Identi.ca

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Identi.ca
Identi.ca logo.png
URL identi.ca
Комерцијално? Да
Тип Микроблогирање
Регистрација Задолжителна
Расположиви јазици бугарски, каталонски, чешки, германски, грчки, англиски (САД), англиски (британски), англиски, шпански, француски, хебрејски, италијански, јапонски, македонски, норвешки (букмол), холандски, полски, португалски (бразилски), руски, шведски, телугу, турски, украински, виетнамски, кинески (упростено), кинески (тајвански)
Лиценца на содржините Creative Commons Наведи извор 3.0
Сопственик StatusNet Inc
Творец StatusNet Inc
Пуштено 1 јули 2008

Identi.ca е сервис за друштвено вмрежување и микроблогирање со отворен код. Работи на основа на пакетот за микроблогирање StatusNet и им овозможува на корисниците да испраќаат (објавуваат) текстуални пораки (наречени „забелешки“) со должина до 140 знаци. Иако има доста сличности со Twitter во замислата и во работата, Identi.ca има голем број можности што моментално ги нема Twitter, како на пример XMPP поддршка, геолоцирање, лични облаци од ознаки и групи. Покрај ова, Identi.ca дозволува слободен извоз и размена на лични податоци и податоци за пријатели врз основа на FOAF стандардот. Со ова забелешките можат каналски да се објавуваат во сметка на Twitter или дсруг сервис, а можат и да се пренесуваат во приватен систем сличен на Yammer[1].

Сервисот добил над 8.000 регистрации и 19.000 објави во првите 24 часа од неговото пуштање[2], а достигнал 1.000,000 забелешки на 4 ноември, 2008[3]. Во јануари 2009 инвеститорска група од Монтреал дала финансиски влог во identi.ca[1]. Како резултат на тоа, на 23 јануари 2009 е пуштена усовршена верзија и предизајнирана страница.

На 30 март 2009 Control Yourself (оттогаш преименуван во StatusNet Inc) најавиле дека Identi.ca ќе стане дел од сервис за хостирање на микроблогирање наречен status.net, кој ќе биде пуштен во мај 2009. Status.net нуди поединечни микроблогови во поддомен по избор на корисникот. Identi.ca и понатаму останува бесплатен. Сите забелешки се објавуваат под лиценцата Creative Commons Наведи извор 3.0 по основно, но клиентите кои плаќаат ќе имаат право да изберат поинаква лиценца[4].

Интерфејсот и функционалноста на Identi.ca се наполно прилагодени на македонски јазик.

Видете исто така[уреди]

Фусноти[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]