партнер на Диего Лугано во одбраната во четири од петте натпревари кои ги одиграл Уругвај.

Годин бил избран од страна на Оскар Табарез во Уругвајскиот тим за Светското првенство 2014.[11] На 24 јуни, Годин со глава го постигнал единствениот гол на натпреварот против Италија во последниот натпревар од групната фаза, со што уругвај се пласирал во елиминационата фаза.[12]

Голови во дресот на Уругвај[уреди | уреди извор]

# Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување
1. 27 мај 2006 Стадион Црвена Ѕвезда, Белград, Србија  Србија и Црна Гора 1–1 1–1 Пријателски натпревар
2. 16 август 2006 Стадион Александрија, Александрија, Египет  Египет 0–1 0–2 Пријателски натпревар
3. 18 октомври 2006 Естадио Сентенарио, Монтевидео, Уругвај  Венецуела 1–0 4–0 Пријателски натпревар
4. 24 јуни 2014 Арена дас Дунас, Натал, Бразил  Италија 0–1 0–1 Светско првенство 2014

Успеси[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Атлетико Мадрид

Уругвај[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Villarreal put faith in Godín; UEFA.com, 2 August 2007
  2. Osasuna 3-2 Villarreal[мртва врска]; ESPN Soccernet, 7 October 2007
  3. Atlético get Godín from Villarreal; UEFA.com, 4 август
  4. „Godín delighted by Atlético deal“. UEFA.com. 1 ноември 2013. Посетено на 1 ноември 2013.
  5. „Costa sends Atletico to summit“. ESPN FC. 21 декември 2013. Посетено на 18 мај 2014.
  6. „Atletico back on track“. ESPN FC. 15 февруари 2014. Посетено на 18 мај 2014.
  7. „Atletico open up three-point lead“. ESPN FC. 13 April 2014. Посетено на 18 May 2014.
  8. Martin, Richard (17 мај 2014). „Barcelona 1 Atletico Madrid 1, La Liga: match report“. The Daily Telegraph. Посетено на 17 мај 2014.
  9. McNulty, Phil (24 мај 2014). „Real Madrid 4–1 Atletico Madrid“. BBC Sport. Посетено на 25 мај 2014.
  10. „Names in the news: Diego Godin“. Sportsnet. 20 мај 2014. Посетено на 25 мај 2014.
  11. „Uruguay World Cup 2014 squad“. The Daily Telegraph. 2 јуни 2014. Посетено на 24 јуни 2014.
  12. „Godin delights Uruguay, sends Italy home“. FIFA.com. 24 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-15. Посетено на 24 јуни 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]