Евангелизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Евангелизамот или евангелско протестантство денеска претставува доминантно движење во рамките на протестантството според бројот на верници. Во текот на 18 век, како евангелисти биле познати и оние кои биле наклонети кон Англиканската црква, како и оние ја поддржувале истата. Ова движење било основено во Велика Британија во 1730-тите, и се здобило со голема популарност во САД во текот на 18 и 19 век.

Англиските евангелисти најмногу внимание оддаваат на значењето на Светото Писмо, потребата од зачувување на верата, на високиот морал. Во Америка, во текот на 19 век, поимот евангелизам се однесувал на оние цркви кои го застапувале идеите на ревивализамот. Се смета дека оние цркви имаат многу заедничко и нивните лидери се надевале дека еден ден ќе се создаде можност за обединување на оваа црква преку која Америка ќе стане христијанска земја.

Во Англија во 1846 година, противниците на англиканската и pимокатоличката црква оствариле меѓусебна соработка на ниво на Евангелистички сојуз.