Историја на Бурунди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Бурунди

Историја на Бурунди

Coat of arms of Burundi.svg

Рана историја
Кралство Бурунди
Војна за независност
Независност
Бурунди

Портал:Бурунди

Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години[1], каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот[2][3] . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси[4] . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди,[5] кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување.[6][3] Кон крајот на 19 век истото се распаднало.[5]

Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка.[7] Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија.[8] Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Буринди.[7][9]По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија.[8][10] По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.[11]

Наводи[уреди]

  1. Gates, H., Africana, p. 338.
  2. Gates, H., Africana, p. 338–9.
  3. 3,0 3,1 Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, p. l.
  4. Gates, H., Africana, p. 339.
  5. 5,0 5,1 „Burundi - Political System and history“. Institute for Security Studies. February 2005. http://www.iss.co.za/af/profiles/burundi/politics.html. конс. 8 јуни 2008. 
  6. Eastern Africa, 1600–1800 a.d.
  7. 7,0 7,1 CIA - The World Factbook - Burundi CIA. Retrieved 8 јуни, 2008.
  8. 8,0 8,1 Burundi. U.S. Department of State. February 2008. Retrieved 8 јуни, 2008.
  9. Weinstein, W., Political Conflict and Ethnic Strategies, p. 5.
  10. Cook, C., What Happened Where, p. 281.
  11. BBC, Country profile Burundi. Available from http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/country_profiles/1068873.stm (accessed on 29-10-08)(1)