StatusNet

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
StatusNet
Логото на StatusNet
StatusNet-zh CN.png
Снимка на страница што работи на StatusNet
Изворни автори Јуан Продрому
Програмери StatusNet, Inc.
Стабилно издание 1.0.1[1] / 3 октомври 2011; пред 2 години (2011-10-03)
Прог. јазик PHP
Опер. систем повеќеподложен
Јазици над 25, вклучувајќи македонски[2]
Вид склопец за интернет-програми
Лиценца Affero GPLv3+[3]
Мреж. место status.net

StatusNet (порано Laconica[4]) е опслужувач за микроблогирање со отворен код напишан во PHP кој го користи OpenMicroBlogging стандардот за интероперабилност помеѓу инсталации. Иако нуди можности слични на Twitter, StatusNet овозможува потенцијал за отворена, меѓуслужбена и дистрибуирана комуникација помеѓу микроблогерските заедници. Фирмите и поединците може да го инсталираат и да раководат со сопствена служба и податоци[5][6]. Посредникот[7] на StatusNet е достапен на разни јазици, вклучувајќи го македонскиот.

Истакнати примени[уреди]

StatusNet се користи на неколку десетини јавни служби.

Identi.ca[уреди]

За прв пат StatusNet (како Laconica) нашол примена на службата за отворено микроблогирање Identi.ca. Оваа служба е овозможена од самите создавачи на StatusNet, StatusNet Inc., и нуди слободни и бесплатни сметки за јавноста и советодавни напатствија и помош за верзијата на StatusNet за инсталирање. [8]

TWiT Army[уреди]

Друга популарна страница со StatusNet е TWiT Army на „This Week in Tech“.[9]

ETER.mk (македонски)[уреди]

На StatusNet работи ETER.mk, македонска страница за микроблогирање на овозможена од ekarta.mk

Можности[уреди]

  • Подновувања со XMPP/Jabber/Google Talk клиент
  • OpenID корисничка потврда
  • Поддржува Federation, што дава можност за претплаќање на забелешки од корисници на оддалечена служба преку протоколот OpenMicroBlogging
  • СМС - подновувања и известувања
  • API компатибилен со Twitter
  • Тарабни ознаки
  • Повеќејазичен посредник (со помош на Gettext), со целосна поддршка на македонски
  • Посредно објавување на Twitter
  • Интеграција со Facebook
  • Групи
  • Автоматско скратување на URL-адреси
  • Геоположби и карти
  • Поднова на каналот во живо
  • Прилози (додавање податотеки, слики, аудио и видео снимки)
  • Вметнување содржини од други мрежни места како YouTube, Flickr и тн.

Upcoming priority features:[10]

  • Повеќе Ajax-овиден посредник
  • Посредно објавување на Jaiku, Plurk и тн.
  • Извлекување на пораки од Twitter, Plurk, Jaiku и тн.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. StatusNet 1.0.1 - Документација (англиски)
  2. „Статистики за преводите на StatusNet“. http://translatewiki.net/wiki/Translating:StatusNet/stats/trunk. конс. 26 февруари 2010.  (англиски)
  3. „Документација“. http://gitorious.org/~candrews/laconica/candrews-clone/blobs/master/README#line43. „„...под условите на Општата јавна лиценца на ГНУ Аферо [Affero GPL], според објавеното од Фондацијата за слободна програмска опрема, верзија 3 на Лиценцата, или (по Ваш избор) било која понова верзија“.“ 
  4. Laconica отсега се вика StatusNet [1], проверено на 4 октомври 2009
  5. Terdiman, Daniel (6 октомври 2008) Зборување на Twitter со помош на отворена програмска опрема, CNet. Проверено 3 јануари 2009.
  6. Bastien, Malcolm (28 август 2008) Зошто Laconica е од големо значење за деловното микроблогирање. Проверено на 3 јануари 2009.
  7. познат и како „интерфејс“
  8. Список на служби со StatusNet (англиски)
  9. TWiT Army
  10. Laconica-dev Roadmap for the near future

Надворешни врски[уреди]

Општи[уреди]

Македонски[уреди]

  • ETER.mk, страница за микроблогирање овозможена од ekarta.mk (македонски)