Друштвено вмрежување
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Друштвеното вмрежување (англ. social networking) се базира на создавање на виртуелни заедници најчесто базирани на определен веб-сајт и алатките што ги нуди. Вакви заедници обично започнуваат така што група на основачи ќе ги поканат членовите на нивните кругови на пријатели и соработници да се приклучат. Новите членови го повторуваат процесот, со што го зголемуваат бројот на јазли и врски во мрежата. Веб-сајтовите на ваквите друштвени медиуми обично нудат апликации како автоматско дополнување на адресари, јавни профили (индивидуални веб-сајтови) на корисници, можност за формирање нови врски преку „сервиси за запознавање“.
Некои друштвени мрежи, го комбинираат поврзувањето преку интернет и со елементи надвор од него, како организирање настани и журки во кои членовите се среќаваат лице в лице. Така, „Мyspace“ е фокусиран на музика и филмови, а „Facebook“ на студентскиот живот. Поновите друштвени мрежи стануваат уште поспецијализирани, наоѓајќи ја својата публика во тематски „ниши“ како сликарство, тенис, фудбал, голф, па дури и козметичка хирургија.
Иако некои од нив се организирани врз база на деловни контакти со рестриктивен пристап до некои од податоците, повеќето друштвени мрежи се јавни и дозволуваат било кому да се зачлени.
Најголемата исклучиво македонска друштвена мрежа е zapoznaj.se.