Историја на Малави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Малави

Историја на Малави

Рана историја
Империја
Колонизација
Британска Централна Африка
Њасаланд
Независност
Малави

Портал:Малави

На територијата на денешен Малави, народот Банту започнал да се населува кон 10 век, за да кон 15 век на овие простори формире голема држава која ги опфаќала териториите на денешните земји: Замбија, Танзанија и Зимбабве. Таа држава се распаднала во 16 век, кога Португалците го откриле езерото Малави. Освен Португалците, во овој регион биле присутни и Арапите, а во 1835 година, јужните делови од денешната земја биле заземени од страна на народот Зулу. Англискиот истражувач Дејвид Ливингстон бил оној копј ги направил најголемите чекори за колонизацијата на земјата, по кое шкотската црква испратила свои мисии околу езерото. Група од шкотски трговци по потекло од Глазгов, во 1878 година основала “Компанија на африканското езеро“, за да се осигури снабдувањето на мисионерите. [1]

Во 1891 година Велика Британија го основала Протекторатот на Британска Централна Африка, кој во 1907 година се преименувал во Њасаланд. Следувало период во кој народот во Малави на повеќе пати не успеал да ги истера британците од својата територија, проследено преку конфликти. Афричката елита, која се школувала главно во Европа и Америка, во 1944 година основала Њасаланд африкански конгрес. Британија во 1953 година го споила Њасаланд со Северна и Јужна Родезија, создавајќи ја Јужноафриканската федерација. Во 1958 година лидер на Њасаланд Афрички Конгрес станал Хастингс Камузу Банда. Во 1959 година тој бил затворен поради своите политички активности, но веќе следната година бил пуштен од затвор, учествувајќи на конференцијата во Лондон. На 15 април 1961 година партијата ги освоила изборите во законодавниот совет, добивајќи на тој начин контрола врз извршниот совет на Њасаланд. На втората уставна конференција во Лондон, која се одржала во 1962 година, британската влада на Њасаланд дала право на самоуправување. Хастингс Камузу Банда станал премиер на 1 февруари 1963 година, додека пак британците сѐ уште ги контролирале финансиите, безбедноста и правниот систем во земјата. Федерацијата помеѓу Родезија и Њасаланд престанала да постои на 31 декември 1963 година, па така на 6 јули 1964 година била прогласена независноста на земјата, под името Малави.

По две години Малави освоил нов устав со кој бил воведен еднопартиски систем. Хастингс Камузу Банда станал првиот претседател во 1970 година. Во следната 1971 година тој бил прогласен за доживотен претседател на земјата. Но под притисок на меѓународната заедница, на 14 јуни 1993 година во земјата се одржал референдум според кој бил воведен повеќепартиски систем. На првите слободни избори на 17 мај 1994 година победил Бекили Мулузи, лидер на Обединетиот Демократски фронт, кој формирал влада заедно со Сојузот на Демократи. Коалицијата била распуштена во 1996 година, но нејзините членови останале во владата. На изборите во 2004 гофина победил кандидатот на ОДФ.

Наводи[уреди]