Диего Форлан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Диего Форлан
U10 Diego Forlán 7569.jpg
Forlán in 2011
Лични податоци
Полно име Diego Forlán Corazo
Роден во    Montevideo
Висина 179 m (




587 ft 3 in) [1]

Положба Striker, Attacking midfielder
Клупски податоци
Сегашен клуб Internazionale
Број 9


2 Податоците за репрезентација се тековни
за 29 February 2012 г.
* Настапи (Голови)

Диего Форлан Корацо (шпански изговор [ˈDiego Forlán] роден на 19-ти Мај 1979 година) е уругвајски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач во Интер и репрезентацијата на Уругвај. Тој е двократен добитник на наградите Пичичи и Златна копачка на Европа, а исто така ја има добиено и наградата Златна топка за најдобар играч на Светското првенство во 2010 година. Робен е роден во фудбалско семејство, неговиот татко Пабло има играно за Сао Паоло (1970-1975) и за репрезентацијата на Уругвај на Светските првенства во 1966 и 1974 година, а неговиот дедо од мајчина страна, Хуан Карлос Корацо, за Индепендиенте во Аргентина. Форлан се приклучи на Индепендиенте, откако се истакна во нивниот младински состав, и по успешниот четиригодишен период, тој потпиша договор со тимот од англиската Премиер Лига, Манчестер Јунајтед. Неговата форма во Јунајтед не беше толку успешна како онаа во Индепендиенте, иако тој ја освои Премиер Лигата во 2003 година и ФА купот во 2004. Летото 2004 година, тој се пресели во тимот од Ла Лига, Виљареал. Во неговата прва сезона во шпанскиот фудбал во тимот на Виљареал, Форлан постигна 25 голови во првенството и ја освои Пичичи наградата. По две успешни сезони во Виљареал, Форлан премина во Атлетико Мадрид, каде што уште еднаш стана најдобар стрелец во лигата, и стана првиот играч што ја освоил Пичичи наградата двапати, откако Роналдо го постигна овој подвиг во сезоната 2003-04. Форлан постигна гол за Атлетико, во победата над Фулам во финалето на Лига Европа во 2010 година. Во 2011 година, тој премина во тимот на Интер, во италијанската Серија А. Форлан, исто така, има успешна репрезентативна кариера, откако постигна 32 гола за својата земја од неговото деби во 2002 година. Тој постигна еден гол на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија во 2002. Тој беше на делба на првото место за најдобар стрелец, со постигнати пет гола на Светското првенство 2010, на кое тој постигна два гола против домаќинот Јужна Африка, еднаш против Гана во четвртфиналето, еднаш против Холандија во полуфиналето и еднаш против Германија во натпреварот за трето место. И покрај тоа што беше на делба на првото место за најдобар стрелец на првенството, Форлан не ја прими наградата за неговите голови поради головите постигнати во продолженијата. Сепак, на Форлан му беше оддадено признание со наградата Златна топка, која се доделува на најдобриот играч на првенството. На 12-ти Јули 2011 година, на Копа Америка во Аргентина, Форлан го забележа својот 79-ти настап за Уругвај против Мексико, со тоа соборувајќи го рекордот кој дотогаш го држеше поранешниот голман, Родолфо Родригез од 1986 година. Форлан во моментов е најдобриот стрелец на Уругвај на меѓународно ниво во официјални натпревари.

КЛУПСКА КАРИЕРА[уреди]

ПОЧЕТОК НА КАРИЕРА[уреди]

Форлан кој е роден во Монтевидео, а е син на поранешниот фудбалер и уругвајски репрезентативец Пабло Форлан, се занимавал со тенис во неговата младост. Тој одлучил да тргне по стапките на неговиот татко и да игра фудбал, откако неговата сестра Алехандра беше учесник во сообраќајна несреќа, во која загина нејзиното момче, а таа беше на интензивна нега пет месеци и остана хендикепирана. Во 1995 година, кога тој имаше 16 години, Форлан беше донесен во Франција од тренерот Ласло Болоњи и помина неколку месеци на проба во Нанси. Сепак, клубот одлучи да не потпише договор со него, и Форлан се врати назад во Јужна Америка.

