Историја на Етиопија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Етиопија

Историја на Етиопија

Coat of arms of Ethiopia.svg

Рана историја
Кралство Аксум
Христијанизација
Етиопска империја
Независност
Етиопија

Портал:Етиопија

Првата позната империја која што била на територтијата на денешна Етиопија е Кралство Аксум, која во 1 век била една од најразвиените трговски и поморски сили на Црвено море. Мнозинство од населението во текот на 3 век го прифатила христијанството. Во текот на 6 век земјата го контролирала и јужниот дел од Арапскиот полуостров. Со ширењето на исламот во 7 век, важноста на кралството се намалила, најмногу поради арапското освојување на бреговите на Црвено море, кое придонело до отсекување од морскиот пат на земјата. Сепак, земјата не била освоена од Арапите. Во текот на 14 век и 15 век, Етиопија успеала да ја одржи својата граница и покрај честите напади на нејзините муслимански соседи. Но веќе во 16 век, по неколкуте пораза кои ги доживеала, нејзиниот опстанок бил доведен во прашање. Во тој период, Португалија испратила помош и по неколкуте неуспеси на почетокот, во 1543 година муслиманската војска на Ахмад Гран била поразена.

Заедно со португалската воска во тоа време пристигнале и голем број на католички свештеници, кои придонеле земјата да стане претежно католичка кон 17 век. Кон средината на 16 век сепак надвладеала монофизитската доктрина при кое биле прикинати сите контакти со Европа. Во текот на 18 вeк започнало слабеењето на земјата. Но, повторното враќање на стабилноста се случило во времето на Теводрос II и неговите наследници Јоханес IV и Менелик II, кои успеале да ја зачуваат етиопската независност пред колонизаторите од Европа. Менелик II ја победил италијанската војска во 1896 година кај Адуа.[1] Во текот на следните четириесет години, земјата била модернизирана, проширувајќи се кон југ и обогатувајќи се со ресурси на кафе, кое главно било наменето за извоз. Во 1930 година на власт дошол Хаил Селасиј, кој продолжил со модернизацијата на својата земја, но сепак не успеал да ја сопре италијанската војска во својот втор обид за освојување на земјата, па така следувал периодот на италијанска окупација од 1936 до 1941 година. Самиот цар овие години ги поминал во егзил.

По завршувањето на Втората светска војна, Хаил Селасиј успеал да ја задржи својата власт и да ја зазеде италијанската колонија Еритреја, добивајќи на тој начин излез на море. Сепак, неговата политика била прифатена со незадоволство кај народот, па така во 1974 година, просоветската марксистичко-ленинистичка хунта, Дерг, успеала да го симне од власт на царот создавајќи еднопартиски систем и комунистички режим.[2] По падот на комунизмот во 1991 година, новата влада предводена од герилскиот водач Мелес Зеневиј дала широка автономија на етничките покраини и ја признала независноста на Еритреја, но сепак земјата се нашла во тешка економска состојба. Во периодот од 1998-2000 се водела војна со соседот Еритреја околу граничен спор. Во конфликтот загинале околу 10.000 луѓе.


Наводи[уреди]