Теодосиј II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теодосиj II
Theodosius ii.jpg
Цар на Византија
Роден 401
Починал 450
Константинопол


Теодосиj II бил цар на источниот дел од Римската империја, познат како Византија. Познат и како Флавијан Теодосиj. Со Византија управувал од 408 до 450 година. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му Пулхерија и жена му Евдоксија. Во 413 година ги подновил градските ѕидови на Константинопол, наречени Теодосиеви ѕидини. Во 420 година му дали дозвола на ерменецот Месроп Маштоц да отвори ерменска школа во Ерменија. Во 431 година го свикал Третиот Вселенски собир, а во 431 година го изда т.н. Кодекс на Теодосиј. Бил наследен од Маркијан.