Аријанство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аријанството (аријанизам или аријанска ерес) е учење кое на Првиот вселенски собор било прогласено за еретичко. Христолошката расправа започнала во Александрија помеѓу следбениците на презвитер Ариј (Аријанци) и следбениците на Свети Александар Александриски (хомоусијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста[1].

Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Исус бил „роден или „создаден“ од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни реони, при што старогрчкиот јазик имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските философи. На почетокот околу дваесетина епископи го поддржале Аријанското учење, но кога навлегле во детали, се оттргнале од него и се приклучиле на мнозинството.

На крајта од соборот бил донесен Символот на верата со што Ариј и двата либиски епископи кои продолжиле да го поддржуваат биле екскомуницирани и прогонети во Илирик.

Во текот на неговата историја, Аријанството било примено од страна на неколку германски племиња. Први кои го примиле биле Визиготите, кои го примиле христијанството од Вулфила, кој пак од своја страна бил пријател со епископот Евсебиј Никомедиски.

Борбата против аријанството завршила во текот на 6 век, кога визиготскиот крал Рекаред I објавил дека ја прима Католичката вера.

Наводи[уреди]