Флавијан Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флавијан Цариградски
Πατριάρχης Φλαβιανός
Цариградски патријарси
ЦркваЦариградска црква
Ракоположен446
Службата завршила449
ПретходникПрокл
НаследникАнатолиј
Лични податоци
ЗанимањеЦариградски патријарх

Флавијан Цариградски (починал во 449 година) — Цариградски патријарх во периодот од 446 до 449 година. Тој бил наследник на Прокл, во времето на Теодосиј II, во времето кога жестоко се водел спорот околу можното осудување на новите еретички движења во империјата.

Во текот на 448 година, Флавијан го свикал собор, на кој го осудил и го лишил од чинот на Евтихиј, кој рекол дека може да се согласи, да исповеда дека:„Господ Исус Христос, се состоел од две природи, сè до нивното соединување. На православните ова не им одговарало. Но, Алексадрискиот патријарх, Диоскор Александриски, кој го заштитувал му го вратил чинот. Ова се случило, бидејќи царот бил на негова страна. Евтих го осудил Флавијан за несторијанство. За Флавијан да биде осуден, царот Теодосиј II, свикал собор во 449 година, познат како Разбојнички собор. На него претседавал Диодор Александриски, и соборот го осудил и лишил Флавијан од чин. Но, настанала тепачка, и бројната војска која ги придружувала монофизитите го претепала Флавијан до смрт. Затоа, и овој собор се нарекол Разбојнички собор[1].

По ова Флавијан бил осуден и протеран во Ефес. Починал во 449 година. Освен тој, од дворот биле прогонети и царицата Пулхерија. Но целата интрига била откриена на Четвртиот вселенски собор, и таа повторно била вратена во дворецот. По нејзина заповед, моштите на Флавијан биле пренесени од Ефес во Цариград во црквата посветена на Светите Апостоли.

Од страна на Православната и Римокатоличката црква, Флавијан е прогласен за светец.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.