Роберт Овен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Овен, на возраст од околу 50 години, од Вилијам Хенри Брук

Роберт Овен (14 мај 1771 - 17 ноември 1858) — англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. Тој сметаше дека приватната сопственост, религијата и буржоаскиот брак се трите зла што треба да се отстранат. Меѓутоа, според негово мислење, тоа не треба да се прави со револуција, туку со експерименти и со просветување.