ИНДЕПЕНДИЕНТЕ[уреди]

Тој играше за неколку јужноамерикански клубови, вклучувајќи го и аргентинскиот клуб Индепендиенте, каде што постигна 36 гола на 77 натпревари во лигата. Неговите голови го привлекоа вниманието на европските клубови, и во Јануари 2002 година тој потпиша за Манчестер Јунајтед во англиската Премиер Лига за обештетување од 6.9 милиони фунти.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД[уреди]

Диего Форлан потпиша за Манчестер Јунајтед, по барање на сер Алекс Фергусон за сума од 6.9 милиони фунти на 22-ри Јануари 2002 година. Тој дебитираше на 29-ти Јануари, откако влезе во игра во 76-та минута како замена за Оле Гунар Солскер во победата од 4-0 на гости кај Болтон Вондерерс. Тој за првпат беше стартер во тимот во победата од 4-0 на домашен терен над Тотенхем Хотспур на 6-ти Март. Форлан одигра 13 натпревари во првенството и пет во Лигата на Шампионите во сезоната 2001-02, но не постигна гол. На 18-ти Септември 2002, Форлан влезе во игра во 56-та минута како замена за Рајан Гигс на натпреварот против Макаби Хаифа во Лигата на Шампионите. Тој го постигна својот прв гол за Јунајтед во 89-та минута од пенал во победата од 5-2. Неговиот прв гол во Премиер Лигата го постигна за израмнување на резултатот на 1-1 во 76-та минута, во нерешениот резултат против Астон Вила на домашен терен на 26-ти Октомври. Во следниот натпревар на Форлан во Премиер Лигата, на домашен терен против Саутемптон на 2-ри Ноември, тој влезе во игра во 79-та минута како замена за стрелецот на голот за Јунајтед, Фил Невил, при резултат од 1-1 и го постигна победоносниот гол во 85-та минута, откако ја вметна топката во голот на голманот на Саутемптон, Анти Ниеми. На 1-ви Декември, тој за првпат беше двоен стрелец за Јунајтед, постигнувајќи гол во 64-та и 67-та минута во победата од 2-1 на гости кај ривалот Ливерпул во Премиер Лигата. Манчестер Јунајтед ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2002-03, а Форлан со шест гола беше трет стрелец во тимот таа сезона веднаш зад Руд ван Нистелрој и Оле Гунар Солскер. Во сезоната 2003-04, Форлан одигра седум натпревари во Премиер Лигата, на кои немаше постигнато гол од стартот на сезоната. Негативната серија беше прекината на 25-ти Октомври, кога тој го израмни резултато на 1-1 во 45-та минута на натпреварот против Фулам на домашен терен, натпревар кој го загуби Манчестер Јунајтед со 3-1. Форлан потоа постигна гол на три последователни натпревари во три различни натпреварувања, започнувајќи со гол во продолжението на натпреварот против Лидс Јунајтед на гости во Карлинг купот, кој го доби Манчестер Јунајтед со 3-2. По ова, следеше првиот гол на натпреварот во победата од 3-0 на домашен терен против Портсмут во Премиер Лигата, и голот во 6-та минута во победата со ист резултат над Ренџерс во Лигата на Шампионите. Во неговиот следен натпревар во Лигата на Шампионите, тој го постигна победоносниот гол во 85-та минута за Јунајтед, во победата од 1-0 на гости кај Панатинаикос. На 6-ти Декември 2003 година, Форлан постигна два гола во продолжението на натпреварот против Астон Вила на домашен терен во Премиер Лигата, што го доби Манчестер Јунајтед со 4-0. Ова беа единствените голови на Форлан во Премиер Лигата, и покрај тоа што играше на повеќе од десет натпревари во првенството во текот на сезоната. Неговиот единствен друг гол за Манчестер Јунајтед беше во ФА Купот, во победата од 3-0 над тимот на Нортемптон Таун од англиската Трета дивизија, на 24-ти Јануари 2004 година. Диего Форлан не беше воопшто во тимот во финалето на ФА Купот на 22-ри Мај 2004 година, кое го доби Јунајтед со победата од 3-0 над Милвол. Тој ја започна сезоната 2004-05 со Манчестер Јунајтед и играше во квалификациите за Лигата на Шампионите против Динамо Букурешт, и во поразот од 3-1 од Арсенал во Супер купот на Англија (Комјунити Шилд) на 8-ми Август. Неговиот последен натпревар за Јунајтед беше во нивниот прв натпревар во Премиер Лигата таа сезона, во поразот од 1-0 на гости кај Челзи на 15-ти Август.

