Јован II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован II Цариградски, именуван и како КападокискиЦариградски патријарх од 518-520 година, за време на владеењето на византискиот цар Анастасиј I по присилната осуда од страна на четвртиот вселенски собор. Неговото кусо време како патријарх е познат по прославите во Цариград по обединувањето на истокот и западот по шизмата која траела 34 години. По смртта на Тимотеј I, Јован, кој бил назначен од него за негов наследник, бил презвитер и одговорен за црковниот живот во Цариградската црква.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

На 9 јули, 518 година, долгото владение на Анастасиј завршили и негов наследник бил православниот владетел Јустин. Во неделата на 15 јули новиот импоератор влегол во црквата, придружуван од дванаесет прелати, качувајќи се по скалилата низ масите на народ кои го исполнувале секој ќош. Како што се приближувал до издигнатото плато каде стоел олтарот се чуле извици, „Да живее патријархот! Да живее царот! Зашто и понатаму сме екскумуницирани? Зашто не сме во екумената сиве овие? Ти си католик, од што се плашиш, блажен слуга на тројството? Изгони го Север Манихеецот!О Јустине, наш царе, ти победи! Во овој момент прифати го четвртиот вселенски собор, бидејќи сега Јустин владее“.[1] Имало и други извици. Обредот се движел кон својот завршеток, но насобраните верници продолжиле да извикуваат надвор од портите на самите скали: „Нема да излезеш сè додека не го анатемизираш Север“,[1] извици кои се однесувале на еретичкиот Патриајарх Антиохиски. Јован, во меѓувреме имал време да се посоветува и да размисли, исзлегол на олтарот велејќи, „Нема потреба немири или бунтување, ништо не е сторено против верата ги признаваме за православни сите собири кој ги потврдиле указите од Никеја, заедно со овие три - вториот вселенски собор, третиот вселенски собор, и четвртиот вселенски собор".[1]

Народните маси биле одлучни да имаат поголемо блијание продолжиле да викаат во следните неколку часови, извикувајќи: „да се одреди ден за прослава во чест на четвртиот вселенски собор!“ „Одбележете го светиот синод во овој момент!“.[1] Бидејќи луѓето опстојувале цврсто на своите ставови, на ѓаконот Самоил му било нардено да го објави празникот. Сепак луѓето продолжиле да викаат колку што ги држи гласот, „Север сега треба да се анатемизира, анатемизирајте го веднаш или ништо не е сторено!“.[1] Патриајрхот, согледувајќи дека мора нешто да се преземе, се посоветувал со дванаесетте присутни прелати, кои се сложиле да го проколнат Север. Овој моментален и под закан собор донел указ кој гласел: „На сите ни е јасно дека Север со оддалечувањето од оваа црква самиот се проколнал. Следствено, токму поради ова, според каноните и отците, се одрекуваме од него и го проколнуваме поради неговото богохулие“.[1] Ѕвоната во Св. Софија тримфално заѕвониле и толпата се разотишла. Тоа бил ден кој долго се памтел во Цариград.[1]

Следниот ден била одржана прославата за четвртиот вселенски собор. Повторно како што патријархот влегол во црквата и се приближил кон олтарот започнале да се слушаат ивици: „Возобнови ги реликвиите на Македониј во црквата! Возблажи ги оние кои биле протерани поради верата! Дозволи да се ископаат коските на Несториј! Дозволи да се ископаат коските на Евтихиј! Изгони ги манихејците! Запиши ги четирите собори во диптисите! Запиши го Лав, епископт на Рим, во диптисите! Донеси ги диптисите кај олтарот!“.[1] Ваквите извици траеле долг период, па патријархот изјавил, „Вчера го направивме она што ќе ги задоволи луѓето денес повторно ќе го сториме истото. Мораме да се потпреме на верата како темел кој ќе помогне да се обединат црквите. Ајде подоцна за еден месец да го славиме со една уста светото и единствено Тројство“.[1] Но луѓето продолжиле да викаат гласно, „Веднаш, не дозволувате никој да излезе! Ве повикувам, затворете ги вратите! Веќе не му се плашиме на Амантиј Манихеецот! Јустин владее, зашто да се плашиме од Амантиј?“.[1] И така сето ова траело. Патријархот залудно се обидувал да ги вразуми. Станувало збор за изблик на ентузијазам и воодушевување кое долго време било потиснувано од хетеродоксијата. Рушело се пред себе. Па така патријархот на крајот бил приморан да ги вметне записите во диптисите за четирите собори во Никеја, Цариград, Ефес и Халкедон, како и имињата на Ефимиј и Македониј, цариградски патријарси, како и Лав римски епископ. По ова поголемиот број од присутните пеече повеќе од еден час, „Благословен нека е Господ Бог на Израел, бидејќи тој ги посетил и искупил Неговите луѓе!“.[1] Хорот се собрал на издигнатата платформа и свртувајќи се кон исток започнале да ја пејат светата песна, при што сите присутни слушале во молк. Кога дошол моментот за рецитирање на имињата на сменетите епископи од диптисите, толпата во исчекување околу светата маса, и во моментот кога ѓаконот ги прочитал новите записи се чул моќен извик, „Слава ти, о Господе!“.[1]

