Историја на Сомалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка во Могадишу, 1993.
Канадска војска во Сомалија 1992.

Сомалија за време на колонијализмот беше поделена помеѓу Велика Британија под чие власништво беше северниот дел на земјата, и Италија на која и припаѓаше остатокот од земјата. Северниот дел се осамостои на 26.јуни 1960, а на 1 јули 1960 се обединија двата дела на Сомалија. Првиот претседател на независна Сомалија стана Аден Абдулах Осман Дар, а Абдирашид Али Шермарке премиер. Во текот на 1967 Мохамед Ибрахим Егал стана премиер во владата на Аден Абдулахи Осман. Егал подоцна беше избран за претседател на самопрогласениот Сомалиленд.

При крајот на 1969 година воена влада ја презема власта по убиството на Шермарке, кој беше избран и служеше како претседател, од 1967 до 1969 година. Мохамед Сиад Баре стана претседател после пучот од 1969 година. револуционерните воени водачи кои ги предводеше Баре, организираа големи јавни работни програми. Тие исто така успешно ја зголемија писменоста во урбаните и руралните краеви од 5% на 55% до средината на ’80 години од минатиот век.

Граѓанската војна трае во Сомалија со прекини од 1977 до 1991 година. Бунтовничките сили, кои ги предводеше Мохамед Фарах Аидид, водич на Обединетиот сомалиски конгрес, ја прогонија владата на Баре. Истата година северниот дел на земјата прогласува независност како Сомалиленд, кој е де факто независен и релативно стабилен во однос на бурниот југ, Сомалиленд не го признава ниедна странска влада.

Со почетокот на 1993, двогодишните напори од страна на Обединетите нации го намалија гладот во земјата. Обединетите нации се повлекоа во Операцијата Обединет штит, претрпувајќи големи губитоци.

Уште една сецесија во Сомалија се одигра во североисточниот регион. Самопрокламираната држава го зеде името Пунтленд.

Трета сецесија се случи во 1988. со прогласувањето на државата Јубаленд. Територијата на Јубаленд денес ја опкружува државата Југозападна Сомалија, и нејзиниот статус е нејасен.

Четвртиот самопрокламиран ентитет, предводен од Раханвејската армија на отпорот, е воспоставен во 1999.

Сомалија е една од многуте земји кои беа погодени од цунами, кој следеше после земјотресот во Индискиот Океан 2004. година.

Во текот на 2006. Унија на исламските судови, нова фракција во граѓанската војна, зазема голем дел од јужна Сомалија. Во декември истата година Етиопија покренува Војна во Сомалија која во рок од неколку недели ја ослободува територијата од Исламистите.

Наводи[уреди | уреди извор]