ВИЉАРЕАЛ[уреди]

Форлан беше тесно поврзуван со трансфер во шпанските клубови Леванте и Атлетик Билбао ( иако за Атлетик може да настапуваат само играчи кои се Баскијци, а Форлан има баскиско потекло), сепак на 21-ти Август 2004 година тој потпиша договор со Виљареал. Диего Форлан дебитираше за Виљареал на 30-ти Авуст 2004. Тој беше во стартниот тим на гости кај ривалот Валенсија, и го постигна голот за својата екипа во 77-та минута во поразот од 2-1. Неговиот следен гол беше во победата од 2-0 над Реал Сарагоса на домашен терен на 3-ти Октомври, потоа проследен со израмнувачки гол во ремито 1-1 кај Мајорка и со последниот гол во победата од 4-0 на домашен терен со Нумансија. Помеѓу 12-ти Декември 2004 и 16-ти Јануари 2005 година, Форлан постигна седум гола на пет натпревари во првенството, вклучувајќи ја и победата од 3-0 на домашен терен над Барселона на 9-ти Јануари. На 22-ри Мај 2005 година, тој го постигна својот прв хет-трик за европски тим, постигнувајќи ги сите голови за Виљареал во ремито 3-3 на гостински терен против Барселона, можниот шампион на Лигата на Шампиони. Една недела подоцна, тој постигна два гола во победата од 4-1 над нивниот локален ривал Леванте, а Виљареал ја заврши сезоната на третото место на табелата, нивно прво учество во Лигата на Шампионите. Форлан ја освои Пичичи наградата во сезоната 2004-05, за најмногу постигнати голови во Ла Лига, 25. Исто така, тој ја подели наградата Златна копачка на Европа во 2005 година со напаѓачот на Арсенал, Тјери Анри. Неговиот скор на постигнати голови опадна во сезоната 2005-06, откако Виљареал претрпе неколку промени, но сепак клубот се пласираше во полуфиналето на Лигата на Шампионите, каде што беа елиминирани од Арсенал. Во 2006-07, тој ја заврши сезоната со 19 голови на 36 настапи во првенството ( по 0.53 гол на секој натпревар).

АТЛЕТИКО МАДРИД[уреди]

СЕЗОНА 2007-08[уреди]

Форлан беше поврзуван со трансфер заедно со Хуан Роман Рикелме во Атлетико Мадрид, во замена за Луис Переа плус кеш, во Јуни 2007 година. На 30-ти Јуни 2007 година, по заминувањето на нивниот капитен Фернандо Торес во Ливерпул, Атлетико Мадрид потврди дека тие се согласиле на обештетување од околу 21 милион евра. Тој се врати во Англија во Февруари 2008 година, во настапот на Атлетико во Купот на Уефа против Болтон Вондерерс ( клубот против кого го забележа дебитантскиот настап кога настапуваше за Манчестер Јунајтед), но тимот загуби со вкупен резултат 1-0 во двомечот. Во Мај 2008 година, Форлан му помогна на Атлетико да се пласира во Лигата на Шампионите за прв пат по повеќе од една деценија, постигнувајќи го победоносниот погодок против Депортиво Ла Коруња. Тој ја заврши својата прва сезона во Мадрид со 23 гола, и формираа моќно партнерство со аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро.

СЕЗОНА 2008-09[уреди]

На 9-ти Мај 2009 година, Форлан постигна два гола против Еспањол и му помогна на Атлетико да се пласира во квалификациите за Лигата на Шампионите втора последователна година. “ Лос Рохибланкос” губеа со 2-0 на полувремето, а Луис Переа беше исклучен, но направија пресврт и победија со 3-2 благодарение на голот на потврдената сезоната на Форлан, од посебна важност што беше постигнат во последната минута. Тој исто така постигна клучни голови во победите над: Барселона, Виљареал и Валенсија. На 23-ти Мај 2009, Форлан постигна хет-трик против Атлетик Билбао, кој му помогна да ја освои наградата Пичичи, како и наградата Златна копачка на Европа по втор пат. Тој ја заврши сезоната 2008-09 со импресивни 32 гола на 33 натпревари ( во суштина еден гол на натпревар).