За да го потврди тоа што го сторил, Јован го свикал на 20 јули соборот од 40 епископи, кои во тој момент случајно биле во главниот град. Четирите вселенски собори и името на Папата Лав биле впишани во диптисите. Севир Антиохиски бил анатемизиран по разгледувањео на неговите дела при што е најден поинаков запис од Халкедон. Јован му пишал на Јован III Ерусалимски и Ефимениј Тирски, соопштувајќи им ги добрите вести со пофалби и за одржаниот синод. Неговите писма биле придружени со наредбите од Јустин за возблажување на сите оние кои биле прогонети од Анастасиј, и да го запише четвртиот вселенски собор. Во тие моменти во Ерусалим и Тир владеела голема радост. Многу други цркви се заложиле за четвртиот вселенски собор, и за време на владеењето на Јустин 2.500 бискупи го дале својот потпис и одобрување. Сега е моментот за помирување со Рим. Царот Јустин му пишал на папата по славењата, молејќи го да ги разгледа желбите на Јован за обединување на црквите. Јован пишал велејќи дека ги примил четирите советници, и дека имињата на Лав и Хормизд биле вратени во текстовите на диптисите. Било испратено барање до Цариград со барање за анатемизирање на Акакиј, но Ефимиј и Македониј можно е да бидат одминати со премолчување.[1]

Пратениците пристигнале во Цариград на 25 март 519 година. Јустин ги примил писмата од папата со голема почит, и им рекол на амбасадорите да дојдат со објаснување за патријархот, кој на почетокот сакал да го искаже своето почитување во облик на писмо, но се сложил да напише мал вовед и истиот да го смести по зборовите на Хормизд, кое го ископирал со својот ракопис. Две копии биле испратени до легислаторите во Рим едно на грчки и другото на латински јазик. Царот, сенатот, и сите присутни биле пресреќни за спогодбата која донела мир.[1]

Но последиците од договорот сепак останале сега било потребно да се отстранат од диптисите имињата на петте патријарси - Акакија, Фравита, Ефимиј, Македониј и Тимотеј - и двата цари - Зенон и Анастасиј I. Сите епископи во Цариград дале писмена согласност истото го сториле и сите опати по мала меѓусебна консултација. На Велигден помирувањето било спроведено. Дворот и луѓето, подеднакво воодушевени, побрзале во Св. Софија. Секаде се слушал восхитот преку славењето на Господа, царот, Св. Петар, и папата во Рим. Непријателите, кој предлагале делење и бунт, биле мошне разочарани. Никогаш во сеќавањата емало толку народ на едно место. Царот ипратил отчет за случувањата до провинциите и амбасадорите го пренеле овој отчет во Рим, велејќи дека останал само да се преговара со патријархот Антиохиски. Јован му пишал на Хормизд за големата работа и му ги препишал заслугите од неговиот успех. Кусо потоа на Јован починал на 19 јануари во 520 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 Sinclair 1911.
Attribution
  •  Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственостSinclair, W. M. (1911). „Joannes Cappadox, bp. of Constantinople“ . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link) Sinclair cites:
Духовни титули
Претходник
Тимотеј I
Цариградски патријарх
518–520
Наследник
Епифаниј