Козма I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Козма I ЦариградскиВселенски патријарх од 2 август 1075 до 8 мај 1081 година. Со потекло од Антиохија, тој бил образуван и живеел во Ерусалим поголем де од својот живот, поради што бил нарекуван и Ерусалимски. Можно е да бил назначен за патријарх од манастир во близина на Ерусалим.[1]

Тој го крунисал византискиот цар Никифор III. Тој не се согласувал со бракот на Никифор со поранешната жена на претходниот цар Михаил VII но не земал други чекори, само го деградирал свештеникот ко ја извел церемонијата.[2] Подоцна го искористил своето влијание и се обидел да го убеди царот да се повлече кога неговата поуларност се намалила и империјата влегла во период на стабилност.

Козма исто така го крунисал и Алексиј I во 1081 година. Кога Алексиј се обидел да се ослободи од својата сопруга Ирина Дукина за да се ожени со поранешната царка Марија Аланиска, Козма успешно го спречил тоа бидејќи истата била двапати во брак. Козма си дал оставка или пак бил приморан на тој чин откако мајката на Алексиј I, Ана Даласена, не ја сакала роднинската поврзаност на Ирена со семејството Дуки и не го сакала мешањето на Козма.[2] Таа притискала за оставката, затоа што сакала да постави свој аворит на таа позиција, во што и успеала поставувајќи го необразованиот Евстратиј Цариградски.[3] Според Ана Комнина, Козма се повлекол доброволно под услов да му биде дозволено прво да ја круниса Ирена за царка, чин шо го сторил и си заминал.[2]

Најважното дејство кое го преземал Козма вило осудувањето на некаои еретички дејства во 1076-1077 година на Јован Италски, учен човек кој бил поврзан со семејството Дуки.[2] Во поширок поглед, повлекувањето на Козма го означува периодот кога, меѓу владеењето на Алексиј I и царот Мануил I, црквата била ставена во позиција на зависност, идентификација и покорност кон државата, со што завршил периодот на самоопределувањето кој траел во единаесеттиот век.[4] Историчарот Јован Скилица нема добри зборови за Козма, навестувајќи дека царот го избрал поради недостатокот на амбиција, пишувајќи дека по смртта на претходниот партријарх, Михаил VII „избрал друг, кој не потекнувал од сенатот, ниту пак од тоие од Големата Црква, миту некој друг византиец познат по дело и збор, туку бил избран некаков монах Козма од Светиот Град, и почестен од царот... иако истиот немал ни мудрост ни вкус....“[5]

Тој бил прогласен за светец, чија слава е на 2 јануари (нов календар).

Извори[уреди | уреди извор]

  • J.M. Hussey. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. Oxford: University Press, 1986.
  • Paul Magdalino. The Empire of Manuel Komnenos. Cambridge: University Press, 1993.
  • John Julius Norwich. "Byzantium: The Decline and Fall". (New York: Alfred A. Knopf, 1996) p. 7.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Buckler, p. 290, note 5.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Hussey, p. 140.
  3. Magdalino, p. 268.
  4. Magdalino, p. 303.
  5. Buckler, p. 290, note. 5.
Духовни титули
Претходник
Јован VIII
Цариградски патријарх
1075–1081
Наследник
Евстратиј