СЕЗОНА 2009-10[уреди]

Форлан ја започна тивко сезоната 2009-10, и се бореше со формата, а Атлетико го забележаа нивниот најлош старт во првенството од нивното испаѓање во 2000 година. На 24-ти Октомври 2009, Форлан реализира пенал и промаши уште еден, а Атлетико ремизираше на домашен терен против Мајорка, во кој поголемиот дел од второто полувреме го одиграа со само девет играчи на теренот. Разочарувачкиот резултат и изведбата, доведоа до протести од поддржувачите на Атлетико, како и критики за Форлан, кој подоцна беше изоставен од тимот за следниот натпревар. Атлетико почна да се подобрува по доаѓањето на новиот тренер, Кике Санчез Флорес, и уште еднаш Форлан блесна во вториот дел од сезоната, а Атлетико се пласираше во финалето на Лига Европа и Копа дел Реј. На 14-ти Февруари 2010, Форлан го постигна првиот гол за Атлетико во победата од 2-1 на Винсенте Калдерон, нанесувајќи му го единствениот пораз во сезоната во првенството на евентуалниот шампион. На 22-ри Април 2010, Форлан го постигна единствениот гол на натпреварот за Атлетико во полуфиналниот прв натпревар на домашен терен против Ливерпул во Лига Европа. Една недела подоцна, Ливерпул го одведе натпреварот во продолженија, поведувајќи со 2-1 вкупен резултат. Форлан, тогаш постигна повторно гол и го израмни вкупниот резултат на 2-2, постигнувајќи гол на гости кој му требаше на Атлетико за да се пласира во финалето, во кое тие играа против Фулам на “Фолкспаркштадион” на 12-ти Мај. Форлан постигна два гола против Фулам во финалето, во победата од 2-1 и беше избран за играч на натпреварот. Тој ја заврши сезоната со вкупно 28 гола, вклучувајќи и шест во успешната сезона на Атлетико во Лигата на Европа.

СЕЗОНА 2010-11[уреди]

Сезоната 2010-11, започна со уште еден трофеј за Форлан и Атлетико, откако го освоија Суперкупот на Европа, победувајќи го Интер со 2-0 во Монако на 27-ми Август 2010 година. Форлан повторно ја почна сезоната тивко, и покрај тоа што тој го пронајде патот до противничката мрежа три пати на премиерните два натпревари, тој потоа немаше постигнато гол на 12 натпревари во низа во сите натпреварувања, пред конечно да постигне два гола во победата од 3-0 против Осасуна на 13-ти Ноември. Во јануарскиот преоден рок се шпекулираше со негов трансфер, откако Бешикташ, Реал Мадрид и американскиот Сиетл Саундерс се обидоа да го доведат во своите редови.

ИНТЕР[уреди]

На 29-ти Август 2011, беше потврдено дека Диего Форлан потпишал договор со Интер, по заминувањето на Самуел Ето. Тој дебитираше на 11-ти Септември 2011 година, постигнувајќи гол уште на првиот натпревар, во поразот од 4-3 кај сицилијанскиот клуб Палермо. На 4-ти Март 2012, Форлан го постигна својот втор погодок за Интер против Катанија во ремито 2-2.

РЕПРЕЗЕНТАТИВНА КАРИЕРА[уреди]

Форлан дебитираше за Уругвај на 27-ми Март 2002 година, постигнувајќи го својот прв погодок во поразот од 3-2 на пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија. Во текот на Светското првенство 2002 година, тој постигна гол со волеј удар во групната фаза во нерешениот резултат 3-3 против Сенегал на 11-ти Јуни. И покрај тоа што се вратија по негативата од 3-0 и успеаја да израмнат, Уругвај беше елиминиран од првенството заедно со Франција во групата А. Исто така, тој постигна гол против Бразил во 35-та минута во полуфиналето на Копа Америка во 2007 година. Сепак, тој промаши удар од белата точка во пенал серијата, па на крајот Бразил победи со 5-4 на пенали. Од Копа Америка во 2007, Форлан стана стандарден репрезентативец за Уругвај, често во стартните единаесетмина. На 17-ти Јуни 2008, тој постигна хет-трик на натпреварот против Перу во квалификациите за Светското првенство. Диего Форлан и Јури Џоркаеф, по наведениот редослед, беа во составите на Уругвај и Франција кои се сретнаа во групата А, на Светското првенство 2002. Нивните почитувани татковци, Пабло и Жан, беа учесници во натпреварот помеѓу Уругвај и Франција на Светското првенство во 1966 година, исто така во групата А. Во моментов, со 84 настапи, Форлан е фудбалерот со најмногу настапи за репрезентацијата на Уругвај на сите времиња. На 11-ти Октомври 2011, тој го постигна својот 32 гол, со тоа станувајќи најдобар стрелец за Уругвај на сите времиња во официјални натпревари, надминувајќи го Хектор Скароне, кој го држеше рекордот со 31 гол од 1930 година. (Хектор Скароне постигна вкупно 42 гола, но 11 од нив на неофицијални натпревари).

