Михаил IV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михаил IV ЦариградскиВселенски патријарх од 1206[1] до 1212 година.

Михаил IV бил добро образован човек и член на литературниот кружок на Евстратиј Солунски. Во свештеничката хиерархија тој се исдигнал до ранкот на, мега сакелариј во периодот на грабежот на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година.[2] Во писмо напишано од Јован Апокавк во 1222 година, тој бил номиниран за епископ Амасарски, но Давид Комнин ја одбил неговата номинација како прекршок на неговиот суверенитет.[3] Во 1208 година тој бил прогласен за патријарх од страна на Теодор I, како наследник на Јован X кој починал во 1206 година. Ласкарис воспоставил византиска држава во Азија, која се нарекувала Никејско Царство, и се обидел да го убеди Јован X да му се придружи, но овој одбил поради слабоката старост, а воедно и починал кус период по поканата.[4]

Краток период по назначувањето на 20 март 1206 година, Михаил IV го извел крунисувањето на Теодор I. Тој презел необичен потег, спротивно на византиската традиција и православната доктрина, за ветување за прошка на гревовите на Теодор I и војниците кои паднале во битка. Но овој завет бил со кратко траење. Тој починал во Никеја на 26 август 1212 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Michael IV Autoreianos Архивирано на 7 декември 2017 г. Ecumenical Patriarchate
  2. Kazhdan (1991), p. 1365
  3. Anthony Bryer, "David Komnenos and Saint Eleutherios", Archeion Pontou, 42 (1988-1989), p. 180 and note
  4. Kazhdan (1991), pp. 1055, 1365, 2039–2040
  5. „According to the official site of Ecumenical Patriarchate“. Архивирано од изворникот на 2017-12-07. Посетено на 2015-07-25.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
Духовни титули
Претходник
Јован X
Цариградски патријарх
Протеран во Никеја

1206–1212
Наследник
Теодор II