Диего Лаксалт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диего Лаксалт
Диего Лаксалт
Лични податоци
Полно име Диего Себастијан Лаксалт Суарез
Роден на 7 февруари 1993(1993-02-07)(31 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Висина 1.78 m[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Динамо Москва
Број 93
Младинска кариера
Дефенсор Спортинг Дефенсор Спортинг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2013 Дефенсор Спортинг Дефенсор Спортинг 15 (1)
2013–2016 Интер Интер 0 (0)
2013–2014Болоња Болоња (п) 15 (2)
2014–2015Емполи Емполи (п) 4 (0)
2015–2016Џенова Џенова (п) 43 (3)
2016–2018 Џенова Џенова 68 (4)
2018–2021 Милан Милан 24 (0)
2019Торино Торино (п) 16 (0)
2021- Динамо Москва 7 (0)
Репрезентација
2013 Уругвај U20 16 (1)
2016– Уругвај 24 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 12 септември 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18 ноември 2019

Диего Себастијан Лаксалт Суарез (роден на 7 февруари 1993 во Монтевидео) — уругвајски професионален фудбалер кој настапува за Динамо Москва и за Уругвај.

Кариера[уреди | уреди извор]

Диего Лаксалт е роден во Монтевидео. Лаксалт го направил своето професионално деби на 1 септември 2012 година со Дефенсор Спортинг во победата од 4-0 против Монтевидео Вондерерс. На 24 февруари 2013 година, по одличната изведба на Јужноамериканското првенство во фудбал до20 години, во 2013 тој се вратил на теренот со дресот на Виолета во гостинската игра против Насионал Монтевидео.

Интер го купил Лаксалт во јануари 2013 година, но тогашниот тренер на Интер, Валтер Мацари не го вклучил во претсезонскиот состав и тој ја поминал сезоната на позајмица во Болоња ФК 1909.

По враќањето, тој бил позајмен на ФК Емполи, а веќе следната сезона и на ФК Џенова, каде по една помината сезона (2015–2016) бил откупен неговиот договор. Во 2018 година потпишал за ФК Милан, додека следната 2019 година по одиграни 20 натпревари бил даден на позајмица во ФК Торино.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2018 FIFA World Cup: List of players“ (PDF). FIFA. 18 June 2018. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-19. Посетено на 2018-08-18.