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2002[уреди]

Форлан не беше стандарден во првиот тим на Уругвај, за време на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002, претходно во годината настапувајќи единствено на неговото деби против Саудиска Арабија( на кое постигна гол). Како и во Манчестер Јунајтед , Форлан и во репрезентацијата на Уругвај го носеше дресот со бројот 21 на првенството. Селекторот, Виктор Пуа, го преферираше напаѓачкото трио; Алваро Рекоба, Себастијан Абреу и Дарио Силва. Откако не настапи на првите два натпревари во групата ( во поразот од 2-1 од Данска и во ремито 0-0 со Франција), Форлан влезе во игра како резерва на последниот натпревар во групата против Сенегал, како дел од двојната замена на полувремето. Кога влезе во игра на местото на Абреу, неговиот тим губеше со 3-0. Форлан постигна гол во 69-та минута и го намали резултатот на 3-2, а Рекоба изедначи од пенал на две минути до крајот. Сепак, со победата на Данска над Франција, Данците се пласира пред Уругвај на табелата и отидоа понатаму.

КОПА АМЕРИКА 2004[уреди]

Форлан го носеше дресот со бројот 21 за Уругвај на Копа Америка во Перу, кратко време пред неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед во Виљареал. Тој ги одигра сите шест натпревари на првенството, на кое под раководство на Хорхе Фосати се пласираа на третото место. Единствениот гол Форлан го постигна во победата од 2-1 над Еквадор, единствената победа на Уругвај во групата. Тие се пласираа на третото место од вкупно четири тима во групата.

КОПА АМЕРИКА 2007[уреди]

Форлан го носеше бројот 21 за репрезентацијата на Уругвај, под раководство на Оскар Табарез, на Копа Америка во Венецуела во 2007 година, кратко време по неговиот трансфер од Виљареал во Атлетико Мадрид. Тој не постигна гол во групата А, во која се пласираа на третото место од вкупно четири тима, со скор; пораз од Перу со 3-0, победа над Боливија со 1-0 и нерешено 0-0 со домаќинот на првенството. Тие повторно се сретнаа со Венецуела, во првото четвртфинале на 7-ми Јули. Форлан постигна два гола (првиот во 38-та минута и вториот во надополнувањето), а неговата репрезентација победи со 4-1. Во полуфиналето против фаворитот за трофејот.Бразил, Форлан го израмни резултатот на 1-1 во 36-та минута по голот на Маикон, но натпреварот заврши 2-2. Потоа, Уругвај загуби на пенали со 5-4, а Форлан го промаши првиот удар од белата точка. Алфонсо Алвеш промаши за Бразил, навестувајќи ненадеен пораз, откако Диего Лугано промаши за Уругвај, а Жилберто Мело реализираше за Бразилците.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2010[уреди]

На 16-ти Јуни 2010 година, на вториот натпревар на Уругвај во групата против Јужна Африка на Светското првенство, Форлан го отвори резултатот со удар од огромна далечина. Понатаму во натпреварот, Форлан го постигна својот втор гол, овојпат од пенал и исто така учествуваше во третиот за Уругвај, во победата од 3-0 над домаќинот на првенството. На 2-ри Јули 2010, Форлан постигна гол од слободен удар против Гана за израмнување на резултатот во четвртфиналето. Натпреварот заврши со резултат 1-1, а Уругвај се пласираше во полуфиналето по победата над Гана со 4-2 на пенали. На 6-ти Јули 2010, Форлан постигна уште еден удар од огромна далечина, овојпат со левата нога за израмнување на резултатот против Холандија во полуфиналето. И покрај резултатот од 1-1 на полувремето, на крајот Уругвај загуби со 3-2 и Холанѓаните се пласираа во финалето. Форлан стана првиот играч по Лотар Матеус во 1990 година, кој постигнал три гола надвор од шеснаесетникот на едно првенство. На 10-ти Јули 2010, Форлан го постигна својот последен гол на првенството, откако ја погоди мрежата со одличен волеј удар од работ на шеснаесетникот, обезбедувајќи водство за Уругвај. Овој гол, кој беше постигнат по додавање од Аревало Риос, беше избран од страна на ФИФА за Гол на првенството. Форлан потоа ја погоди пречката од слободен удар, што беше и последниот удар на натпреварот, а тие загубија од Германија со 3-2 во натпреварот за третото место. На Форлан му беше доделена наградата “Златна топка”, за најдобар играч на првенството. Исто така, тој беше избран во тимот на првенството, и беше еден од најдобрите голгетери на Светското првенството со 5 постигнати гола.

