Црква „Свети Ѓорѓи“ - Истанбул
- Поврзано: Црква Свети Ѓорѓи (појаснување)
| Црквата Свети Георги Aya Yorgi Καθεδρικός ναός του Αγίου Γεωργίου |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Истанбул, Турција |
| Религија | Христијанство |
| Архитектонски опис | |
| Архитектонски тип | црква |
| Завршено | 1991 |
| Карактеристики | |
Црквата Свети Ѓорѓи (турски: Aya Yorgi) е христијански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Од 1600 година, овде се наоѓа седиштето на Вселенската Патријаршија[1].
Црквата се наоѓа во истанбулскиот реон Фенер, на северозапад од историскиот центар на стариот Константинопол. Оваа црква е релативно мала црква, особено земајќи го предвид нејзиниот статус во православниот свет. Црквата е скриена зад високи ѕидови, издигнати, за да не привлекува несакани погледи во исламската империјална престолнина. Црквата има едноставна надворешна фасада, но е богато украсена внатре.
Историја [уреди]
По падот на Константинопол под власта на Османлиите во 1453 година, главен центар на православниот свет во претежно муслиманскиот град станал квартот Фенер. Во 1600 година, патријарх Матеј II (1596-1603) го преселил седиштето на Патријаршијата во оваа црква. Црквата била реконструирана многу пати и малку е останато од оригиналниот вид. Патријарх Тимотеј II (1612-1620) ја реконструирал и проширил во 1614 година. Црквата била повторно реконструирана во времето на патријархот Калиник II (1694-1702). Во почетокот на 18 век црквата пострадала од пожар и истата бла повторно обновена.
Нов голем пожар во 1738 година повторно нанел тешки штети на црквата. Дури во 1797 година патријарх Григориј V успеал да започне големи реставрационни дејствија. Сегашниот изглед на црквата е од тоа време.
Сегашниот изглед на црквата е во општи линии плод на тоа обновување.
Наводи [уреди]
- ↑ Various dates are given by different sources. The Ecumenical Patriarchate's website gives 1600.