Свети Григориј Богослов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Григориј Богослов
Икона од Свети Григориј Богослов
Фрескаа од Црква Исус Спасител, Истанбул, Турција
Теолог, Црковен отец, Кападокиски татко
Роден(а) 329, Аријанз, Кападокија
Умрел(а) Not recognized as a date. Years must have 4 digits (use leading zeros for years < 1000)., Аријанз, Кападокија
Почитуван(а) во Источно христијанство, Западно христијанство и Древноисточно христијанство
Главно светилиште Патријарх на црквата Свети Ѓорги во Фенер
Слава Православна црква: 25 јануари
30 јануари (Кападокиски отци)
Римокатоличка црква: 2 јануари (о. 1500-1969 9 мај)
Епископска црква (САД): 9 мај

Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин (иако тоа има всушност повеќе се однесува на неговиот татко) и Григориј Помладиот, бил архиепископ на Константинопол, кој се смета за еден од најголемите богоносни отци и учители на христијанската црква. Познат е и како најиздигнат реторичар од времето на Црковните отци.[1] Како образуван оратор и филозоф, тој успеал да влијае на воведувањето на хеленизмот во ранохристијанското учење, со што се создала парадигма меѓу византиските теолози и црковни лица.[2]

Имал значително влијание врз теологијата на Светото Тројство, меѓу грчките и латинските теолози, па заедно со Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст се вбројува во светите Три патријарси, кои се празнуваат на 12 февруари. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари.

Биографија[уреди]

Свети Григориј Богослов бил роден околу 330 година во гратчето Аријанз, Кападокија во Мала Азија[3] . Неговиот татко, Григориј Назијанзин постариот во младоста припаѓал на малкупознатата секта испистарии, во која елементите на паганството биле помешани со јудаизмот. Следбениците на тоа учење го отфрлале идолопоклонството и принесувањето жртви, но му се поклонувале на огнот и на светилата, ја почитувале саботата, но го отфрлале обрезанието. Подоцна, главно под влијание на сопругата, тој ја примил христијанската вера и им се обратил на отците на Никејскиот Собор во 325 година со молба да ја прими светата тајна Крштение, и бил крстен од архиепископот Кападокиски Леонтиј. Набргу бил избран за презвитер, а потоа и за епископ на Назианз, како наследник на Леонтиј. Тој мошне долго управувал со епархијата, покажувајќи кроткост како пастир и строгост како администратор. Мајкта на свети Григориј, Нона, не само што била сотрудничка, туку и предводничка на својот сопруг: потчинувајќи му се во семејните работи, таа му била „учителка“ на Григориј во побожноста. Таа постела и ги минувала вечерите во молитва, се занимавала со добротворна активност, станувајќи покровителка на вдовици и на сираци. Таа имала решавачка улога во христијанското воспитување на своите деца - Григориј помладиот, Кесариј и Горгониј. Според сведоштвото на самиот Григориј помладиот, тој се родил благодарение на мајчината молитва: таа силно сакала да има син, и за тоа горливо Го молела Бога, давајќи завет дека ќе Му го посвети својот првенец. Еднаш во сон таа го видела идното момче и го слушнала неговото име.

Идниот светител стекнал блескаво образование, коешто започнало во Назианз, кадешто Григориј учел заедно со Кесариј. Потоа тој го посетувал школото во „митрополијата на наукитеКесарија Кападокиска, кадешто за прв пат се сретнал со свети Василиј Велики. Реториката ја изучувал во „палестинските школи коишто во тоа време биле во процут“, односно во Кесарија Палестинска. Григориј, исто така, „вкусил нешто од словесноста“ во Александрија, којашто ја нарекувал „лабораторија на сите науки“. Како во Александрија, така и порано во Кесарија, Григориј можел да се запознае со литературното наследство на Ориген, којшто предавал во двете училишта; во Александрија Григориј имал можност да се среќава со свети Атанасиј Велики, а исто така и да слуша лекции на прочуениот егзегет Дидим. За време на своето обучување во кападокиските школи, Григориј морал да го мине курсот кој приближно соодветствува на денешното основно и средно образование. Наставата во почетната школа вклучувала изучување на алфавитот и аритметика, читање на глас, писмени вежби, учење напамет на фрагменти од делата на древните поети, пред сè на Хомер, толкување на научените текстови. Курсот на средното образование вклучувал во себе математика, геометрија, астрономија и теорија на музиката, кон што можеле да се додадат и други предмети, меѓу кои и медицната. Реториката и софистиката се однесувале на сферата на високото образование. Можно е да се претпостави дека во Кесарија и во Александрија, Григориј го започнал своето универзитетско образование, коешто потоа го продолжил во Атина. Љубовта на Григориј спрема ученоста, особено спрема словесните науки и философијата, била исто толку силна како и неговата предаденост на христијанската вера. Ценејќи ја високо античката култура, тој сепак на прво место ги ставил „вистинските науки“ т.е. христијанското учење.

По враќањето во татковината, речиси против своја воља и по долго колебање, ракоположен е за презвитер во Назијанз од страна на татка си. На Пасха 362 година, ја превзема пастирската должност во градот, и во таа прилика го изговара знаменитото слово – „Кон светата Пасха и за колебањето“, поместено во овој број на нашата периодика. Во екот на борбата со аријанската ерес бил поставен за епископ по залагање на Свети Василиј, а по неговата смрт, бил повикан да ја брани христијанската права религија во Константинопол, каде во тоа време непопречувано царувала ереста поткрепена од државната власт. Според зборовите на самиот Свети Григориј:

Црквата беше без пастир, Доброто на сите страни се уништуваше, додека злото нараснуваше. Требаше да се плови ноќе, а никаде светилник.“ Според сопственото признание тој таму не наоѓа „паства, туку мали трагови или остатоци од паства, без било каков поредок, без надзор, без меѓи

Свети Григориј започнал да проповеда во приватен дом на некои свои роднини, кој подоцна го преуредува во храм под името „Анастасија“, во знак на воскресението на православието. Во таа прилика ги произнесел своите славни беседи „За богословието“. Аријанците под закрила на власта реагирале бурно. На свети Григориј му праќале убијци, толпата упаѓала во неговиот храм, го гаѓале со камења. А, згора на сè, неговите противници го обвинувале за нарушување на јавниот мир. Но конечно, благодарение на проповедничките усилби на свети Григориј Богослов, Православието торжествува во Константинопол и било укрепено на Вториот Вселенски собор од 381 година, во чија работа учествувал и самиот тој.

При крајот на животот ги напуштил епископските должности и си ја исполнилдамнешната мечта - се предална богосозерцателен живот, патувајќи по пустините и монашките обители. Се упокоил во 389 г.

Извори[уреди]

  • „Источните отци на IV-от век“, отец Георгиј Флоровски
  • „Животот и учењето на св. Григориј Палама“, епископ Иларион Алфеев

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. McGuckin, John (2001) Saint Gregory of Nazianzus: An Intellectual Biography, Crestwood, NY, xxi.
  2. McGuckin, John (2001) Saint Gregory of Nazianzus: An Intellectual Biography, Crestwood, NY, xxiv.
  3. Liturgy of the Hours Volume I, Proper of Saints, January 2.