Трифун Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Икона на Св. Трифун

Трифун Цариградскимонах во Цариград, бил прогласен за Вселенски патријарх во 928 година од страна на Роман I под услов дека ќе се повлече во корист на синот на императоорт Теофилакт кога всушност момчето ќе биде на возраст за да може да биде прогласено за патријарх.

Теофилакт наполнил 16 години во 931 година и Роман побарал од него да се повлече за неговиот син биде устоличен како Вселенски патријарх. трифун одбил да го стори тоа и останал да ја врши должноста. Роман збеснал и сакал да го уапси и погуби но Трифун бил многу сакан и почитуван од народот поради неговите доблести.

Во тој момент советниците на царот дошле до идеја како да го отстранат без да се предизвика бунт. За време на еден состанок со другите епископи, епископот Васил го обинил Трифун дека е неписмен, а патријархот во протест изјавил дека тоа тврдење не е точно. Епископот Васил повикал кралски агент да побара од него да докаже дека е неписмен потпишувајќи го своето име на бел лист хартија, Трифун го потпишал празниот лист за подоцна епископот Васил да го испрати документот во палатата каде царските службеници на празниот потпишан лист хартија ја напишале неговата оставка.

Кога трифун дознал за измамата веќе било доцна, Теофилакт веќе бил прогласен за Вселенски патријарх, а Трифун бил приморан да се повлче во манастир каде починал по три месеци.

Духовни титули
Претходник
Стефан II
Цариградски патријарх
928–931
Наследник
Теофилакт