Евдоксиј Антиохиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Евдоксиј Антиохиски (Eudoxius; грчки: Ευδόξιος ο Αντιοχείας) бил Патријарх на Константинопол во периодот од 360 до 370 година. Пред да стане патријарх, тој бил епископ во Антиохија.

Во времето кога учел во Антиохија, Евдоксиј станал приврзеник на аријанството, особено на крилото на Евсебиј Никомедиски. Тој учествувал на црковните собори во Антиохија, Сердика и Милано, а во текот на 358 година станал Патријарх на Антиохија. Констанциј II го симнал од престолот и го вратил во својата родна Кападокија, главно поради неговата подршка на аријанството на Евномиј.

Во 360 година станал Патријарх на Константинопол, каде во 366 година го крстил императорот Валент, кој паднал под негово влијание.

Наводи[уреди]