КОПА АМЕРИКА 2011[уреди]

На 24-ти Јули 2011 година, Форлан постигна два гола, по првиот гол на Луис Суарез и со тоа му помогна на Уругвај да ја освои 15-та титула на Копа Америка, а воедно со 31 гол изби на делба на првото место со Хектор Скароне по број на постигнати голови за репрезентацијата на Уругвај, откако го победија Парагвај со 3-0 во финалето. Таткото и дедото на Форлан, беа исто така јужноамерикански шампиони со Уругвај во периодот на 95 годишното постоење на најстариот активен турнир во светот.

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ И ГОЛОВИ[уреди]

Вкупна Статистика за натпревари одиграни до 29-ти Февруари 2012

Статистика во кариерата[уреди]

Клупска статистика[уреди]

Клуб Сезона Првенство Куп Лига Куп Интерконтинентален Друго Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Индепендиенте 1998–99 2 0 0 0 2 0
1999–2000 24 7 0 0 24 7
2000–01 36 18 6 2 42 20
2001–02 18 12 5 1 23 13
Total 80 37 11 3 91 40
Манчестер Јунајтед 2001–02 13 0 0 0 0 0 5 0 18 0
2002–03 25 6 2 0 5 2 13 1 45 9
2003–04 24 4 2 1 1 1 4 2 1 0 32 8
2004–05 1 0 0 0 0 0 1 0 1 0 3 0
Total 63 10 4 1 6 3 23 3 2 0 98 17
Виљареал 2004–05 38 25 1 0 0 0 39 25
2005–06 32 10 2 0 13 3 47 13
2006–07 36 19 4 1 2 1 44 21
Total 106 54 8 1 15 4 128 59
Атлетико Мадрид 2007–08 36 16 6 1 11 6 53 23
2008–09 33 32 3 1 9 2 45 35
2009–10 33 18 6 3 17 7 56 28
2010–11 32 8 3 1 6 1 1 0 42 10
Total 134 74 17 6 45 16 1 0 197 96
Интер 2011–12 13 2 0 0 1 0 14 2
Total 13 2 0 0 1 0 14 2
Вкупно во кариерата 394 176 28 8 6 3 95 26 3 0 527 213

Репрезентација[уреди]

Шаблон:Репрезентација на Уругвај |- |2002||5||2 |- |2003||7||5 |- |2004||11||2 |- |2005||9||2 |- |2006||3||0 |- |2007||9||5 |- |2008||7||3 |- |2009||9||3 |- |2010||11||7 |- |2011||13||3 |- |2012||1||0 |- !Вкупно||85||32 |- |} Statistics accurate as of match played 29 February 2012[2][3]

Награди и признанија[уреди]

Клупски[уреди]

Манчестер Јунајтед
Виљареал
Атлетико Мадрид

Репрезентација[уреди]

Уругвај

Индивидуални[уреди]

Приватен живот[уреди]

Основач и член на фондацијата ”Алехандра Форлан”, на чело со неговата сестра, Форлан е отворен за превенција од опасностите кои произлегуваат од опасно возење. Назад во 1991 година, Алехандра доживеа сообраќајна несреќа, во која загина нејзиното момче, а како резултат на тоа таа остана парализирана. Во тој период, Диего Марадона се сретна со таткото на Форлан, бидејќи тој беше фудбалер во 70-те години и му помогна да се соберат средства за лекување на неговата ќерка. Таа стана составен дел од неговата инспирација да игра фудбал, и целото семејство се соединиле со цел да се обезбеди високо реноме на фондацијата како неговото во Уругвај. Во 2009 година, Форлан се појави во музички спот за Коти, во кој тој настапува заедно со Макси Родригез. Во Јули 2010, Форлан имаше победничко глупирање на Светското првенство 2010, овековечен во стилот на познатата јапонска серија Капетан Цубаса. Победничката песна беше компонирана од анониниот бенд “Златни вувузели” со музика од Супер роботот од анимираната серија “Мазингер З”. На 9-ти Март 2011 година, Форлан на неговата официјална Твитер страница објави дека тој и аргентинскиот модел и актерка, Заира Нара, одлучиле да стапат во брак. Сепак, во Јуни 2011 година, Форлан и Нара објавија дека тие ја раскинале нивната веридба. Не беше објавена причина за нивната разделба.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]