Свети Јован Златоуст
| Свети Јован Златоуст | |
| Патријарх на Константинопол | |
Свети Јован Златоуст |
|
| Црква | Константинополска црква |
|---|---|
| Од | 398 |
| До | 404 |
| Претходник | Нектариј |
| Наследник | Арзакиј |
| Лични податоци | |
| Деноминација | Православие |
| Занимање | Патријарх на Константинопол |
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Свети Јован Златоуст бил Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“
Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи.
Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест.
„Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.
Надворешни врски[уреди]
- Црковни Отци
- Константинополски патријарси
- Христијански теолози
- Сириски светци
- Римокатолички светци од Сирија
- Православни светци
- Римокатолички светци од Анадолија
- Светци од Анадолија
- Римокатолички светци од Грција
- Грчки светци
- Источни католички светци
- Римокатолички светци
- Луѓе од Антиохија
- Архиепископи од 5 век
- Ранохристијански контроверзии
- Христијански светци од 5 век
- Византијци од 4 век
- Византијци од 5 век
- Англикански светци
- Сириски христијани
- Христијански мистици